‘БАТИ ЗАПАДОТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:110:"Жи­миАшим,наЉуб­чони­којнемуре­колдагопри­миХа­шим

    1. Де­фи­ни­тив­но се пот­вр­ду­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја е про­за­пад­но ори­ен­ти­ра­на зем­ја. Кон Ал­ба­ни­ја. Ду­ри и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ѝ да­ва ле­ги­ти­ми­тет на на­ша­та оп­ре­дел­ба. Си­те што се за гре­во­та во ре­ги­о­нот ги ви­ка За­па­ден Бал­кан. Еј, кол­ку тоа гор­до зву­чи. Ние на Бу­га­ри­те сме им За­пад. Нам Ал­ба­ни­ја ни е За­пад. Си­те сме За­пад.
    Се­га ќе ѝ по­мог­не­ме и на Цр­на Го­ра да ста­не За­пад. Пан­де­ли Мај­ко и Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски ќе го под­др­же­ле Ми­ло Ѓу­ка­но­виќ да се ос­ло­бо­ди од Ми­ло­ше­виќ. Теш­ко на Ѓу­ка­но­виќ! Ако са­ка да се за­фр­ка­ва, не­ка се пот­пре на нив. А ако е по­се­ри­о­зен, не­ка си по­ба­ра нав­ре­ме по­саг­лам спон­зо­ри.
    Пос­ле ќе пра­ви­ме за­пад­на кон­фе­де­ра­ци­ја. Гра­ни­ци­те ќе се де­мок­ра­ти­зи­ра­ат. И Ма­ке­до­ни­ја, ко­неч­но, ќе има мо­ре. Са­каш Драч, са­каш Бар. Бур­гас и Вар­на ги ис­про­бав­ме, Со­лун е наш, Тај­пеј ќе ра­бо­ти за нас. Ќе си има­ме нај­мно­гу прис­та­ниш­та во све­тот.
    Пос­ле ќе се до­го­во­ри­ме со ад­ми­нис­тра­ци­ја­та на Ха­шим Та­чи, ка­ко што ве­ли пре­ми­е­рот, па и Ко­со­во ќе го вклу­чи­ме во кон­фе­де­ра­ци­ја­та. Сé од­бра­но друш­тво на За­пад­ни­от Бал­кан. ‘Ба­ти За­па­дот.

    2. До­а­ѓа вре­ме на ма­ке­дон­ска­та про­лет. Се се­ќа­ва­те на ле­ген­дар­ни­от пра­те­ник на ВМРО-ДПМНЕ од пр­ви­от сос­тав на пар­ла­мен­тот Мит­ко Ата­на­сов­ски. Тој ве­ле­ше де­ка и пос­лед­но­то врап­че што ќе ос­та­не, ќе пее: “ВМРО, Ма­ке­до­ни­ја!”. Ар­но ама, ед­но врап­че не ја пра­ви про­лет­та. Во но­ва­та ма­ке­дон­ска про­лет, уш­те ед­но врап­че ќе пее: “НАТО, УЧК!”

    3. Во Ку­ма­но­во се сми­ри­ја НАТО и Ср­би­те. Во Те­то­во ќе се сми­ру­ва­ат Ха­шим Та­чи и Иб­ра­хим Ру­го­ва. Клин­тон во Скоп­је ќе ги спо­ју­ва Ал­бан­ци­те и Бу­га­ри­те. Бре, клуч­на зем­ја на За­пад­ни­от Бал­кан.
    На Љуб­чо са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но му тек­на­ло да го при­ма Ха­шим Та­чи и да да­ва за­ед­нич­ка из­ја­ва за но­ви­на­ри­те. Ни­кој не му се ја­вил да му ка­же. Жи­ми (Х)ашим!

    4. Што ти е суд­би­на. Си­те ние ги сми­ру­ва­ме, са­мо нас не­ма кој да нé сми­ри. Кол­ку по­ве­ќе све­тот ги сми­ру­ва во Ма­ке­до­ни­ја тол­ку по­ве­ќе Ма­ке­дон­ци­те се ка­ра­ат. Ве­лат де­ка Љуб­чо ги пра­ви ис­ти­те греш­ки што ги пра­ве­ше вла­да­та на Бран­ко. За да нé ос­та­не по­ку­со и Бран­ко ќе ги пра­ви ис­ти­те греш­ки што ги пра­ве­ше опо­зи­ци­ја­та на Љуб­чо.
    Си­ро­маш­ки­от Ми­ло­ше­виќ. Сé по­ве­ќе на­род са­ка да го сме­ни, па не­кој мо­ра да му да­де под­дрш­ка. За­тоа СДСМ на плош­та­дот Ма­ке­до­ни­ја ќе ор­га­ни­зи­ра ми­тинг за Ма­ке­до­ни­ја. Би­деј­ќи Бран­ко не мо­же да сме­та на ју­риш­ни­ци од ти­пот на цр­ве­ни­те ба­рет­ки и фа­лан­га­та на Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски, за да нап­ра­ви по­го­ле­ма дра­ма, ту­ка се не­за­до­вол­ни­ци­те од НАТО и бе­гал­ци­те, љу­би­те­ли­те на ко­му­нис­тич­ка Ки­на и ал­ба­но­фо­би­те. На­мес­то цр­ве­ни ба­рет­ки, не ќе е чуд­но да се по­ја­ват шај­ка­чи, ста­ро­то ју­гос­ло­вен­ско зна­ме со цр­ве­на­та пе­ток­ра­ка, вр­за­ни­те ма­ке­дон­ски и срп­ски зна­ми­ња, па и по не­ко­ја сли­ка на Ми­ло­ше­виќ, со дру­жи­на­та на  Дра­ги­ша Ми­ле­тиќ и па­ро­ла “не да­мо Ко­со­во!”
    Дос­та пра­вев­ме ан­ти-НАТО ми­тин­зи во Ма­ке­до­ни­ја за спас на Ср­би­ја. Вре­ме е ве­ќе да ја по­ви­ка­ме Ср­би­ја за спас на Ма­ке­до­ни­ја.

    5. За пот­прет­се­да­те­лот на Соб­ра­ни­е­то То­мис­лав Сто­ја­нов­ски, пра­те­нич­ка­та Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска е Ѓор­ѓи Спа­сов. Та­ка ве­ли соб­ра­нис­ка­та тех­ни­ка. Рад­ми­ла, ка­ко асис­тент на Елек­тро­тех­нич­киот фа­кул­тет, мо­же на Сто­ја­нов­ски да му одр­жи ча­со­ви ка­ко да се сна­о­ѓа со ком­пју­те­рот. Ама, Сто­ја­нов­ски не се да­ва. Не дај бо­же да ѝ пад­неш на Ше­ќе­рин­ска на ис­пит.
    Си­ро­маш­ки­от, по­ло­ви­на час се за­ка­ну­ва­ше де­ка ќе го ис­клу­чи мик­ро­фо­нот, ама не зна­е­ше ка­де да при­тис­не. Лес­но му бе­ше на вре­ме­то на Сто­јан Ан­дов. Ќе им ре­че­ше: “Ај ој си на мес­то” и ќе при­тис­не­ше ед­но коп­че (тол­ку има­ше), а ако пра­те­ни­кот и на­та­му бе­ше упо­рен, ќе прог­ла­се­ше па­у­за.
    И се­га што да пра­ви Сто­ја­нов­ски со Ше­ќе­рин­ска ко­га таа не са­ка да приз­нае де­ка е Ѓор­ѓи Спа­сов. Не де­ка и Спа­сов не знае да от­во­ри ус­та ка­ко неа, ама таа го шие.
    Не вре­ди ни да го ис­пра­ќа­ат Сто­ја­нов­ски во Тај­ван на тех­нич­ка обу­ка. Не де­ка е мал­ку прес­тар за уче­ње, ту­ку ќе би­де про­ма­ше­на ин­вес­ти­ци­ја. Заш­то, ко­га станува збор за Рад­ми­ла, не вре­ди ни да знае да го пот­ре­фи коп­че­то за ис­клу­чу­ва­ње. Не мик­ро­фо­нот, ту­ку и стру­ја­та да ја ис­клу­чат, Ше­ќе­рин­ска не мо­же ни­кој да ја зап­ре во збо­ру­ва­ње­то.

    6. Ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров, упа­ти пис­мо до ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Гер­ма­ни­ја Још­ка Фи­шер, по по­вод из­веш­та­јот на Ев­роп­ска­та ко­ми­си­ја за по­доб­нос­та на Ма­ке­до­ни­ја за поч­ну­ва­ње пре­го­во­ри за склу­чу­ва­ње спо­год­ба за ста­бил­ност и асо­ци­ја­ци­ја.    Да про­ве­ри­ме во пош­та, слу­чај­но, по греш­ка, да не стиг­на­ло пис­мо­то на­мес­то во Гер­ма­ни­ја, во Тај­ван.

    7. Ми­ло­ше­виќ ја об­но­ву­ва зем­ја­та со па­ро­ли: “Гра­ди­ме но­ви мос­то­ви за но­ви­от век!” Бла­зе си им. Мос­то­ви­те им беа ста­ри, па НАТО им ги ур­на. Имаа дуп­ки во ас­фал­тот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира