ДИЈАМАНТСКИ ОПИНОК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:117:"Слободаимаме.Нифалатуштеавиокомпаниизадаимамесообраќај.

    1 Зошто одеднаш на сите им текна да се грижат за бранителите? Зошто тоа не го направија во 2001 година, кога војната беше изгубена? Знаеме што правеа бранителите 11 години. Пишувавме како се влечкаа по судови и како ги деградираа и ги понижуваа на работните места во полицијата и во Армијата. Ама не знаеме што правеа за бранителите прво СДСМ, а од 2006 година и ВМРО-ДПМНЕ. Па сега ќе паѓа Влада, па ќе се распушта Собранието, па ќе прават нови избори, и така до очај… Со секоја нова меѓуетничка криза и со секои наредни избори, албанските политички партии добиваат сe повеќе. А обичните луѓе, баш ми е гајле дали се Македонци или Албанци, сe помалку. Почнувајќи од роденденската журка на Тетовскиот универзитет која ја расипуваше Фрчко, преку битката за знамето на Бранко против Руфи Османи во Гостивар, па сe до совладувањето на бандитите на Тетовското кале, кои потоа прераснаа во терористи што се претворија во збир на некакви три букви од азбуката, и на крај во август 2001 година завршија како борци за човекови права. Сега веќе и АРМ им се поклонува на храброста.
    А сe почна од ПДП, која побара на Педагошката академија во Скопје да се води евиденција и на албански јазик… И Антонио Милошоски и Филип Петровски штрајкуваа со глад пред Парламентот.
    2 Ние во Македонија можеме да си измислиме една машина која ќе ни го рециклира времето. И по 21 година, повторно ја тераме истата приказна. Македонци Албанци. Со овој македонски изум можеме да заштедиме пари барем во медиумскиот бизнис. Ние во весниците ќе си ги објавуваме старите насловни страници, а на телевизија ќе се репризираат вестите од деведесеттите години. Сe е исто. Со мали нијанси во имињата на некои партии. И тектук некое ново име во политиката. Вчера се сетив на еден поднаслов: Дај да се распукаме за да остане Љубчо на власт. Поднасловот е од Сакам да кажам, објавен на 16 јуни 2001 година.
    Сe е исто како што било. Иде школска година, малку криза во “Нико Нестор” во Струга, добро е што “Зеф Љуш Марку” навреме е евакуирана од Карпош во Скопје Север, па малку палење македонско, малку албанско знаме, па тепачка Комити Шверцери, па уште една тепачка Војводи Балисти, па црква ваму, џамија таму, па некој камен по воз, по некое ноже во автобус, па глумење масовни труења по школите… Ќе дојдат и Американците, ќе се јават и од Брисел, па ќе пратат заедничко соопштение од амбасадите на САД и на ЕУ, ќе шетаат албанските лидери по амбасадите, ќе ги сликаме странските амбасадори пред седиштата на партиите, кај и да е, и од ОБСЕ ќе дадат некоја изјава… И овие од “Аман” што протестираат против поскапувањата ќе се повлечат. Море ако треба сe нека поскапи, само да нема војна.
    Е затоа и во рекламите Македонија е вечна. Затоа што 21 година цела вечност ни се виде. А за да биде трагедијата уште помакедонска, кога ќе излеземе од оваа вечност, ќе нe чека Грција. Е таа вечност ќе трае долго.
    3 Фино што по прашањето на бранителите се обединија дури и Никола и Бранко. Ама глупаво е што со тоа ни се продава тезата дека и двајцата ги споил национализмот. Во Македонија ни национализам не може да се одглуми. Да имаше национализам, уште пред 21 година ќе се случеше нешто драматично. За каков национализам зборуваме во држава во која 21 година не можеме да ги дефинираме националните интереси?
    Така било во 1903. Така било во 19121913. Така било во 1919. Така било во 1941. Така било во 1943, па во 1945. Па после дојде 1991, па 2001, и еве, кај и да е, и 2014 ќе дојде. Една песна нe погодила во срце и со радост си ја пееме еве веќе втор век: “Народе македонски, со какви идеи си ти?”
    И кој сега се обидува да се прави националист?
    4 Обединувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се одвива и меѓу пониските ешалони. Ги обединува љубовта кон Цеца. И кон српскиот турбофолк воопшто.
    Тоа што го направи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески пред три години, ова лето го направи градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Ја викна српската турбофолкерка, сопруга на воениот злосторник Аркан и обвинета за учество во атентатот на српскиот премиер Ѓинѓиќ, за пари на граѓаните да пее на Плоштад. Ќе дојдеше Цеца и порано, ама не можеше. Лани беше во домашен притвор.
    Е тоа е очај. Која народна опозиција ќе те спасува од оваа ненародна власт? Опозиционен градоначалник, башка високопрофилен политичар во партијата со државни пари ја плаќа Цеца да му пее, па плус и се радува оти таа му рекла дека ќе стане премиер. Оф леле, мајко. Оти таа има искуство со премиери. Со Ѓинѓиќ, на пример….
    И сега каде е новиот партнер на СДСМ Љубчо од ВМРОНародна да го одликува Заев за овој културен патриотизам. Ако му дадоа на Марјан од Прилеп “Златна шајкача” оти ја донесе Лепа Брена, партнерот Заев заслужил најмалку “Платинеста шајкача”. Или “Дијамантски опинок”.
    Знаев дека половина од СДСМовците се на привремена работа во ВМРО-ДПМНЕ. Ама се откри дека барем еден ВМРОвец е на привремена работа во СДСМ. Се вика Зоран Заев. Гради цркви и плаќа српски турбофолкерки. Баш ќе му личи одликувањето.
    5 В година заборавете ја Грција. Сите македонски авиокомпании од Скопје ќе летаат директно за Њујорк. Така рече министерот за транспорт Миле Јанакиески кога се потпиша договорот за слободен воздушен сообраќај со САД.
    Слобода имаме. Само уште авиокомпании ни фалат. За да имаме сообраќај.
    6 На новиот Мост на уметноста во Скопје секој ден се носат по неколку скулптури на истакнати дејци. Треба да ги има 29. Кога ги гледам, ми личат на фигуринките од “Не лути се човече”. Како некој да фрлил коцка и ги растурил.
    Има симболика што мостот ги спојува десната и левата страна на Вардар. Бидејќи во очите на националистите Вардар го дели Скопје на македонска и албанска страна. Во чест на следното помирување кое сетики ќе се случи и по оваа криза, предлагам Мостот на уметноста да се прекрсти во “Не лути се човече”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира