БЕЗБЕДЕН БАЛКАН

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:147:"НаЕУиенајважнодасибидеферконГрција.Гизаболезамакедонскитеферизбори

    1 Денеска е изборен молк и многу ми е жал, оти не можам да напишам за многу глупости што се сторија во последнава недела.
    Сакав да се потсетам што сум пишувал пред две години. Изборите се одржаа на 5 јули 2006 година. На 1 јули во последното “Сакам да кажам” пред изборите сум го напишал следново:

    1 Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ може да биде среќна. Денеска цели 5 минути немало некој инцидент. А богами и европскиот претставник Ерван Фуере може следните половина час да одмори, откако ги пофали лидерите на албанските партии дека во последно време не извадиле пиштоли.
    Прво ми беше жал за госпоѓата Миловановиќ и за господинот Фуере што по жештината мораа да ги шетаат албанските села и да им укажуваат на локалните водачи дека е подобро за нив да го остават оружјето. Ама после си реков: Што пак да ги жалам? Тие сами си ги создадоа овие албански лидери, сами нека си се справуваат со нивните белји.
    Знаеја кој дигна востание во 2001 година, а сега не знаат кој пукал во Рашче. Ајде де. Нека си го викнат пак Питер Фејт да ги собуе чевлите и да си се напие чај. Тој ќе им каже кој пукал. И нека не ја викаат полицијата. Оти оваа меѓуалбанска битка и така нема никаква врска со Македонија. Нели и Али Ахмети рече дека “инцидентите се лоши за Албанците, но и за финалниот статус на Косово”.
    Ни луѓето на Али Ахмети, ни луѓето на Арбен Џафери не сме ги виделе дека веат македонски знамиња. И кога протестираат за човекови права и кога се тепаат со пиштоли меѓу себе, во секоја прилика си го веат албанското знаме заедно со знамињата на САД и ЕУ. Каде е Македонија во нивната приказна? Ја нема. Македонија е колатерална штета!? Затоа и нема зошто ние да се занимаваме со нив. САД и ЕУ нека си ги скротат монструмите што сами си ги создадоа.

    Молчел, не молчел, и пред две години и сега – таа е реалноста.
    Разликата е што тогаш одеше кампањата “Мора да биде фер”. А денеска оди кампања: “Можеме и мораме”.
    Мораме, ама ми е страв дека не можеме. Дури и кога мораме.

    2 Мораме да се трудиме да направиме фер избори. И мора да бидат казнети тие што тој императив ќе го нарушат. Тоа е граѓанска должност на секој што сака да живее во оваа држава. И сака да живее во нормална држава.
    Тоа го правиме за себе, а не за да ги задоволиме критериумите на ЕУ.
    Оти, видовме во Букурешт колку тие самите си ги почитуваат сопствените критериуми. Прво не отепаа, сега уште им остана да не закопаат. Ете, веќе го бришат “македонски” од разни документи во Брисел.
    Ај нека не не лажат и Рен и Фуере и сите други, демек деветти критериум, демек фер избори биле од суштинско значење, бла, бла, бла…. Нив им е најважно тие да си бидат фер кон Грција. И тоа за нив е главниот критериум.
    На тој критериум ние не можеме да влијаеме. Ама можеме да и се одмаздиме на ЕУ. Да си направиме беспрекорни избори за ние да бидеме задоволни од нашиот сопствен живот. Па тогаш на критериумите на Рен ќе гледаме како на добар виц, а не како нешто од кое ни зависи иднината.

    3 Според последниот извештај на ОН Балканот е побезбеден од многу земји во западна Европа. Бројот на криминал, убиства, силувања и други тешки дела е помал кај нас, отколку на Запад.
    Како нема Балканот да биде побезбеден, кога најпроблематичните земји што го дигаа рејтингот на небезбедност на Балканот стана дел од ЕУ? Се што беше мафија од Романија и Бугарија се пресели во Лондон, Париз, Мадрид, Рим… А и криминалците од Македонија, Албанија, Србија и Косово за разлика од чесните граѓани без проблем добиваат виза.

    4 По дебаклот на Евросонг во Белград, Германците се прашувале: “Зарем сме толку глупави, или толку не мразат, па никој не ни дава гласови”?
    Глупави се. Единствено тие од две држави направија една. Другите од една направија осумамнаесет. Како Русија, или Србија нема да победат, кога сите меѓу себе си се гласаат.
    Да си беа Гетманците две држави како до 1989 година ќе имаа барем една дванаесетка. Да не зборуваме каков триумф би имале ако се поделат како Советите на сите 16 сојузни држави. Па Северна Рајна Вестфалија ќе даде 12 поени на Шлезвиг Холштајн, 10 на Сакосонија и 8 на Мекленбург – Форпомерн, а Баварија ќе гласа за Саксонија – Анхалт, Тирингија и Бранденбург.

    5 Ќе се гради велосипедска патека од Ново Лисиче до \орче Петров во Скопје. Супер. Ќе има нови места за паркирање.
    Не знам само зошто најаванета велосипедска патека сега се нарекува инвестиција. Требаше само полицајци да казнуваат кога некој ќе се парикира на веќе постоечката патека.
    Скопје има велосипедска патека уште од времето на Благој Попов од седумдесеттите години на минатиот век. Сега инвестицијата е што истата само треба да се бојоса.
    Значи местата за паркирање ќе бидат бојосани и јасно обележани. А велосипедистите пак ќе гинат на улица.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира