АНТИЧКИ СЛОВЕНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:142:"Акофататрестрикциинаструја,ќегиистопимежртвитенакомунизмотзасвеќи

    1 Помеѓу две стискања на далечинското на телевизорот и неможноста да направам зрела одлука дали да се посветам на бугарско македонскиот идол или да барам ѕвезда во Хрватска, вниманието ми го привлече темата за историјата и потеклото на македонскиот народ.
    Ги обожавам тие дебати. Како да гледам реално шоу “Македонија си ги бара корените”. Си се смеам и си собирам материјали за да можам утре да ги раскажувам најважните досетки со пријателите. Па после и ние расправаме на истата тема. А некои од нас, богами, дебатата ја продолжуваат и во весниците.
    Не ме чуди што дилемата дали сме антички Македонци или словенски Македонци се појави во медиумите. По телевизиите и во весниците вакви теми имало отсекогаш. Трагедијата не е што со таа тема се забавува народ по медиумите. Трагедијата е што се изнаслушав историски вистини од новинари, политичари, авантуристи, уметници, трагачи по возбуди и од други аматери. Ама не чув на темата да излезат со став најповиканите: МАНУ, Институтот за национална историја, Катедрата по историја, филозофи, историчари на уметност, лингвисти…Тие молчат, не дај боже да ги прашаат нешто оти или се скарани меѓу себе, или се скарани со себе, или имаат тезга во Владата, или се во некоја комисија за нешто преродбеничко или се надеваат дека ќе бидат.
    Науката си молчи и се слуша само гласот на сеирџиите. А и јас како еден од нив имам конструктивен предлог за да ја затвориме темата пред да стане здодевна. За да може кога ќе немаме попаметна работа, некој пат во иднина пак да и се навратиме.
    Значи: ни антички Македонци ни македонски Словени. Туку Антички Словени.

    2 Три дена по медиумите се вртеше приказната за едно петмесечно дете од Прилеп од кое родителите се откажале оти не можеле да му платат операција која чини 2.500 евра.
    Истите тие три дена се вртеше и приказната за восочните фигури во идниот Музеј на ВМРО и на жртвите на комунизмот, и новата информација дека наместо предвидените 40, се нарачале уште шеесет восочни фигури.
    Приказната за детето продолжи со податокот дека државата за лекување може да плати само 500 евра, а останатите 2.000 евра ги донирал анонимен бизнисмен.
    Приказната за восочните фигури продолжи со тоа што задолжениот за музејот Зоран Тодоровски за некоја од телевизиите изјави дека една фигура не чини 15.000 евра туку 10.000 евра.
    Да се разбереме. Не сум јас ни против музеи, ни против градење стари и нови згради, ни против споменици. Баш ми е гајле и дали ќе има 40, 100 или 400 восочни фигури. Впрочем, кој нормален би бил против музеј? На крајот на краиштата, баш ми е гајле и што преку ноќ истурија едночудо споменици низ центарот на Скопје. Некои се убави, некои се грди, и ќе се научиме да живееме покрај нив.
    Ама, за жал, Македонија не е земја во која е нормална дебатата дали Музејот на ВМРО има приоритет пред споменикот на Александар. Кај нас дебатата е дали животот има приоритет пред смртта.
    Како може да се праша дали ни требаат 40 или 100 восочни фигури, кога секојдневно виси прашањето дали некое дете ќе живее или ќе умре? Дали предвреме родените бебиња ќе ослепат или ќе живеат нормално? Дали болните од рак ќе ја добијат терапијата навреме? Дали ќе чекаш три или четири месеци за обична мамографија? Или малку повеќе за компјутерска томографија?
    Знам дека ги боли овие од власта кога им се споменуваат вакви примери, ама мене ме боли повеќе од нив. Не можеш да имаш африкански стандард на живот, а да сакаш скандинавски стандард на култура. Боли, ама изгледа дека по три години на власт, го изгубиле контактот со реалноста.

    3 Во Неготино има рестрикции на вода од 10 часот сабајле до пет попладне секој ден, и од 10 навечер до сабајле секоја ноќ. Во 21 век, во срцето на Европа цел град нема вода ни за пиење ни за миење. Сигурно во Неготино подобро се живеело во античка Македонија.
    Неготинци можат да дојдат во Скопје на капење. Додека чекаат да им пуштат вода, нека ги гледаат восочните фигури. Ама нека побрзаат, оти ако фатат рестрикции на струја, ќе ги истопиме жртвите на комунизмот за свеќи. Јас веќе ја безецирав бомбата со која е отепана Мара Бунева за да ми ја осветли светлата иднина.
    Блазе си им на тие на кои ќе им се паднат мустаците на Гоце Делчев или брадата на Даме Груев. Питу Гули не би го споменувал во оваа пригода.

    4 Во понеделникот претседателот Иванов ги покани главните уредници на прием. Таму ми пријде едно момче и ме праша: “Ти уште си во ‘Вест’?”. Му реков да уште од почетокот од 2000. На што тој ми одговори дека ме паметел од “Вечер” и знае дека нешто пишувам, ама не читал многу весници.
    На крајот на муабетот, ми ја даде неговата визиткарта, и видов дека тој е на работно место “советник за односи со јавноста во Кабинетот на Претседателот”.
    Останав без збор. Си размислував и си се прашував: Добро. Млад е човекот, нов е на местото, ај да речеме не почнал уште редовно да чита весници. Арно ама, според функцијата, сигурно тој го составувал списокот на гостите што треба да бидат поканети. Не мораш да читаш весници, ама домашното воспитување налага кога некого викаш дома, да знаеш барем како се вика и каде работи.
    Ама и тоа не ме насекира многу. Си викам, ај ќе се исшлифува, го донеле од партија.
    Арно ама, тогаш се прашав: Што може овој советник за односи со јавноста да го советува претседателот Иванов. И што ќе се случи ако претседателот Иванов го послуша неговиот совет?
    Е тогаш богами се насекирав. Неподнослива леснотија на дилетантизам ја преплави Македонија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира