ДЛАБОКО ГРЛО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:35:"Битоланемаограда!

    1 Утре почнува самитот на НАТО во Чикаго. На кој Македонија оди без очекувања. Се изначитав секакви шпекулации, но најинтересно ми беше кога ги објавија транскриптите од консултациите кај грчкиот претседател Папуљас за формирање нова влада. Лидерите на партиите девет дена се мачеа кој да состави влада, го мачеа цел свет со неизвесноста, ги уриваа берзите, земјата им е пред банкрот, ама за Македонија немаат дилема. Ако некој во Чикаго го отвори прашањето за Македонија, одговорот на Грција се знае. Вето. И тој збор вето го повторуваат неколку пати, иако знаат дека разговорот се снима. И знаат дека има хашка пресуда која забранува грчко вето за Македонија.
    Ме интересира како грчкото очигледно вето во Чикаго нема да биде вето во објаснувањата на генералниот секретар Расмусен и земјите членки. Туку ќе биде консензус и солидарност. И пак одново се прашувам за какво почитување на владеењето на правото ни зборуваат нам кога ќе дојдат во Македонија? Ем држат лекции ем изразуваат загриженост што ни се случува.
    Загрижени? Како да не? За своите пари тие се загрижени. Им е гајле ним за Македонија. С додека н држат изолирани поради Грција, ние ќе тонеме. Рампа ваму, царина таму, пасош ваму, декларација таму, протест ваму, тепачка таму, убиство ваму, апсење таму, вакви радикали, такви радикали…
    Сепак, има место за оптимизам. Ако не н примат на овој самит, ќе н примат на некој друг. Ние барем време за чекање имаме колку што сакаш. Иако веќе се плашам дека и времето ни истекува.
    Што да правиме два милиона луѓе пикнати во црна дупка среде Европа, освен да се испотепаме меѓу себе. Едните, демек, прават нов бран, ќе се освежувале за да ја придвижат Македонија напред оти малку им беа шест години, а другите ќе прават митинзи за да н спасат од Груевски оти не н придвижил шест години. А партиите на Албанците, како дежурни чувари на мирот и дежурни за глумење жртва, им намигнуваат и на едните и на другите.
    2 Дваесет години сите грчките политичари се согласуваат само во едно. Не за Македонија. Дваесет години сите македонски политичари не успеаја да се договорат што е државен интерес за Македонија и кога ќе затреба сите да застанат да го бранат.
    И затоа, по 20 години самостојна држава и на два дена пред уште еден НАТО самит од кој нема што да очекуваме, ние сфаќаме дека единствениот државен интерес на македонските политичари е – да нема државен интерес.
    3 Кога дојде комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе, се шокиравме колку убаво зборуваше за Владата. Си помислив, да не трепнавме, па да не пропуштивме нешто и не сме виделе колку сме напреднале, колку Владата ни станала демократска, колку Македонија станала една убава европска држава за живеење. Тоа беше 7 мај. Филе ја пофали Владата оти гледал “нова динамика со поставување на европската агенда во центарот на јавната дебата”.
    Два дена подоцна, по повод 9 мај – Денот на Европа, Филе зборуваше за проширувањето и ги спомена Хрватска, Црна Гора и Србија. Македонија ја заборави.
    Кога “Дневник” го праша портпаролот зошто еврокомесарот ја заборавил Македонија на 9 мај, одговорија дека Македонија намерно не е спомената оти “нема резултати на европскиот пат од добро познати причини”.
    Луѓе поретко гаќи менуваат отколку што Филе менува ставови. Од добро познати причини. И ние од него и од таа Европска комисија чекаме нешто!? Што можеме да дочекаме? Ова ние во Македонија го викаме апла евтин курверај. Или педерлак, ама не како сексуална ориентација туку како карактерна особина. Ама ова на Филе се вика педер без карактер. Од добро познати причини, како што би рекол неговиот портпарол.
    4 Додека сите македонски влади постојано ги реафирмираат членството во ЕУ и НАТО како врвни приоритети на Македонија, бизнисот мора да врви. Партиските усти мора да се нахранат. При што, секојдневно сум фасциниран од креативноста со која власта си ги дефинира приоритетите.
    Еве најсвеж пример: Четири веледрогерии не доставувале цитостатици за болните од рак, оти државната Клиника за онкологија им должела милион евра. Ама затоа, пак, државната Агенција за електронски комуникации имала фазла пари, па решила за еден милион евра да се рекламира себеси.
    Има логика? Има. Ако ограда на мост во центарот на Скопје може да чини милион и кусур илјади евра (забележувате дека веќе не ги броиме стотиците и илјадниците, дека зборуваме само за милиони), тогаш и болните од рак нема зошто да добиваат цитостатици кога на АЕК и треба реклама.
    5 Битола веќе сериозно заостанува зад Скопје. Досега навивачите скандираа “Битола нема аеродром”. Сега, кога Коце ќе ја направи оградата од милион и кусур илјади евра, новото скандирање ќе биде “Битола нема ограда”.
    6 СДСМ најави серија митинзи во текот на летото со прецизно дефинирани датуми. Ај честито!
    Бранко секој април, секој септември, секој јуни најавуваше, ту пролетна, ту есенска офанзива. И така, сто пати изгубија на избори. И поминаа шест години. Да не споменувам колку влади им се исушија во сенка. Среќа што овој пат во летната офанизива ги кажаа и датумите. Па белки ќе мора и да ги одржат.
    7 МВР склучи договор за соработка со Факултетот за драмски уметности. Сценаристите ќе пишуваат сценарија за криминални ситуации, режисерите ќе режираат, глумците ќе играат бандити и полицајци, а полицајците ќе седат во публика и ќе учат како граѓански да се однесуваат.
    Бидејќи МВР на сите акции им става звучни имиња, за оваа им предлагам филмско име. Легендарна класика. Акцијата МВР-ФДУ да се вика “Длабоко грло”.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира