Чае шукарие

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:91:"ВоМакедонијаШпанцитесеРоми,аШкотитесеВласи

    1. Оној Хавиер Солана треба да си ги побара парите назад од експертите што се мачеа со Уставот. Љубомир Фрчкоски и Владо Поповски да го вратат хонорарот за напорната работа во Охрид и за интензивната дружба со Борис. На крај дојде Солана да им ја заврши работата.
    Иако, искрено мислам дека овој текст на Преамбулата не е баш најсреќно решение. Кај најдоа толку малку народи во Македонија. Требаше, едноставно, да се земат статистичките податоци од минатиот попис и, еден по еден, да се наредат сите граѓани во Уставот.
    Се сеќавам дека тогаш имаше и такви што се изјаснуваа како Марсовци. Еден дури за себе рекол дека е Цитроен. И замислете сега Марсовците и Цитроените од Македонија да се обединат и да станат бунтовници за човекови права. Па, наместо да нè напаѓаат албански терористи, по полицијата ќе пукаат Марсовци. И тогаш, Борис нема да му се жали на Путин дека Македонија е жртва на меѓународен тероризам. Ако се побунат Марсовците што Фрчко и Владо не ги ставија во Уставот, Македонија ќе биде жртва на вселенска агресија.
    Имам план како уставотворците да не ги враќаат парите за лошо завршената работа. Белки оваа држава ќе дочека уште еден попис. По него ќе треба да се прави нова преамбула. Тоа што Фрчко и Владо не го завршија сега, ќе го завршат тогаш. Двапати правеа устав. Трета – среќа!

    2. Сега во Шутка ќе се гради споменик на Хавиер Солана. Затоа што, според објаснувањето на Амди Бајрам, тој Хавиер бил Ром, па затоа и го ставил ромскиот народ во Уставот на Македонија.
    Сиромашкиот Солана. Тој како Шпанец со етничко ромско потекло нема место во Уставот на Кралството Шпанија, ама затоа се избори да си најде место во Уставот на ФИРОМ. Чае шукарие, вода ми се пие…
    Штета што и Џорџ Робертсон не беше малку понастојчив, па и тој ќе успееше неговите Шкоти да ги стави во Преамбулата. Така, македонското мултиетничко богатство остана посиромашно за шкотскиот народ што живее во границите на оваа држава.
    Ама, нема место за разочарување. Има многу вицови за Шкотите како циции. Тие имаат достојни претставници на ова поднебје. Така што, наместо шкотски народ, во Преамбулата го има влашкиот народ. Кај нас Шкотите се Власи.

    3. Предлагам уште еден амандман. Стојан Андов да се стави како посебна категорија во Уставот. Да го немаше, ќе требаше да го измислиме. Замислете да не е заштитен со Устав и плус да не биде претседател на Собранието. Каде тогаш ќе ги собира новинарите да им раскажува прикаски. Баш е забавен… “Јас им реков, тие ми рекоа, чуле, не дочуле, не сум бил добро разбран, јас немам ништо со тоа…”
    Како ли ќе живее без седенките со новинарите во неговиот кабинет, кога тие како ученичиња седат еден врз друг по фотелјите и троседот, а тој си се смее на сопствената досетливост. Нема друго, ќе мора да прави пикници во дворот во Тафталиџе или вечеринки во дневната соба, со гласно вклучен телевизор, да не го прислушуваат додека брифира.

    4. Најнов изум ќе му биде, не само новинарите туку и пратениците да ги собира во визба. Таму е најсигурно. Темно е, уште помрачно отколку улицата пред Собранието.
    Да беше претседател на Собранието Саво Климовски, сè ќе блескаше, а и брифинзите ќе му беа отворени, како што сакаше и Собранието да го отвори за народот. Арно ама, Саво немал морален кредибилитет да работи во темница. Свети Сава во борба против мракот.
    За разлика од Саво, на Андов и во темно му светнува. Додека ја пушти секретарката Каролина да ги запали ламбите на улицата, на Андов му блесна бомба. Лажен повик, де, ама бомба си е бомба. “Не можеме да пробуваме дали е лажен повикот”, рече Андов и одлучи сите да си одат дома. Амандманите можат да го почекаат и наредниот парламент.

    5. Ама на Циле не му се чека. Се одмори девет месеци и пак се врати да ја спасува нацијата. Во прегратките на Љубчо, ќе ни понуди нови промени.
    Доста Бунарџик беше слободна царинска зона. Сега е окупирана НАТО зона.

    6. Колку било убаво да имаш претседател со големи раце. Борис наш целиот свет може да го прегрне. Од Вашингтон до Москва. Мобимак ги врзува твоите светови. Борис ги прегрнува Русија и Америка.
    Отиде нашиот претседател да му плаче на Путин. Борче ја виде Москва. Ама, Москва на солзите не им верува.

    7. Странците ни порачуваат дека не треба многу да се политизира случајот со киднапираните Македонци и пишувањата во медиумите дека се мртви и во масовна гробница.
    Да беа Албанци, “угнетени борци за човекови права”, а не обични граѓани “од словенско потекло”, Хаг немаше да бара докази од нас. Ние од нив ќе дознававме. За време на косовската криза, тогашниот портпарол на НАТО Џејми Шеј, покажуваше и сателитски снимки на масовни гробници, што подоцна излезе дека не се. Да не зборуваме дека побрзаа да копаат врз основа на пишувања на весниците.
    Ако на нивните новинари им требаа приказни за масовни гробници од Македонија, до сега веќе ќе ја преораа цела земја. Ако не ги најдеа, ќе речеа дека некаде се скриени.
    Ама, не сме им веќе интересни.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари