Ана стана

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:52:"ЧетвртбурекзачетвртУстав

    1. Многу убаво нè учат и Европа и САД. Единствената лекција што ја научивме од потпишувањето на Мировниот договор во Охрид е дека со криминал се добива сè што ќе посакаш. По шестмесечна војна, албанските терористи постигнаа успех, спротивно на сите принципи на демократска Европа. Ако нешто не ти се допаѓа, земи оружје и пукај. Сакаат, не сакаат, мора да ти дадат.
    Колку смешно изгледаат оние табли што треба да го рекламираат Универзитетот на Штул, што на различни јазици ни порачуваат: “Само образованието е сила”. Наместо, “Само оружјето е сила”. Затоа што борбата за образование оди заедно со минофрлач или барем со нагазна мина.
    Е па, и военото образование е некакво образование. Брат Љубе тоа добро го знае, па затоа од темнината на Скопскиот аеродром, пред божем киднапираниот авион во спотот на МВР, ни порачува: “Биди ‘тигар’!” Зашто, како што вели авторот на текстот, “Македонија војувала, војува и ќе војува”. Што е прилично оптимистичка порака. Биди “тигар” и кариерата ти е обезбедена.

    2. Мировниот договор го потпишаа на англиски јазик. Сите сакаат да се прават “на Енглез”. Ама тоа најдобро му успева на Џафери. Тој и на церемонијата не престана да нè убедува дека “за оловка се бори”. А не за територии. А и Љубчо нè увери дека навистина му верува. Зашто се налути и си отиде. Па после Борис мораше да дообјаснува.
    По толку време дружба, уште не го научија Џафери. Дека знае да ја искористи секоја можност, макар и симболично, со гест да каже: “Ги гледате какви се овие клети Македонци. Ни оловка не ми даваат, па како после да не земеш барем калашников, ако треба и од југословенско производство”.

    3. Сега, кога веќе ја добивме довербата во ЕУ, САД и НАТО и кога почнуваме цврсто да веруваме во нивните принципи дека во современиот свет нема место за насилство, со мирна совест и трпеливо ќе ја чекаме и донаторската конференција. Само, тоа е процес. Ќе почекаме до следната војна. Човековите права немаат граници. Ама ни цена. Кога тогаш, пак ќе се степаме.
    И наместо Андов да ги уценува странците – “Прво дајте пари, па ќе го менуваме Уставот”, тој се фатил со оружјето. Прво соберете третина оружје, па ќе свикам Собрание. Пустиот Андов, пак прави погрешни проценки. Како на вистински либерал, нему му личи да биде милитантен. Поважно му е оружјето од парите. Зашто, парите се отепувачка. А од оружје може да се куртули, ако се скриеш на сигурно.
    Што да правиме, многу сака да биде битен. Па сега нè убедува дека не било важно што кажувале НАТО на прес-конференции, туку што тој му кажал на Робертсон. Демек, на Робертсон гаќите му се стресоа од третинките на Андов.
    И сега што направи? Му спакува поголема беља на претседателот Трајковски. Третина оружје, третина амандмани… Сиромашкиот Борис, покрај толку планови и амандмани што смисли, сега уште со дропки ли да се занимава? Па и тој Андов, каде ли ги најде третинките. Не знаеме ние да делиме на три. Кога се јаде бурек, се купува четврт – кој улав досега побарал третина бурек.
    Така ќе се најде и мерка за АНА. Ана стана, и тап – четврт бурек за појадок. Што убаво ќе ѝ дојде. Уште и ако се напила претходната вечер.. Ем наспана, ем најадена, ем оружјето уништено на сигурно – сите права задоволени. Четврт Устав, за четврт бурек. Следниот пат, кога Ана ќе побара повеќе, уште четврт ќе ѝ дадеме.

    4. Баш ме интересира по кој критериум сега ОНА е добрата, а АНА лошата. Што би рекол портпаролот Марјан Ѓуровски, имало најзлобни терористи што немало да го положат оружјето. А има ли најдобри терористи? На пример, оние што ќе ги амнестираме. Тие се добри. Ноќе пукаат и палат куќи, а дење се пресоблекуваат и се дружат со новинари и им попуваат за човекови права. Сабајле минираат пат, и си одат в село да копаат ровови.
    Дали со парафински ракавици ќе се открива кој направил злосторства против човештвото? И, што ќе правиме со сите оние команданти Шпати, Хоџа, Соколи, Лека… А за Али Ахмети да не зборуваме. Ќе ги апсиме или ќе ги прогласиме за мртви? Како во латиноамериканските сапунски серии. Ако глумецот не ни одговара, ќе му ја убиеме улогата. И – мирна Ана.

    5. Виделе Бугарите дека тука нешто со дропки се работи и побрзаа да си ја кажат и својата Македонија. Ало, “ште остане ли нешто и за нас да хапнеме?”

    6. Додека се чекаа изјавите по потпишувањето на Договорот во резиденцијата на претседателот на Водно, таму беше виден и Питер Фејт. Едно време, си седнал на прагот од вратата и си ги собул чевлите.
    Што ти е навика од толку посети на Шипковица.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира