БРАНКОВА БАЈКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:48:"АлиАхметијапризнаФИРОМ

    1. Ова што го направија коалиционите партнери во владата е многу голема работа. Гледате како еден пасош сложна куќа гради. Замислете, отсега Владата на Македонија ќе ги почитува границите на Република Македонија. И не само тоа. Партнерите од владејачката коалиција бескомпромисно ќе го штителе територијалниот интегритет на државата. Има уште нешто. Владата на Македонија ќе го почитува и знамето на Република Македонија. И за крај, уште едни пријатно изненадување. Владата на Македонија ќе го почитува и уставното име на Република Македонија.
    Сте чуле ли некаде во светот за ваков успешен пример каде што Владата си ја признава сопствената држава? До сега границите ни ги признаваше меѓународната заедница. Ама отсега ќе ги признаваат и партиите во власта. Али Ахмети ја призна ФИРОМ.
    Ако пасошот беше доволен да се признаат името, границите и знамето, што ли ќе треба Бранко да им понуди на коалиционите партнери за да ја признаат химната и грбот. Тие не беа споменати во соопштението. Коалиционите партнери во иднина ќе треба да разговараат и за ОВА. Ако не, тука е секогаш ОНА.

    2. Пред некоја вечер на вести на телевизија прво зборуваше Бранко на некој форум за инвестирање дека ќе ја поедностави процедурата за почнување нови бизниси. Ќе воведел систем “еден шалтер” и ако за 30 дена државата не одговорела на барањето, ќе се сметало дека нема никакви пречки новиот бизнис да почне.
    Во истите вести, само две минути подоца одеше веста од Министерството за економија дека барањата за пренамена на локалите од кафулиња во ноќни клубови ќе се примале само во Скопје. Во рамките на поедноставувањето на бирократските процедури за кои зборуваше Бранко, подрачните единици нема да решаваат за овие случаи. За се ќе решава цантралата во Скопје. Можеби луѓето од другите градови што сакаат да отворат ноќни клубови имаат право, ама министерот за економија Илија Филиповски ќе ги зафркава. И наместо еден месец, ќе чекаат шест.
    Во Министерството за економија велат дека постоела можност нивните луѓе во подрачните единици да бидат поткупени. А министерот во Скопје – не. Зошто тогаш Владата не ги укине подрачните единици?

    3. На овој начин министерот Филиповски се обидува на министерот Хари Костов, да му ја преземе титулата – крал на ноќниот живот во Македонија. Тоа и не би било толку лошо, ако министерот Филиповски кој би требало да води сметка и за туризмот, би знаел дека во туристичката понуда влегува и ставката “ноќен живот”. Вака, оставени само на Хари и на неговите полицајци, во туристичките брошури за Македонија ноќниот живот нема ни да се споменува.
    Бидејќи во Македонија само од министерот за полиција зависи кога си легнуваме, лично би сакал да го замолам господинот Костов да ни попушти барем еднаш во годината. Оваа година, 31 декември се паѓа в среда. Хари, те молам дозволи ни барем да си ја честитаме Новата 2004 година, пред да се прибереме дома. Направи ја средата – петок.

    4. Министерот за економија Илија Филиповски и неговиот колега Петар Гошев, на истиот форум на кој Бранко зборуваше за инвестициите порачаа дека сега е вистинскиот момент да се инвестира во Македонија.
    Откако ќе видат како ќе поминат Хеленик петролеум во ОКТА, Матав во Телеком, Канадските пошти во Македонски пошти и Гленкор во Топилница, странците само што не потрчале. Да бегаат што подалеку од нас.
    Филиповски е од она време кога беше популарна паролата “Туѓо не сакаме, свое не даваме!” А и Гошев не е многу понов.

    5. Повторувањето е мајка на знаењето. Бранко пак прави Бранков закон за вработување. Неговата бајка за пазарната економија тече вака:
    Да речеме дека имаме две фирми што прават ист производ. Едната е “Бучко компани” ДОО, а другата е “Бела Рада” ДООЕЛ. Да претпоставиме дека “Бучко” работел чесно, ги пријавил сите работници, и за нив со години плаќал придонеси. Со придонесите се полнела државната каса.
    “Рада” работела малку поинаку. Половина работници пријавувала, а половина ги исплаќала кеш, на црно. И сега Бранко и нуди на Рада да си ги пријави работниците на црно, а тој ќе и ги плаќа придонесите. А од каде ќе најде пари за тоа. Од парите што ги плаќа Бучко.
    И “Бучко компани” и “Бела Рада” имаат ист производ. Ама производот на Рада е поевтин оти таа не плаќа придонеси. Рада ќе продолжи да не плаќа кон државата, а Бучко ќе продолжи да плаќа. Таа му ги зема парите на Бучко. А Бранко ветува дека ќе создава еднакви услови за стопанисување.
    И кој е сега вол во оваа приказна? Не мислам на тоа кој е поглупав, бидејќи скраја да е, воопшто не е глупаво да и се плаќа на државата. Ама волот тегне, тегне и еден ден ќе липса. Многу глупав вол!

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира