ДИВ ЗАПАД

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:141:"Зош­тоВла­да­танесепре­се­ливоша­тор,падаима­мевис­тин­скицир­кус

    1. Сре­ќа што де­не­ска е молк, па Ци­ле ќе нé пош­те­ди од не­го­ви­те из­ја­ви за из­ле­гу­ва­ње или за ос­та­ну­ва­ње во ко­а­ли­ци­ја­та. Се­кои пет ми­ну­ти ни да­ва­ше раз­лич­ни из­ја­ви, па нé збу­ни. Кој­знае да­ли и са­ми­от знае как­ва из­ја­ва се­га до­а­ѓа на ред.
    Не­го­ви­те ми­нис­три, уг­лед­ни уни­вер­зи­тет­ски про­фе­со­ри и ин­те­лек­ту­ал­ци, се од­не­су­ва­ат ка­ко де­ца. Бе­га­ат од час, па пос­ле ба­ра­ат оп­рав­да­ние од Ци­ле. Ги нав­ре­дил Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски. Им приз­на­ва оп­рав­да­ние са­мо лич­но од Ци­ле. Пис­ме­но­то не го сме­та за се­ри­оз­но.
    Се­га учи­те­лот ре­шил да им прос­ти на про­фе­со­ри­те. Му тре­ба­ат до­де­ка да за­вр­шат из­бо­ри­те. Пос­ле, ако не би­дат мир­ни на час, пак ќе ги из­бр­ка.

    2. Ми­нис­три­те на ДА ја на­пуш­ти­ја сед­ни­ца­та на Вла­да­та. Иа­ко ко­а­ли­ци­ја­та сé уш­те офи­ци­јал­но не е рас­ки­на­та, тие во мо­мен­тов се над­вор. Да­ли тоа зна­чи де­ка ко­га и офи­ци­јал­но Љуб­чо и Ци­ле ќе об­ја­ват де­ка се ска­ра­ле, ми­нис­три­те ќе одат по­над­вор.
    Од ми­нис­три­те на ДА, на сед­ни­ца­та ос­та­на са­мо Пав­ле Тра­ја­нов. Не са­ка да ги об­но­ву­ва ста­ри­те ра­ни. ДА има осум ми­нис­три. Пав­ле не са­ка пов­тор­но да би­де еден од осум­те­ми­на.

    3. Не тре­ба лу­ѓе­то тол­ку да се се­ки­ра­ат што ќе ста­не со Вла­да­та и кој как­ва од­лу­ка ќе до­не­се. Не тре­ба ни да им ве­ру­ва­ат на раз­ни из­во­ри. Не­ка слу­ша­ат са­мо што ќе ре­ши цен­трал­ни­от ко­ми­тет на ВМРО-ДПМНЕ. Ту­каш­ни­те лу­ѓе се на­у­че­ни да му ве­ру­ва­ат са­мо на ЦК, па овие про­ме­ни­ве лес­но ги под­не­су­ва­ат.
    Ете, и пок­рај за­ми­ну­ва­ње­то на ми­нис­три­те од ДА, Вла­да­та про­дол­жи со сед­ни­ца­та и до­не­се зак­лу­чо­ци. Зна­чи, ВМРО-ДПМНЕ се­ко­гаш има ал­тер­на­ти­ва за ал­тер­на­тив­ци­те. Тоа по­ка­жу­ва де­ка таа и досе­га не фун­кци­о­ни­ра­ла ка­ко Вла­да, ту­ку ка­ко па­ра­др­жа­вен ор­ган. Ми­нис­три­те си ра­бо­те­ле ед­но, за­ме­ни­ци­те дру­го, а ЦК си ја спро­ве­ду­вал по­ли­ти­ка­та.
    Впро­чем, пре­ку фун­кци­о­ни­ра­ње­то на Вла­да­та, Дос­та Ди­мов­ска го спро­ве­ду­ва тоа што го пре­да­ва­ла ка­ко про­фе­сор­ка во сред­но учи­лиш­те. Во Вла­да­та на Ма­ке­до­ни­ја, Дос­та веж­ба мар­кси­зам.
    Во прак­ти­ку­ва­ње­то на мар­ксиз­мот си­те од­лу­ки се но­сат во ЦК. И о­на­ка, Вла­да­та е ор­ган кој са­мо тре­ба да ги пот­вр­ди и спро­ве­де од­лу­ки­те на пар­ти­ја­та. Пар­ла­мен­тот по­ве­ќе не е ин­те­ре­сен, ду­ри ни ка­ко кук­ле­на прет­ста­ва. А во сог­лас­ност со мар­ксиз­мот, и судс­тво­то не е ва­лид­но. Не­ли вис­тин­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри го приз­на­ва­ат са­мо су­дот на сво­ја­та пар­ти­ја.

    4. Љу­бов­та ме­ѓу Љуб­чо и Ци­ле поч­ну­ва да за­ли­чу­ва на аме­ри­кан­ска ме­лод­ра­ма. Пар­тне­ри­те пос­то­ја­но се ка­ра­ат, се из­не­ве­ру­ва­ат, пла­чат кај при­ја­те­ли­те, па пак ќе се сми­рат, па пак ќе се ска­ра­ат, ако тре­ба и ќе се на­те­па­ат… И на крај, среќ­ни и ве­се­ли, ќе за­ми­нат за­ед­но во Ве­не­ци­ја, на ро­ман­тич­но па­ту­ва­ње ка­де што пов­тор­но ќе се раз­го­ри за­ем­на­та љу­бов.
    Е, на­ши­ве ро­ман­ти­ча­ри не одат во Ве­не­ци­ја. Тие на по­ми­ру­ва­ње одат во аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да. Не­ма гон­до­ли. Не е тол­ку ро­ман­тич­но, ама по­ев­ти­но е.
    Ко­га чо­век ќе из­брои кол­ку ра­бо­ти за­вр­ши­ла аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да и за вре­ме на оваа и за вре­ме на ми­на­та­та вла­да, не е ло­шо се­диш­те­то на Вла­да­та да го пре­се­ли­ме та­му. Коц­ки­те кај Вар­дар мо­же да му се про­да­дат на Стој­ме­нов за сто­ков­на ку­ќа, а Љуб­чо, со­се ми­нис­три­те, не­ка се пре­се­ли до ка­би­не­тот на аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­дор. Ду­ри и ад­ре­са­та не тре­ба да се ме­ну­ва. И две­те згра­ди се на ис­та ули­ца. Па не­ка му ја мис­лат Аме­ри­кан­ци­те, ко­га не им ка­жаа на Љуб­чо и на Ци­ле по­ра­но да­ли им е доз­во­ле­но да се ка­ра­ат или не.
    Ако, пак, ам­ба­са­да­та е со ог­ра­ни­чен ка­па­ци­тет, па не мо­же да ја при­ми це­ла­та ма­ке­дон­ска Вла­да, на пар­кин­гот отс­про­ти­ва мо­же да се рас­пне го­лем ша­тор. Тој од­го­ва­ра мно­гу по­ве­ќе на ак­тив­нос­ти­те на ми­нис­три­те. То­гаш не­ма да би­дат нав­ре­де­ни де­ка се – цир­кус. Во тој слу­чај, и Ци­ле, со­се не­го­ви­те ми­нис­три, не­ма да мо­же да се фо­ли­ра де­ка из­ле­гу­ва над­вор, а всуш­ност ос­та­нал внат­ре. Ко­га е ша­тор во пра­ша­ње, не­ма ди­ле­ми. Штом из­ле­гу­ваш, вед­наш си над­вор.

    5. Доб­ро е што дој­де Бер­нар Куш­нер од Ко­со­во, за да ни ги от­во­ри очи­те. До не­го­во­то до­а­ѓа­ње, ние си мис­лев­ме де­ка сме би­ле др­жа­ва. А тоа, ние сме ти би­ле вра­та. Вле­зи – из­ле­зи…
    Спо­ред тоа ка­ко из­гле­да вра­та­та кон Ко­со­во, из­гле­да де­ка ние не сме обич­на вра­та. Ние сме вра­та за кла­те­ње. Ка­ко оние оние низ кои вле­гу­ва­ат и из­ле­гу­ва­ат ка­у­бои­те во са­лу­ни­те на Ди­ви­от За­пад. Са­мо нé шу­ти­ра­ат со чиз­ми­те.
    Ше­ри­фот Куш­нер нам, ка­ко на прет­став­ни­ци на вра­та­та ко­ја ва­жи за при­мер на из­држ­ли­вост на Бал­ка­нот (кол­ку и да ја шу­ти­раш со но­зе­те, др­во е, не ре­а­ги­ра), ни ги по­ка­жа но­ви­те ре­гис­тар­ски таб­лич­ки за Ко­со­во. Не за да нé убе­ди во нив­ни­те убе­ду­ва­ња де­ка Ко­со­во е дел од Ср­би­ја и Ју­гос­ла­ви­ја, ту­ку ка­ко пре­по­ра­ка: “Гле­да­те што ве че­ка, ако не са­ка­те да би­де­те вра­та. Ќе ви нап­ра­ви­ме вак­ви таб­лич­ки, ако не ја нап­ра­ви­те др­жа­ва­та ка­ко што ви ка­жу­ва­ме ние!”
    Ко­га чо­век по­доб­ро ќе раз­мис­ли, 10 го­ди­ни не­за­вис­на др­жа­ва и не е не­ко­ја ма­ла ра­бо­та. Во од­нос на 12-те де­на Кру­шев­ска Ре­пуб­ли­ка, ова е зна­чителен нап­ре­док. Белки ќе ни доз­во­лат да ѝ се по­ра­ду­ва­ме уш­те две го­ди­ни на др­жа­ва­та, за да мо­же пос­ле во ис­то­ри­ја­та да пи­шу­ва­ат де­ка сме пос­тиг­на­ле не­ве­ро­јат­ни ре­зул­та­ти. Де­нот сме го прет­во­ри­ле во го­ди­на. Два­на­е­сет де­на Кру­шев­ска Ре­пуб­ли­ка, два­на­е­сет го­ди­ни Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари