ДЕДО НА НАЦИЈАТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:177:"Поповитеивладицитебегалеодчасовитеповеронаукакогаизамолењевцркванаплаќаатвлезница

    1 Завчера се вратив од одмор. Не бев дома речиси три недели, ама гледам дека с е исто како пред да заминам. Тоа е утехата кога живееш во Македонија. Тоа е убавината. Секогаш кога ќе заминеш, знаеш дека ништо нема да пропуштиш. С е исто. Само јас сум поодморен и можам со повеќе хумор да ја прифаќам нашата реалност.
    Исти се луѓето што се јавуваат на утринските емисии. Исти се и вестите. Оти само во Македонија постои медиумскиот феномен да се репризираат вести ако не си гледал вчера, ќе си ги гледаш следниот ден сабајле. Па не знаеш кога се случил настанот. Ама тоа не е ни важно. Оти времето стои и с се повторува.
    Забележав само дека ги нема дрвјата на Илинденска. Тој настан го следев од далеку. Ми раскажаа дека личел на показна полициска вежба. Имало по тројца полицајци на едно дрво.
    Ме зачуди што во целата драма никаде го немаше оперскиот пејач Борис Трајанов. Кога ја водеше акцијата “Засади ја својата иднина” н бомбардираше со денови да излеземе по планините и да садиме дрвја. И тоа во работен ден, па прогласувавме работни саботи. Кога се сечеше најстариот дрворед во Македонија Борис Трајанов никаде го немаше. Затоа што тој ја сади иднината. Не го интересира минатото.
    Ја немаше ни пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска. Таа е ревносен екологист. И за помали работи секогаш има нешто да каже. Ама еколошките стандарди за неа важат само ако со нив не се поткопува рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. За мир во коалицијата и екологистката Лиле ги одмолча дрвјата на Илинденска.
    Тие дрвја едноставно мораше да бидат исечени. Некои биле посадени пред Втората светска војна, а некои непосредно по војната. Затоа и не треба да ги жалиме. Оти ги саделе во српско време, а ги обновувале комунистите.
    Бидејќи Коце Трајановски вели дека води сметка за сите скопјани, тогаш не треба да запре само на тоа што потсетува на Србите и на комунистите. За да не се сеќаваме на петте века турско ропство, нека ги исече и дрвјата во Градски парк.

    2 На новиот претседател Ѓорге Иванов му паднал рејтингот. Од 2 отсто колку што имаше непосредно по изборот, сега има само еден отсто.
    Ѓоле погрешно го сфатил местото што како претседател го има во Уставот. Тој треба да биде “татко на нацијата”. А не “дедо на нацијата”. Наместо да биде професорот Ѓоле Иванов кого го почитувавме и секогаш го баравме за изјави оти зборот му се ценеше, ние сега добивме претседател кој трудејќи се да биде популист, ни раскажува приказни. Па наместо да го слушам Барак Обама, го слушам дедо Киро Глигоров со досетки за внуците. Наместо да презема акција и да му ги мерам зборовите кога ќе каже нешто, јас го вртам каналот на телевизија оти е поздодевен и од рекламите за космодиск.

    3 Прочитав дека МПЦ не ја дава Света Софија во Охрид за одржувања концерти. Поточно, ја дава, ама Охридско лето мора да плати за тоа. Значи, сите ние, со даноците што ги плаќаме, цела година даваме пари за одржување на споменикот Света Софија, а поповите не ја даваат за без пари ни пет пати годишно, за концерти на најголемата меѓународна културна манифестација во земјата.
    Не само тоа. Во Охрид не смееш ни да се помолиш, а да не им платиш на поповите. И свеќа да сакаш да запалиш, мора да купиш влезница.
    Света Софија не е само верски објект, туку пред с е културно богатство кое ни припаѓа на сите нас. Од наши пари како даночни обврзници се плаќа одржувањето и обновата на тој споменик. И ако веќе некој наплаќа за влез, или каква било такса за Света Софија и за другите охридски цркви што ги посетуваат туристи, тоа треба да е државата. За да може после да ги вложи во обнова и одржување на споменикот. А не парите пак да одат кај поповите кои наместо да и дадат на државата барем пет концерти со кои ќе се промовира и во странство, уште и ќе и наплатат.
    Добар пример даваат. И тоа во име на Бога.
    Само не знам како премиерот Груевски не го изнервирала оваа уцена околу Охридско лето. И не знам како и по овој пример на алчност на МПЦ ќе има образ и тој и министрите на Владата да одлучат да и дадат на МПЦ повластена цена за земјиштето на плоштадот Македонија за да си изгради црква.
    Не треба премиерот да се секира како да најде начин повторно да ја воведе веронауката во школо. Нека најде начин како веронауката да ја воведе во црквата. Оти, очигледно поповите и владиците и во средно богословско, а и на факултет бегале од тие часови.

    4 Пратеничката Радмила Шеќеринска беше шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ за претседателките избори во Киргистан. Вчера во Бишкек држела прес конференција и рекла дека изборите не ги исполниле клучните меѓународни стандарди и ги оценила како разочарувачки.
    Ете една корисна размена на искуства за нашата Рада. По изборите во Киргистан, следните избори во Македонија ќе и изгледаат шведски.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира