БУРКИНА ФАСО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:65:"Разбудисесрце,даговидимеГоспод

    1 По првите 100 дена од Владата која беше формирана во 2006 година, премиерот Груевски се пофали дека министрите работеле “без ниту еден слободен викенд, без одмор, без запирање”.
    Лесно им беше на министрите во 2006 година. Тогаш имаа само 100 чекори до преродба. А сега, не само што 100те чекори се надоградени и проширени туку имаат да завршат и вонвладина активност. Среде кампањата за предвремените избори, си дадоа задача да прават и повеќе деца. Оти, како што вели кампањата, “создавајќи нов живот сме поблиску до Бога”.
    Целиот тим околу Груевски е млад. Некои немаат ни по едно дете. Како ќе стигнат до трето алал да им е. Кога стигаат сѐ да направат? Ем составуваат пратенички листи, ем ја водат државата како техничка влада, ем деца прават. А бидејќи се прават ептен религиозни, пред Велигден уште и мораа да постат и да се воздржуваат од секс.
    Се обидувам да сфатам како физички постигнуваат. Замислете си некој министер или министерка работеле “без ниту еден слободен викенд, без одмор, без запирање”, од утро до зора идниот ден, се прибираат кај жената или мажот (или девојката или дечкото), и на сета одговорност што ја имаат за државата преку ден, во зори мора да мислат и на зголемување на семејството.
    Како го прават тоа? Буц, буц со прстето и “Ајде, срце, ајде, душо, разбуди се. Дај набрзиника да го видиме Господ и да дремнеме малку. Оти сабајле ме чекаат уште 100 чекори надоградени и проширени. И да не заборавам да ги прочитам идеите и предлозите на граѓаните, стопанските комори и синдикатите”.
    Или воопшто не ги будат партнерите и само им се џиткаат. Немаат тие време за муабет, мора да остваруваат. Па кога партнерите ќе им се освестат, оп веќе го виделе Господ.

    2. Смеј се, смеј се.
    Ние тоа го плаќаме.

    3 Од Букурешт наваму грчкиот премиер Караманлис цело време повторува: “Ветото за НАТО не е непријателски чин”. И “Грција не сака да го навреди северниот сосед”.
    Министерката Бакојани дури и понуди пари ако го смениме името.
    Зошто би им верувале на збор? Тие покажаа дека не почитуваат нешто што е запишано, потпишано од нив и заверено со печат на ОН, а сега треба да им веруваме на нешто што кажале во интервју.
    Се чудиме дека отишле дотаму за да не дозволуваат прелет на МАТ. Европската комисија тоа сериозно ќе го разгледала. Туф, туф, туф…
    Кога го наметнаа ембаргото во 1994 година, Грција беше претседавач на тогашната Европска заедница. И тогаш се јавија некои Данци и Холанѓани, дадоа некои изјави дека ембаргото било вознемирувачка вест и нѐ оставија речиси две години заробени на нивните граници.
    Што можеме да очекуваме сега?
    Му верувам на Караманлис. Тие не сакаат да нѐ навредат. Тие само се изживуваат врз нас.

    4 Ама ние не дозволуваме лесно да се навредиме. А за понижување, пак, ич не знаат колку можеме да издржиме. Тие нѐ плукаат, а ние викаме: “Врне”.
    Слушам на вести пред некој ден им побарале на наши луѓе по 3.000 евра за да ги пуштат да влезат во Грција. Нашиве им ги покажале парите, ама овие пак не ги пуштиле. Арно ама, нашиве биле упорни. Наместо на Богородица, отишле на Дојран, и пак си влегле во Грција.
    Следниот пат кога ќе ни побараат пари, не 3.000 по 5.000 евра ќе им покажеме. Ќе зајмиме од пријатели. Или кредит ќе дигнеме, и тоа од Стопанска или од Алфа банка. И кога ќе ја поминеме границата, организирано ќе нападнеме. Ќе им одиме по тоа таверните да им пиеме узо. Цело узо ќе го испиеме, за да немаат што да пијат, да мораат да одат во Струмица, мастика да си набават. Па жените во “Зара” сите облеки ќе ги купат. Да немаат Гркинките што да облечат. Во “Икеа” цел мебел ќе го однесеме. Толку ѕаѕики ќе изедеме, што ќе мора од кај нас краставици да увезуваат. А ни гирото нема на им го штедиме.
    Ај нека не се прават толку важни. Да не не ни ги примат парите случајно?

    5. Партиите ги направија коалициите. На сите што ќе излезат на избори програмите ќе им биле со европски предзнак.
    А со каков предзнак можат да бидат. Со африкански?
    Според последното рангирање на Фридом хаус за слободата на медиумите, Македонија е на 98. место. Лесото е на 90., Мозамбик на 87., а Буркина Фасо на 84. место.
    Зошто Буркина Фасо од Западна Африка има повеќе слобода не медиуми од Македонија во Западниот Балкан? Можеби таму газдите на трите најголеми национални телевизии не се на листите за пратеници на владејачката партија.

    6 По велигденските празници еден дневен весник објави наслов: “Груевски радосната вест ја дочека во Струга”.
    Веста за Христовото Воскреснување е многу нова. Можеби Груевски толку се израдувал оти прв пат ја слушнал по 2008 години.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира