Добро утро

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:72:"Фровиквратисе,ќенитребановкоридор

    1. Ало, нарачавте будење. Џафери овде. Добро утро, Македонијо! Доста спиевте педесет години.
    Убаво си кажа човекот пред десетина дена дека сега сме се буделе од сонот наречен мултиетничка Македонија. Сонот бил илузија. Ама ние не му верувавме. Сакавме да си поспиеме уште малку.
    Е па така си е тоа. Кој рано рани, територија граби. Спанковците остануваат и без држава.

    2. А кој губи, има право и да се лути. Затоа нам секогаш ни се криви другите. И ЕУ, и НАТО, и Фровик, и Грифитс, и американската амбасада, и КФОР…
    Сега крив ни е и Џафери. Кој пред само неколку месеци, за премиерот Љубчо Георгиевски беше многу чесен и принципиелен. Што е факт. Џафери никогаш не избегал од принципите. Тој секогаш кажуваше што сака. И тоа што го сака, им го напиша на терористите. Барем така изјави – дека не ја прифатил тој платформата на ОНА, туку ОНА неговата. Така што, додека Љубчо и Бранко се чудат што ги снашло, Џафери оди сигурен на следните избори. На нив, најреални шанси да победи има само УЧК. Само тие остварија сè што ветија.

    3. Во меѓувреме, Бранко и Љубчо си ги сменија местата. Сега ВМРО-вецот Љубчо се дружи со Србите против Албанците, а албанофобот и србокомунистот Бранко ги брани НАТО и американскиот генерал. Што ти била власта. Бранко не е ни во Владата, а ја брани повеќе од Љубчо. Па уште кога ги видов Владо Бучковски и Илинка Митрева, како по враќањето од Брисел се фалеа за невидената поддршка што ја добила Македонија, си помислив да не се преправил Керим во нивна облека, за да остане во Владата. За Илинка беше срамно да ја поддржува Владата на Георгиевски, а сега одеднаш се пресрами. Тие во Брисел – чуда прават.
    И сега – за кого да гласаме?
    Туку, дај да ургираме преку ЦИА да ни го врати Фровик. Нека смисли нов план “коридор”.  За македонските политичари. Да ги пуштиме безбедно да си заминат.

    4. Отсекогаш за Македонците се зборувало во деминутив. Дури и во војна кога оделе нашите, пееле песни “А бре МАКЕДОНЧЕ”. Тоа е затоа што така одговара на возрасната структура што ја имаме во главата. Еве, и сега како малолетни деца им веруваме дека ЕУ и САД го карале Џафери. А тој од амбасадата на САД излезе уште посилен, отколку кога влезе. Веројатно ја доусогласувал верзијата на платформата.
    Американскиот генерал Грифитс ја снабдувал преправената УЧК во Косовски заштитен корпус со оружје. Сега ја советува АРМ. Ја советуваше и во времето на Лазе Китановски. Американец е човекот. Кај нив се знае. Доларот го врти светот, а не пак  заспаните и малолетни Македонци.
    ЕУ порачува: ОНА оди си, а од друга страна, во куќата на Али Ахмети во Призрен генералот на НАТО Ајф преговара со човекот што ја презеде одговорноста за масакрот на осумтемина војници и полицајци на Шара. Призрен е во косовскиот сектор што го контролираат Германците. Заднинската единица на германскиот контингент во Македонија е во Тетово.  Јошка Фишер ја осуди ОНА и ние се израдувавме. Како деца. Зашто не сакаме да пораснеме и да си ја земеме во свои раце одговорноста за сопствениот живот и за постапките.

    5. Најдобар доказ за малолетноста е Љубе Бошкоски. Се радува како мало дете на секој испукан куршум. Самиот рече дека многу го обожавале. Штета за костумот. Баш убаво му стоеше онака стокмен, среде полето и неугледните новинари што ги стави на пушкомет од терористите. Како булки крај шините.
    Љубе им порача на новинарите да се долижат до него. Биле безбедни покрај министерот. А најбезбедни се ако се што подалеку од него.
    6. Сите гледаат да си го решат проблемот. Џафери го решава проблемот на Албанците, меѓународната заедница својот проблем на Косово, Србите – јужна Србија, сега и Бугарите побрзаа да се договорат со Џафери дали ќе одат само до Охрид или ќе им ја даде и Струга поради браќата Миладиновци. И сите имаат некакво решение за кризата. Само Македонија чека решение од страна. Сите добиваат. Само Македонија губи.

    7. Знаете ли зошто шефот на кабинетот на претседателот на државата Зоран Јолевски отпатува за Пекинг. Го испратил  Борис да собере искуства. Да види како се води мултиетнички дијалог во Кина.
    Ако има време, нека тркне и до Тибет. Тоа е посебен урнек за мултиетничка демократија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира