БРИСЕЛСКИ МОЧКО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:34:"ДаживееПлоштадот

    1 Сиромашкиот Ѓоле, пак не бил сфатен. Што мака има. Како почна уште од изборната кампања кога им фрлаше клетви на млекарите, с што ќе каже, мора дополнително да објаснува.
    Го сфаќаат ли Ѓоле тие што трчаа да се испотпишат за да го кандидираат за Претседател? Каде се сега сите оние академици, ректори, професори, писатели што ни се претставуваа како независна интелектуална елита и што заведоа 480.000 луѓе да помислат дека Ѓоле може да биде Претседател? Ај сега нека ни се извинат. Ако и тие врвни умови сега не го сфаќаат Претседателот што сака да каже од прва, што да кажеме ние со помал ум?
    Што да кажеш за држава во која Претседателот има рејтинг нула? Или ич не му го мерат рејтингот? Тоа значи дека Претседателот не постои. Што е своевиден уникум во светот. Зар тричетирипетшест гафа на Ѓоле вредат толку многу, што сега сите се пишманат што гласале за него? За толку кусо време тој не направи ништо, а заслужил никој да не го споменува!?
    Затоа сега мора фанфари да измислува. Ако не му се слуша зборот, барем да труби кога поминува.

    2 Евроамбасадорот Ерван Фуере куртули. Како му го фрлија бурето охриѓани за да го фати пак, ќе го мавнеа по глава и за малку и него ќе го удавеа.
    За Денот на рибарите, кој на 20 јануари се слави во Охрид, тој, традиционално, се искапи во Езерото. Покрај Фуере, се искапи и градоначалникот Александар Петрески.
    А тој од Капетанијата се искапи ли? Оној што му ја заборавивме одговорноста за “Илинден” и за удавените Бугари. Или уште не научил да плива. Оти нему вода ни во чевли не смее да му влезе.

    3 Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ рече дека оваа година ќе продолжи со редењето на споменици околу Плоштадот. Истиот ден Градот Скопје испрати налог за блокирање на 20.000 фирми за да наплати фирмарини. Затоа градоначалникот оптимистички изјави дека Македонија веќе излегла од кризата.
    Значи, реформите можат да продолжат. И за да се задоволат најегизстенцијалните потреби на скопјани, се распиша оглас за уште 29 нови споменици кои ќе се ставаат на мостот Око, кој треба да ги поврзува Градскиот трговски центар и античката зграда на новиот Уставен суд.
    Во огласот пишува дека ќе се поставуваат триметарски бронзени скулптури на историски личности. Кои херои, уметник или заслужен граѓанин ќе се прават не се знае, оти за тоа ќе одлучуваат авторите.
    Не се знае ни колку ќе чини овој проект, оти парите на авторите ќе им се исплатат откако ќе ја завршат работата. И цената на леење не се знае оти зависи од изгледот и потребниот материјал.
    Овие нас на мајтап ли н земаат или само сакаат да видат до каде може да нe зафркаваат? Македонија нема толку јунаци колку што оваа Влада може споменици да направи. Освен ако не почнат сами, додека се живи и здрави, да се овековечуваат во бронза.
    Баш сакам да го направат мостот и да биде накитен од двете страни, како што вика градоначалникот. Оти не можам да си го замислам. Морам да го видам тоа чудо, па да поверувам. Значи, имаме мост со стаклени отвори и со по 14 скулптури, високи два до три метра, од двете страни, плус фонтана на средината, плус до фонтаната највпечатлива скулптура и плус уште и дрвени клупи.
    Од сето ова, мојата дарба за имагинација завршува само на специјалните светилки. Оти кога граѓаните ќе трчаат масовно кон Уставниот суд, оти Владата прави златни закони, не смее да се дозволи да се акнат во некоја бронза од видна личност.
    Ај што не ми е јасно како ќе одлучуваат кои ќе бидат 28те видни личности што ќе служат за китење. Туку уште повеќе се чудам како ли ќе ја изберат 29тата и највпечатлива историска фигура што ќе стои на средина на мостот до фонтаната.
    Македонија оди кон Европа. Заштитен знак на Брисел е фонтаната со дете што моча. Скопје мора да заличи на европската престолнина. Затоа, градоначалнику Тодоровиќ, размислувај на темата: Кој во Скопје би можел да моча, а во исто време да биде највпечатлива фигура? Не би ме чудело да го стават Груевски. Тој споменик ќе биде најдобар печат на неговото време.

    4 Штета што планираат мостот Око да го направат дури за една година. И Александар на Букефал, сосе војниците што шлапкаат во фонтаната, ќе стигнат дури в година. А годинава како ќе ја преживееме?
    Цел свет се занимава со глупости. Дебатираат како да излезат од кризата, како да ги надмудрат терористите, како да најдат алтернативи извори на енергија, како да се справат со климатските промени…
    За разлика од нив, кај нас Владата е фокусирана на Плоштадот.
    Црква, џамија, коцка, плочка, Александар, Даме, јарбол од една страна, јарбол од друга страна, Македонци, Албанци, христијани, муслимани, верници, богохулници, предавници, патриоти, нова зграда, стар хотел…
    Целиот живот и иднината на Македонија се врти околу плоштадот Македонија. И политика, и економски бум, и туризам, и култура, па и дипломатија. И за името да зборуваш, пак околу Плоштадот се врти муабетот.

    5 Еден лондонски хотел на своите гости им нуди услуга “луѓе грејачи на кревети”. Станува збор за посебно вработени лица, облечени во специјална топла облека, кои им ги загреваат креветите на гостите пред да легнат да спијат. Некој институт таму докажал дека сонот не фаќа кога температурата на телото ќе почне да опаѓа. Температурата меѓу 20 и 24 Целзиусови степени го забрзува процесот за тонење во убав сон.
    Кај нас с уште нема грејачи на кревети. Но затоа, пак, има грејачи на фотелји. Најдобар пример за тоа е Зоран Заев. Тој му ја грееше фотелјата на Бранко за да може сега да му биде удобно.
    Бранко, стани од фотелјата. Дај му ја на некој неизвалкан. Оти не му правиш штета само на СДСМ. _ правиш штета на цела држава. Над 40 отсто неопределени чекаат.
    Зар не гледаш дека овие од ВМРО-ДПМНЕ сите н прават будали? Ама додека си ти таму, с ќе им проаѓа.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира