ЧОВЕК БРОЈКА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:125:"ЗапочнаакцијатазапотиснувањенасрпскитевојнициодврвотСтража

    1. Ќе треба да се најде некој голем експерт, кој ќе може да направи разлика помеѓу зборовите: “бојкотирање”, “одложување”, или “пролонгирање”. Ќе мора да биде тоа некој експерт од европски калибар, ако не и од поголем, како овие експертите од Европа што го надгледуваат пописот во Македонија. Зашто, за да се направи разлика во значењето на овие зборови, мора да се направи експертиза со чија помош ќе се утврди дали попишувачите од албанска националност ги подигнале пописните документи. Да не зборуваме каква сложена операција е ако уште треба да се направи разлика меѓу “дистанцирање”, “апстиненција” и “непартиципирање”. Тука веќе ни Герт Аренс нема да може да се снајде.
    Така ти е тоа кога трет ден откако започнал пописот, на еден од коалиционите партнери кои гласаа за Законот му текнало да бара негово одложување до декември. Па не знаеш кој тука се прави луд. А кој – збунет.
    Амбасадорот Герт Аренс сигурно не е, бидејќи тој по сé што ни советуваше во последниве две години, сега ни кажа дека ако пописот не успее, одговорноста ќе падне на македонската влада. Тоа што врз основа на измислени бројки тој ни одредуваше која националност колку часови програма на ТВ ќе има, колку паралелки на кој јазик ќе се отворат, колку весници на јазиците на националнос­тите ќе се печатат, сосема ја симнува неговата одговорност за пописот.
    Само што ќе правиме ако накрај не излезат барем милион Албанци и најмалку три стотини илјади Срби? Тогаш пак пописот нема да важи. Во тој случај, тие што редовно се попишуваат ќе треба да ја тужат државата и Герт Аренс за малтре­тира­ње. Државата – затоа што дозволува на кого ќе му текне да не ѝ ги признава законите. А Аренс – како персонификација на демократите од Европа, кои кога би подготвувале закон за попис во нивните држави со сите можни експерименти што ги внесоа во нашиот закон, такво нешто никогаш не би изгласале.

    2. Ако не се одржи пописот како што треба, значи дека нема да си ја знаеме иднината. Затоа што слоганот е “Податоци за сегашноста и иднината”. Тие што го смислувале веројатно имале на ум дека во секоја нормална држава податоците од пописот се темел за планирање на иднината.
    Арно ама, кај нас не е така. Ние овој попис го правиме за да се види колку има – Албанци. Тие тоа го бараа, а Европа им го овозможува. Затоа можеби поедно­с­тав­но решение ќе беше попишувачите да ги посетуваат домовите со бројки отпечатени на различна боја. Секој човек – бројка. Секоја националност – различ­на боја. На крај, само ќе си излезе колку бројки се поделени. Другите податоци и онака не се важни.

    3. Ова што се случува по убиството на седумнаесетгодишното момче во Тетово е веќе видено. Малку посеверно од овие простори, односно, како што би се изразило Министерството за внатрешни работи, во “една соседна странска држа­ва”. Пред очите повторно се враќаат сликите на незадоволните Срби од Косово, што ги примаа разни раководители во зградата на тогашното Сојузно собрание во Белград, имаше повици за “одење докрај”, за функционирање на правната др­жа­ва, веројатно олицетворена во сликата на двајца полицајци на секој агол. Недостига уште Слободан Милошевиќ со своето историско ветување: “Никој не смее да ве тепа!”.
    Убиството во Тетово покажа како власта едноставно не знае да реагира. Претседателот на Републиката Киро Глигоров испрати телеграма со сочувство до семејството на загинатиот, уште и не дочекувајќи ги резултатите од истрагата, а за да не заостанат, истото го сторија и претседателот на Собранието Стојан Андов и премиерот Бранко Црвенковски. Тоа веќе му даде политичка заднина на убиството.
    Не се сеќавам дека претседателот на Републиката досега испраќал телеграми до семејства на настрадани во тепачка. Во Македонија имаше и убиства на цели семејства (Охрид, Струмица), па ако веќе претседателот и испратил некаква телеграма, сигурно државната телевизија не го емитувала интегралниот текст на централните вести.
    Зборовите изречени од некои тетовски жени на говорницата во Собранието беа поразни. Некој да вели дека ќе оди да бара помош од Србија, да ни ја суреди ситуацијата во Македонија како на Косово, е веќе доволен повод за загриженост. Нашите раководители ја посетуваат западна Македонија само на положување камен-темелници, на организирани прослави и софри и кога патуваат со мерцеде­сите на патот кон Охрид.

    4. Започна акцијата на потиснување на српските војници од стратегискиот врв Стража кај Крива Паланка, што ја најави министерот за одбрана Владо Поповски. На скопските пазари нагло скокна цената на доматите. Производството патува за Србија. Ги потиснуваме Србите со домати.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира