ЧИСТА ГРЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:265:"ВеќеодамнамиејаснодеканаГрцијанеиесрамзатоаштогоправи.Ама,каконеиесрамнаЕУдаибидеробнагрчкатанационалистичкахистерија?

    1 Грчки полицајци натерале македонски камионџии на граничниот премин Дојрани да го метат преминот, за да ги пуштат да влезат во Македонија. Им дале метли, ракавици и ќеси и им рекле ако сакаат да си заминат дома, прво да го исчистат ѓубрето околу преминот.
    Камионџиите метеле граничен премин. Што ли ќе им дадат Грците на годишноодморците кога ќе се враќаат дома со приватните коли? Ќе им речат да им чистат по дома и да им ги средат дворовите.
    Така Македонците конечно ќе добијат некаква улога во грчкото општество и ќе допринесат конкретно за остварување на грчката официјална политика. Сите со метлите ќе помогнеме за чиста Грција.

    2 Одиш во Грција, членка на ЕУ и НАТО, плус нели колевка на демократијата. Ни на крај памет не ти доаѓа дека полиција може да се изживува врз тебе само затоа што си од Македонија.
    Кому да се пожалиш ако грчката држава се изживува врз тебе. На нашата амбасада во Атина, на конзулатот во Солун, или можеби на Европската унија во Брисел?
    За да добиеме датум за преговори со ЕУ, Европската комисија ни даде 8 “бенчмаркови”, демек критериуми. Изборите беа деветтиот критериум. Саркози откри дека промена на името е дестти критериум. И додека трепнавме добивме и единаесетти “бенчмарк”. Македонците треба да им чистат на Грците.
    Малку беше што малтретираа камионџии на патиштата пред очи на полицајците, малку беше што не му дозволуваа на МАТ ни да прелета, а на претседателот ни да слета со државниот авион, сега ЕУ мирно гледа како од еден идиотски спор што самите го измислија европска Грција се изживува врз цела нација како врз беспомошно дете.
    Веќе одамна ми е јасно дека на Грција не и е срам за тоа што го прави.
    Ама, како не и е срам на ЕУ да и биде роб на грчката националистичка хистерија?

    П.С. Бидејќи, како што би рекол премиерот, изборите во македонскиот дел завршија супер и не морам да прегласувам, си земав одмор. Идната сабота нема да пишувам.
    Искрено се надевам дека кога ќе се вратам нема да ме чека ново прегласување. Владата ќе ја состават и без мене.
    Сто отсто сум сигурен дека Грците ќе измислат нови финти да малтретираат Македонци. Ама, баш ми е гајле. Не одам на одмор во Европска унија. Поздрав од Турција.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира