АНГЛИЧАНИТЕ ДОЈДОА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:27:"Ајлавдисгејм

    1. Да не си им во кожа на претседателот и на премиерот. И ним не им е лесно. Цела држава во барикади, брзаат да донесат закони за да ги стигнат локалните избори, производството им паѓа, туристичката сезона не им се погоди, цело време се со мисла кон ЕУ и НАТО и уште мораат да одат на кошарка во Белград.
    Тие не се свесни колку тој кошаркарски натпревар дополнително ќе им го искомплицира животот. За кого ќе навиваат во Белград? Во душата за Србија, а рационално за Америка. Ако ги бодрат Србите, ќе им се налути Батлер. Ако развеат американско знаме, ќе ги навредат домаќините што ги поканиле.
    Уште попот Јован да ги благослови за среќен пат.
    Кога виде Бучко дека цел ден го нема на телевизија, а не може ништо да смисли за да направи уште некоја беља, очајно свика: “Зошто не ме носите и мене? Сакам НБА! Ај лав дис гејм!”. Брзо се најде министерот за одбрана од Белград да му прати покана, оти мора да решат некои сериозни безбедносни прашања во регионот. Без Бучко натпревар не бидува.
    Вистинските проблеми за иднината на евроатлантската ориентација на Македонија допрва доаѓаат. Затоа што во македонската кошаркарска делегација нема ниту еден Албанец. Што правиме со Рамковниот договор, што правиме со правичната застапеност на Албанците во делегациите. До кога ќе ги шиканираме тие намачени души, и тоа на највисоко државно ниво? Навистина, Муса Џафери, или Агрон Буџаку не се добри со Србите, ама како може да им се одземе основното човеково право да бидат близу до нивните браќа – Американците?
    По оваа криза во владината коалиција се очекува Ермира Мехмети од Мала Речица да ни порача дека нејзиниот лидер Али Ахмети е разочаран од партнерите. “Да не го уништиме тоа што е веќе постигнато од 2001 година до сега”, ќе каже Ахмети, а Ермира ќе преведе. “Ако веќе морате да одите во Белград, навивајте за Американците!”

    2. Договорот за историската посета на кошаркарскиот натпревар бил направен на 2 август меѓу претседателот Бранко Црвенковски и српскиот премиер Воислав Коштуница, соопшти портпаролот Сашо Чолаковски.
    Од година в година сѐ повеќе напредуваме кон Прохор Пчињски. Лани, државната делегација стаса само до граничната меѓа. Оваа година стасавме до чешмичката.
    Чешмичката пред манастирот е од суштинско значење за односите меѓу двете држави. Пред неа паднал договорот да се оди на Белград. Да не беше чешмичката немаше да има и НБА.
    Ај лав дис гејм.

    3. Кога премиерот Хари Костов нѐ караше зошто не ја прифаќаме новата територијална поделба, нѐ праша дали би ни пречело да имаме двојазично Скопје, ако малцинството сосе Сарај и Кондово биле Англичани.
    Едните маршираат, другите ги гаѓаат со камења. Тоа не се случува во Чаир. Тоа се случува во Белфаст.
    Ете, на Хари му дојдоа и Англичаните. А богами и Ирците.

    4. Али Ахмети стави државно знаме на една прес – конференција во Речица и се помрднавме од радост. Знамето му беше зад грб, да не го вознемирува.
    За Илинден, низ тетовските улици не се вееше државното знаме на Република Македонија. Илинден е државен празник.
    Ако СДСМ со своите блиски партнери од ДУИ не можеше да се договори и за овој мал, но значаен детаљ во ситуација на општо вриење, нека му ја мислат и Струга и Кичево како ќе изгледаат во “не – македонска Македонија, туку европска Македонија”, како што ни порача Бранко во Пелинце.
    Во меѓувреме од ДПА порачуваат дека имало уште посуштествени работи за решавање, за да дојдеме до тоа да прославуваме заедно.
    Точно е. Има.
    Едно од тие посуштествени прашања е кога ќе се вратат раселените во Арачиново, Матејче и другите села во кои Македонците беа протерани од дома.
    Дали некој на Али Ахмети и на оние од ДПА, кои кога тогаш пак ќе дојдат на власт, ќе им рече дека Албанците борејќи се за своите права извршија етничко чистење на Македонците? И дали некој се сеќава дека која било клета македонска власт, од АСНОМ до денеска, која толку многу ги обесправувала сиромашките Албанци избркала некој Албанец од дома?
    И уште Бранко ќе ни каже дека Македонците како побројни имаат поголема одговорност Македонија да ја направат европска. А тие не сакаат ни заедничкиот празник заедно да го прославиме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира