БИНГО МИНИСТЕР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:213:"Македонијаеземјавокојанесамоштонемашшансадабидешсреќентукунетидаваатнинадеждекаможешдасеусреќиш

    1 Грчки неонацисти агресивно се обидоа да спречат промоција на речник во пресцентарот на Атина. Да се случеше тоа кај нас, ќе моравме сите колективно да се самоубиеме. Оти и ЕУ и ОБСЕ и разни хелсиншки комитети, неброени организации за човекови права и за развој на демократија и независни домашни интелектуалци ќе ни се качеа на глава и ќе н столчеа.
    Ама бидејќи тоа се случи во колепката на демократијата, си молчат и ќе продолжат да си ја лулаат.

    2 Министерот за образование Петар Стојановски завчера рече дека Министерството нема подготвено критериуми за вработување на наставниците што досега биле вработени на определено време. Министерството уште не знае колку наставници има со “определено време”, но според некои процени, може и да се 6.000.
    Овие наставници што со години работат со решение за определено време се најпогодни за уцени и манипулации. Секоја власт досега манипулирала со тие луѓе. Пред секои избори им ветуваат дека од определено време ќе ги унапредат во вработени на неопределено време.
    Така што министерот за образование не згрешил кога рече дека неговото министерство нема критериуми по кои ќе ги вработува наставниците. Важно е ВМРО-ДПМНЕ да има подготвено критериуми за вработување.

    3 Убаво е што Владата со платени огласи по медиумите ги повикува родителите да ги запишат децата во средно училиште.
    Ама во огласот фали уште еден пасус. Во кој Владата ќе ги повика родителите: “Пред да го запишете на школа, запишете го детето во партија”. За да може да го вработиме кога ќе заврши средно.

    4 Министерот за правда Михајло Маневски пред една недела јавно изјави дека тој лично ќе се заложи неговата сопруга Филимена Маневска да биде разрешена од судијка во Апелациониот суд затоа што исполнува услови за пензија.
    Тоа колку некој да не помисли дека судството е зависно. Оти, ако министерот за правда не дадеше јавна изјава, Судскиот совет уште ќе имаше “поприоритетни прашања од разрешувањето на судиите што веќе ја тераат 65тата година”. Вака, претседателот на Судскиот совет Васил Грчев, конечно најде пет шест секунди време за да констатира дека Филимена и уште неколку судии го исполниле условот за пензија.
    Штета за реформите. Со заминувањето на сопругата на министерот, Апелациониот суд остана без инструктор. А богами и судиите во пониските судови.
    Притоа на инструктор не мислам како на лице што врши обука. Туку буквално. Инструктор во смисла на лице што дава инструкции.

    5 Министерот за финансии Трајко Славески рече дека забраната за работа на шпедицијата на “Фершпед” нема политичка заднина. “Немам ништо против ‘Фершпед’. Еве, излегувам од хотелот ‘Александар палас’, тоа е нивен хотел”, рече Слевески.
    Може Славески и навистина нема ништо против “Фершпед”. Ама смее ли да мисли некој таму, или само мора по директива да се работи? Оти ако Славески мислеше, сигурно немаше уште пред повеќе од две години за инает баш на “Фершпед” да не ги продолжи лиценците за лото и бинго. А во исто време не беше подготвен веднаш да организира државна лотарија. Па Македонија остана единствена земја во Европа без лото и бинго. Земја во која не само што немаш шанса да играш на среќа туку Владата не ти дава ни надеж дека можеш да се усреќиш.
    Според пресметките на Лотарија на Македонија, меѓу 4 и 5 милиони евра годишно би изнесувале приливите во државната каса врз основа на плаќања за лиценци за организирање игри на среќа, за паушални месечни давачки за автомат клубови и казина и за посебни давачки за лото, инстантлотарија, бинго и за спортска прогноза. На тоа се надоврзуваат и персоналните даноци на добитниците. Тоа значи дека веќе се изгубени најмалку 8 милиони евра затоа што Славески не ги продолжил лиценците за игрите на среќа.
    Што чекаат јавниот обвинител Љупчо Шврговски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска? Ете случај за спроведување на фамозната одредба злоупотреба на службена должност и овластување, и шанса за министерот Славески спектакуларно да го шетаат со лисици пред камери. Ако не ги продолжил лиценците кои сигурно на Буџетот му носат пари, а знаел дека државата не е спремна да организира игри за да ги земе самата парите, тој свесно го оштетил Буџетот за најмалку 8 милиони евра. Ако на Циле за злоупотреба на службена должност и овластување за три милиони евра тајвански кредити му одредија затвор од 3 години и плус треба да врати милион и пол евра, тогаш на Славески би му одредиле барем уште три години затвор и да врати барем три милиони евра.

    6 Пред две недели напишав дека “шестмина амбасадори, по повод случајот ЕВН, побарале од премиерот да им каже какви напори ќе преземе Владата да воспостави судски систем кој е транспарентен и заштитен од владини влијанија”.
    Тогаш напишав и дека на ЕВН им е лесно. Затоа што тие можат да дојдат, ама и да си одат од земјава. Ама што би правела македонска фирма која утре треба кај истиот судија да бара правда. Кои шест амбасадори ќе пишат писмо до премиерот?
    Не е толку страшно, што како за ЕВН, за “Фершпед” нема амбасадори. Ама пострашно е што нема ни опозиција ни медиуми кои ќе можат да бидат општествен коректив секогаш кога ќе се направи злоупотреба со сила во име на владеење на правото.
    Мечката веќе тргнала. И ќе игра. Не се знае утре во чиј двор ќе заигра.

    7 По повод Духовден, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги повика медиумите да забележат дека ќе палат свеќи во Соборниот храм во Скопје за покој на душите на борците за независна, самостојна и слободна Република Македонија.
    Од кога публицитет се прави кога се пали свеќа за душа? Од кога станавме конзервативна и многу религиозна земја? Се прават големи верници, а не знаат дека ем верата ем задушница е најличен празник и нема врска со камери.
    Не се виновни тие. Немале веронаука во школо.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира