ДРЖАВА (…)

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:180:"ВорамкитенамеркитезаградењедовербасоГрцијамомчињатаодБитолаќемораатдасезакалуѓерат

    1. Американскиот високотиражен дневник “Асахи цајтунг”, близок до Клинто­новата администрација, повикувајќи се на спогодбата за добрососедство и ненапаѓање со “Вечер дејли”, по супер тајни канали, преку упатствата за употреба на хуманитарната програма “ЕКО”, ѝ го достави на рубриката “Сакам да кажам” текстот на нацрт-спогодбата меѓу Република Грција и Република (…), кој копретседавачите на конференцијата за бивша Југославија Венс и Овен им го понудиле на двете заинтересирани страни за размислување.
    Ексклузивно Ви презентираме најзначајни делови од спогодбата:
    Член 1: Република Грција и Република (…) се спогодија државата што сега го злоупотребува името “Триточки” во иднина да го употребува за секаква офи­цијална употреба името (!?). Републиката “Извичник прашалник” се обврзува и понатаму да се однесува збунето, на тој начин оправдувајќи го името што ѝ е дадено.
    Член 2: Граѓаните на (!?) се обврзуваат дека, иако по дефиниција треба секогаш да бидат зачудени и збунети, во иднина нема да се чудат за кои места во Егејска Македонија станува збор кога ќе ги сретнат имињата: “Едеса, Флорина, Касторија, Тесалоники”… Децата во училиште ќе учат дека и Гоце Делчев бил потомок на Филипос, бидејќи бил роден во Килкис.
    Член 3: Република Грција, од своја страна, ќе се труди да се обидува да прави напори колку што е можно да влијае врз продавачите на маслинки на почетокот на улицата Игнација во Солун, кога ќе им мерат на купувачите со изградена мерка на доверба од државата (!?) да не им крадат пресметувајќи им од саламурата.
    Член 4: Граѓаните на Битола во иднина ќе го користат во официјална употреба името “Монастири” кога зборуваат за својот град. Општинското собрание, кое неодамна донесе одлука да не се плаќа претплата за програмата на МРТВ, ќе донесе одлука за задолжителна претплата на ТВ станиците “Мега” и Антена”. За да се зачува македонското културно-уметничко наследство, за внат­решна употреба сé уште ќе може да се пее песната “Битолчанки – љубов­џики”. Но, за да се усогласи со новото име Монастири, сите битолски момчиња ќе мора да преминат во калуѓери.
    Член 5: Република Грција ќе се обидува да настојува на своите граѓани да им препорача, кога ќе си ги  ладат нозете на брегот на Белото Море, да не плискаат многу низ водата, за да не ја потопат флотата танкери на Република (!?) кога тие ќе се движат од и кон бесцаринската зона во солунското пристаниште во долниот тек на реката Аксиос.
    Член 6: Договорот стапува во сила на денот кога ќе се разменат ратификаци­ите, кога лудиот дефинитивно ќе го зезне збунетиот. Кој е луд, а кој збунет, ќе оценат посредниците Венс и Овен. А Бадинтер може да си пукне од мака.

    2. Жива среќа што министерот Туше Гошев ги повлече измените на Кривич­ниот закон, според кои требаше “тој што ќе ја изложи на поруга Република Маке­донија, нејзиното знаме, грб или химна, претседателот на Републиката, Собранието, Владата, вооружените сили и претседателите на Собранието и на Владата во врска со вршењето на нивната функција” да се казни со затвор до три години.
    Како тргна работата во преговорите со Грција, особено со лицитирањето на понудите од типот “знаме за име”, ако се усвоеше ваков закон, ќе мораше да одлежат по три години затвор сите што го споменуваа знамето како предмет на отстапка од наша страна. Само, Владата  повлече правилен потег. Не е луда самата себе да си се казни.

    3. Инаку, од името на сите новинари во Македонија, си давам за право да го пофалам принципот на информирање што беспрекорно функционираше за цело време додека траеја преговорите во Њујорк. Врските со Атина беа беспрекорни, па така од грчките новинари дознававме сé што ни беше потребно.
    Во такви услови на координираност на преговарачката екипа во Њујорк, во Министерството за односи со странство и во новинските куќи, кои нестрпливо го чекаа враќањето на Стево Црвенковски, како првокласна сензација одекна веста емитувана во последниот дневник на Македонската телевизија, според која нашите ко­ле­ги “повикувајќи се на “контролата на летање на скопскиот аеродром” дознале дека Црвенковски си дошол дома. Приказната е уште поинте­ресна ако се знае де­ка големата телевизија тргнала по стапките на малата  при­ват­на станица “А-1”, чијшто главен извор биле механичарите на владиното авионче.
    Што ти се вика современо сфаќање на институцијата “односи со јавноста”!? Ние пак токму таа вечер затаивме. Нас обично нé информираат чистачките, кои само кога доаѓа некој “голем” ги празнат пепелниците во аеродромската сала. Ноќта кога пристигна Стево нашиот извор не беше на смена.

    4. Перспективите на животот што се отвораат по донесувањето на Законот за гаранција за депонираните девизни влогови во оваа и наредната година, се толку светли – до тука бидува! Своите девизи граѓаните ќе можат да ги подигаат или за лекување во странство, или за умирачки и свадби, или за патување во прекуокеан­ските земји, или пак ако се социјални случаи (за нив до 100 марки).
    Значи, ако имате многу пари на книшка и сакате разумно да ги искористите, државата ви препорачува сериозно да се разболите, по можност и да умрете (на роднините ќе им исплатат до илјада марки) или пак да фатите џенем, преку триста мориња и петсто океани, што подалеку од овде.
    Ви останува и четвртата варијанта. Стапете во брак со некого. Ако веќе еднаш сте ја завршиле таа работа, пробајте втор, трет … пат. Во тој случај веднаш станувате социјален проблем и пак ви следуваат по 100 марки за преживување. Кој вели дека мора да се умре?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира