1. Изборот на Песна на Евровизија беше генерална проба за локалните избори. Не е важно што ќе каже народот. Важно е што ќе каже жирито.
2. Жирито има проблеми со симпатизерите на Пенов. Тие не биле излезени во доволен број. Но затоа Андреј Жерновски сега најавува пресврт. За вториот круг имале контингенти за да црпат гласови и да ја надоместат разликата од првиот круг. Ќе ја применеле тактиката од претседателските избори.
За кои претседателски избори зборува Жерновски? За оние од лани кога победи Бранко со помош на ДУИ и кога не силуваа да излеземе да гласаме? Или за оние од 1999 година кога во вториот круг со гласовите на ДПА од 102 отсто во Липково и со убиството во Кондово победи покојниот Борис Трајковски?
3. Добро, толку ли вреди тој Пенов? Очигледно многу им значи, штом и Рада и Илинка ги наместија да го спасуваат. Ако не биде пак градоначалник, ќе мора Бучко да му даде некое министерско место. Оти, човекот не знае друго да работи. Од стручно политички соработник во Це Ка, станал градоначалник. Тешко му е. Не бил ни шефче барем на три чистачки, а судбината му одредила трет пат да биде градоначалник на метропола.
Дајте да излеземе масовно и да го избереме. Оти, ако не биде градоначалник, ќе мора некој од неговите да му даде работа во продавница во Трговскиот центар. Ќе ни избира костуми за свечени пригоди. Да речеем, за церемонијата кога ќе станеме членка на ЕУ, оти сме направиле избори по европски стандарди.
4. Ние му веруваме на Бучко кога во име на европските стандарди се заканува дека не знаеме што се СДСМ е подготвен да направи. Како во предизборната кампања кога не убедуваше дека ќе направат се за да победи Пенов.
Му верувавме и на Жерновски дека имаат контингенти гласачи. Тоа веќе сме го виделе.
Првиот контингент се викаше “пратеник од Центар” кога во вториот круг на изборите во 1998 година СДСМ го викна контингентот на ПДП за Нано Ружин да го тепа Тортевски кој беше подобар во првиот круг.
Вториот контингент беше контингентот што ВМРО – ДПМНЕ го зеде од ДПА во 1999 година за Борис Трајковски во вториот круг да го тепа Тито Петковски, кој беше подобар во првиот круг.
Третиот контигент е “женскиот контингент” од 2000 година кога Виолета Аларова стана градоначалник на Центар во вториот круг со помош на ДПА.
Последниот контингент го имавме лани кога на Бранко му фалеше одѕив за да не се поништи изборот, па се најдоа гласачите на ДУИ.
Бучко е во право кога вели дека “секој ден сме поблиску до целта”. И Груевски е во право кога бара “резултати сега”, ама ако може во вториот круг и со три дена доцнење во соопштувањето. А Љубчо ни порачува да “направиме разлика”, а разлика – нема. Барем во контингентите до сега е изедначено 2:2.
Како кој губи, бара контингент да се спаси. Ама во економијата правилата се јасни. Контингентот мора да се плати. Наплатата до сега пристигнала четири пати. И сите фактури ги платиле Македонците.
Скапо чинат фер и демократски избори.
5. Ројтерс и Си-Ен-Ен за овие локални избори јавија дека “биле тест за реформите што требало да им дадат повеќе права на Албанците”.
На Македонците не им требаат повеќе права. Тие во оваа држава треба само да ги плаќаат контингентите.
6. За време на кампањата, додека Македонците се расправаа за Кермес и за Евровизија, Албанците го вееја знамето на Албанија. Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ велеше дека во местата каде што ќе победат Албанците, ќе ги дискриминираат Македонците.
Значи, тоа биле реформите што на Албанците ќе им даделе повеќе права. Тие се бореле за да ги дискриминираат Македонците. Исто како што се бореа на Косово. И таму се изборија да ги дискриминираат сите што не се Албанци. И тоа им се брои како исполнување на стандардите за независност.
7. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го доби обвинението од Хаг и таму замина со сите почести.
Љубе Бошковски не го дочека обвинението дома. Мораше да се скрие во гепек. Ама, зошто мораа да го апсат Јохан Тарчуловски. Зар не можеше и тој сам да се пријави откако ќе го добиеше обвинението. Немаше каде да бега. Ако ништо друго, барем ќе се поздравеше со неговите.
Нема да има обвиненија за ѕверското убиство во мотелот “Бриони” за малтретирањето на работниците од “Маврово”, за киднапираните и убиените цивили… Македонската држава не може да ги уапси злосторниците, а тие уште не станале приемиери на Македонија за да се пријават сами.