ДУИНГ БИЗНИС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:143:"Македонијаданебешестварновечна,соваквиполитичариодамнаќејаснемаше

    1 Сиромашкиот инспектор. Додека раскажувал како ќе затвора дискотека, и се спремал да се појави на емисија на МТВ, тие да ти го снимале за Јутјуб. Како детално ја објаснува работата на една инспекција во Македонија, не е чудно со него да се направи и спот за Си-Ен-Ен. Од оние рекламните “Инвест ин Мацедониа”. Што ќе го качи рејтингот на листата “Дуинг бизнис ин Мацедониа”.
    Во три минути тајно снимен телефонски разговор меѓу државен инспектор и сопственик на дискотека е објаснета цела доктрина за водење бизнис. Го гледав клипчето неколку пати. Тоа е стварно клипче за Европска унија.
    Еден газда на дискотека бара од директорот на инспекторите да урниса друга дискотека. И директорот систематски му објаснува како тоа ќе го спроведе.
    “Тој ќе нема мир. Тој ќе биде постојано под наш надзор додека или ние не го затвориме, или сам не се откаже. Тука спас му нема”, вели директорот. А пред тоа сиромашкиот се правда дека имало фискални, имало с и не можеле да ја затворат, ама ќе му нашле нешто да му “шибнат 3.500 до 5.000 евра казна”. И плус советува да се јавеле анонимно во полиција, божем имало сомнеж за дрога во локалот. Да и најдат и на полицијата работа.
    Значи, да резимираме како се прави бизнис во Македонија. Една казна, па втора казна, па после ако сам не се откажеш, ќе ти го затворат бизнисот. Како вели директорот на инспекторите? “Тој ќе нема мир…Тука спас му нема”. Бизнис клима – нема зима.
    Бугарска шема: “Малко сос хубаво, малко муабет, малко ќотек, сичко ште признае. И пари ште даде…”.
    Еее, Македонија вечна. Речиси дваесет години божем демократско општество и пазарна економија градиме. И уште сме на нивото: Наша банда, ваша банда. А оваа власт се промовираше божем реформаторска. Па и такви директори поставила.
    Не се бунам јас против спроведување на законот. Ама се бунам оти не важи за сите еднакво. Од наша банда не ги казнуваме, а сите други ги казнуваме.
    Ако не можеш да обезбедиш да важи закон за сите подеднакво, тогаш немаш ни држава. А ние идентитетот го браниме. Како не? Криминалот го браниме.
    А Македонија да не беше стварно вечна, со вакви политичари одамна ќе ја снемаше.

    2 Поголем скандал од скандалот со директорот е тоа што аудиозаписот е излезен од прислушуван разговор на телефон.
    Тоа значи дека живееме во држава во која власта не само што не е способна да воведе владеење на правото, туку е неспособна и да го контролира прислушувањето и манипулациите со него.
    Во време на СДСМ имавме прислушувачка афера “Сина птица”. Во време на ВМРО-ДПМНЕ го имавме “Големото уво”. А сега веќе не се знае ни кој снима, ни кој слуша, ни кој пушта на Интернет.

    3 Ех да беше жива Мара Бунева. И да се најдеше од другата страна на Вардар, на собирот на новите ВМРО-вки во Македонската опера и балет. Што солзи ќе пролееше над тажаленката за косовските јунаци. Кутрата Мара, сигурно се превртува во гроб кога гледа како Косана ги негува традициите за кои таа се убила од спротивната страна на реката.
    Џабе банот на Вардарската бановина Прелиќ го отепа. Џабе шетала заедно со него на кејот на Вардар. Џабе куршуми арчела.
    Како тргнале нејзините наследнички на следниот собир и Видовдан ќе ја запеат.

    4 Шимпанзото Коко куртули. Ќе остане во Холандија. Таму му ги ценат вредностите. Не го пуштаат да се врати оти условите во Зоолошката градина во Скопје биле мизерни.
    Коко го пратија во Холандија оти бил депресивен. Да го лекуваат.
    Само мајмуни од Македонија може да останат во Холандија. Ние цела нација на “диазепам” живееме веќе 20 години, ама никој не отишол во Холандија да се лекува. А и да отишол, не гледам дека го задржале од сожалување. Дека тука нема добри услови.
    Не била добра зоолошката градина? Биле Холанѓаните во болницата во Бардовци и во Демир Хисар?

    5 Ние сме многу сочувствителен народ. Секој ден ни кажуваат на телевизија дека Грција ќе банкротира. И ние се загриживме. И побрзавме да ја спасуваме. За триесет отсто повеќе Македонци за една недела отишле на шопинг во Солун.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира