ЧИСТИ ГАЌИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:73:"ДокоедереџедојдоаФерхундеиЏеврие?

    1 Ако полицијата се уште нема смислено име на акцијата од завчера, кога и асистираше на финансиската полиција која влезе во зградата на А1 телевизија за да контролира неколку фирми регистрирани на иста адреса, еве јас ќе и помогнам. Акцијата ќе се вика “Слон во продавница за порцелан”. И кај нас имало инспекции, ама доаѓаа со по дватројца полицајци и тие ја чуваа просторијата во која се финансиските документи. И нас пред две години ни ја заклучија вратата и ни бараа лични карти за да ги споредат податоците со списоците на вработени и хонорарци. Не ни беше пријатно, ама тоа е. Единствено што куртуливме од кошкање со многу полицајци. Но тоа не се најде на нашата насловна страница и ниедна партија не ни знаеше дека имаме инспекција.
    Се надевам дека Груевски по ова што му се случи завчера со А1 телевизија, конечно ќе сфати дека стапот има два краја. И дека кога садиш тикви со ѓаволот, тиквите од глава ќе ти се удрат.
    Нему му беше супер дружбата со Велија кога новинарите на А1 ги водеа хајките против луѓе и компании кои не им се допаѓаа на ВМРОвците. Запечатија судбини на луѓе и на фирми. Ама кога истите новинари ќе удрат врз Груевски и неговите, тогаш и фирмите регистрирани на адреса каде што се наоѓа телевизијата на Велија се дискутабилни. Па сега нека слуша како му викаат дека ова е почеток на крајот на неговото владеење.
    Гледам дека дури и Бранко не се потресе многу за телевизијата А1. Тој бил загрижен за демократијата. А до вчера Велија се фалеше дека ќе му биде кандидат за премиер, кога заедно ќе го турнат Груевски.
    Смешки. Сите со Велија си ги делеа гаќите, а сега сите сакаат да кажат дека гаќите им се чисти. Ама не било до гаќите. До газот било.

    2 Јас сум еден од оние што јавно бараа од Владата да влезе да го контролира финансиското работење на фирмите на Велија. Вклучително и на А1 телевизија, на “Време” и на “Шпиц”. Затоа што сметам дека нивното незаконско работење ја загрозува мојата егзистенција. Затоа што сметам дека таквото работење ја загрозува демократијата во државата. И, конечно, затоа што јас плаќам данок и пријавен сум на цела плата, а од моите пари Груевски му даваше на Велија пари за реклами за да се бори против мене.
    И баш затоа сега сум уште полут на Груевски. Затоа што со пуштањето цела единица полицајци, од Велија направи херој,
    За да веруваме дека навистина станува збор за финансиска контрола и даночна инспекција, треба да ги видиме резултатите. Да се види дали мотивите на контролата биле за да покаже Владата сила и да го заплаши новинарството или, пак, навистина сакала да открие криминал и да го санкционира. Тогаш и ќе се дознае дали целиот спектакл беше одбрана на слобода на говорот, или изманипулирано новинарство.
    Ако и сега, како повеќепати досега, власта на истата тема се испазари со Велија, тогаш да пишеме крст не само на слободата на говорот туку и на правната држава. Ако Велија е најмоќен човек во државата, тогаш не ни треба ни слобода на говор.

    3 Дописничката на А1 од Брисел вчера јави дека од кабинетите на Штефан Филе и Кетрин Ештон соопштиле оти се многу загрижени за инцидентот во А1 поради тоа што повеќе новинари биле спречени да си ја вршат својата работа.
    Веќе во четири извештаи по ред на Европската комисија една од клучните забелешки е дека во Македонија има нелојална конкуренција и незаконска концентрација на печатени и електронски медиуми.
    Зошто тогаш реагираат ако државата се обиде да стави ред во медиумскиот бизнис? Дали по европски стандарди е да се прави финансиска контрола во компанија? Дали по европски стандарди е да се прави контрола во компанија која има и медиум? Дали европските стандарди подразбираат и одговорно новинарство?
    Впрочем, нека ги прашаат Американците колку време ги чекаа парите што Велија им ги потроши за да купи пилиња? Па поради злоупотребите на основачот на првата независна приватна телевизија во Македонија со американскиот кредит од 1997 година, досега Фондот за развој на медиуми од САД нема дадено ни цент за ниеден медиум во Македонија.

    4 Од завчера и ВМРОДПМНЕ ја смени тактиката. Славните тројки што ги најавуваше Мартин Протоѓер станаа двојки. Директорот на УЈП Горан Трајковски и портпаролот на МВР Иво Котевски шетаа по телевизиите на коалиционите партнери. Прво беа кај Латас на Сител, кој се пожали дека му ја прекинале вечерата со Цеца. Потоа отидоа во Канал 5 каде што главната уредничка Лидија Богатинова возбудено ги поздрави со пружање рака, небаре се кандидати за квиз. Па за да не биде се по партиска директива, се појавија и на јавниот сервис МРТВ. И за да ја завршат ноќта, традиционално, отидоа на јадење бурек. Притоа се отепаа правдајќи се дека предмет на истрага не било финансиското работење на А1. А зошто не би било? Забрането е?
    Шетајќи во ноќта, до А1 не стасаа, иако и таму програмата беше нарушена, па луѓето наместо турски серии и Фармер, гледаа реално шоу. Толку од независното македонско новинарство во кое политиката не се меша во медиумите. Нема ни потреба. Затоа што таа е внатре.
    Така што и да се испазари Груевски со Велија за одбрана на слободата на новинарството, завчерашната ноќ ќе остане запаметена по најмалку две колатерални штети. Првата е дека на Латас му пропадна вечерата со Цеца. А втората е што не дознаваме до кое дереџе дошле Ферхунде и Џеврие.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира