ДУПКАТА НА ЕВРОПА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:210:"Давидимечијаневестанастармиксермешаичијафризуранапрженкромидмириса,паќеодлучимезакогодагласаме

    1 Многу ми е ќеф дека и ВМРО-вците и СДСМ-овците читаат “Вест”. Само не очекував дека со текстови од Забавната рубрика ќе ги бијат главните битки во кампањата. Од сите работи за кои мислев дека ќе се судрат, тие се фатија за тоа кој поскапи чанти носел, кој поголема кола возел и кој има полуксузен стан.
    Бичиклиски ја нападна Радмила Шеќеринска дека се сликала по весници во викендичката во Маврово и носела скапи чанти. А од СДСМ, за да не бидат мрзливи, одговорија дека и сопругата на министерот за правда Михајло Маневски во “Вест” ја покажала својата скапа чанта.
    Мери им го умот и на едните и на другите. Ни нудат капитализам, а пропагираат сиромаштија. Маркс и Енгелс се превртуваат во гроб. Во Македонија и капитализмот добива нов лик.
    Затоа вчера одржавме вонреден редакциски колегиум. И најсериозно одлучивме дека отсега ќе ги следиме политичарите и ќе бележиме кој има постара чанта, подгазени чевли и ветво палто. Им ги нудиме насловните страници. “Денеска најевтина чанта носеше госпоѓа таа и таа”. Или “госпоѓата таа и таа е победник во категоријата најлоша фризура на неделата”. Ако нешто сме промашиле, ве молиме сами пријавете се. Не би било фер кон гласачкото тело некој да се преправи во сиромашен политичар, а луѓето тоа да не го видат. Како ќе проценат за кого да гласаат?
    Рубриката “Убави простори” во нашиот весник ќе ја прекрстиме во “Најгрди простори”. Нека се пријават кандидатите за пратеници што имаат најстара и најнеуредна кујна. Да видиме чија невеста на стар миксер меша и чија фризура на пржен кромид мириса.
    Луѓето обично секаде се борат за да одат напред. Само ние се гордееме ако се враќаме назад.
    Замислете на што би ни личел животот кога би мечателе за излижани ѓонови, ветви палта, демоде фустани, руси влакна со црн корен на подрасната коса и дупнати паричници? Дај да престанеме уште утре весниците да ги печатиме. Ќе ги продаваме старите. И онака истото го пишуваме веќе дваесет години. Се сеќавам дека во 1991 година на покоен Никола Кљусев мајката му ја расплакавме оти купил “тојота”. А човекот беше само премиер. И академик и универзитетски професор речиси цел работен век.
    На завршните митинзи Радмила ќе ја објавиме со демоде кошула и чевлите од апсолвентската вечер. Ај Рада, мора да страда. Сака да биде премиерка. Ама Боркица на Никола сиромашката… Ќе мора да и парира на Рада. Тамам си купи нови сандали, среде кампања ќе треба да позајмува носени чевли од другарките. И тоа од пред шест години. Додека уште не беше во коалиција со Никола.
    Слушам дека и Бобо на Рада бил во паника. Не може да си најде окер палто со широки ревери. Ќе шие на шнајдер според сеќавање и стари слики од матура..
    .
    2 Имаме ние и други теми за кои можат да фатат во кампањата. На пример, за името.
    Се согласија дека ќе има референдум. Ама сепак не сум оптимист дека барем околу тоа ќе постигнат консензус. Оти тие не можат разликата во гардеробата да ја надминат. А не пак разликата околу името.

    3 Друга тема е опасноста за повторното враќање на визите. Наместо да раскажуваат за коли и чанти, нека си го подберат коалициониот партнер што развезува азиланти.
    Ако ништо друго, барем нека ни откријат која амбасада ја спремаат да биде единствен апликативен центар за европски визи. Да отвориме фотокопирница. Барем од нешто конкректно да се збогатиме. И да ги извадиме народните носии. За да можеме да играме оро.

    4 Пред некој ден во здружена акција на Владата на Република Македонија, Катастарот, Општина Чашка и Влатко Ѓорчев беше откриен и свечено обележан центарот на Македонија.
    Таму беше поставено знаме и некое столче што личеше на тапа. И беше речено дека тоа ќе биде туристичка атракција. Нема пат, ама ќе се направи.
    За да може да се привлечат странски туристи ова место може да се рекламира како симбол на два значајни маркера. Тоа е центарот на Македонија. И во исто време дупката на Европа.
    Па кога некој ќе те опцуе: “Да одиш ти во п.м.”, да знаеш кај си тргнал. Во на Европа дупката. Ние сме тука цело време. И чекаме…Некој да ја дигне тапата. И да пушти вода.

    5 Некоја американска религиозна група предвиде дека тоа ќе биде на 21 мај. Некој ќе ја дигне тапата од центарот на Македонија, ќе ја отвори дупката и ќе пушти вода. Сите ние ќе отидеме со водата и тоа ќе биде пропаста на светот.
    Чекај бе… Па денеска е 21 мај.
    Ама ние не се плашиме од пропаста на светот. Затоа што Македонија е вечна. И затоа што одамна сме пропаднати.

    6 Прво со авиони фрлаа вакцини против беснило кај лисиците. Вакцините се маскирани во чоколатца.
    СДСМ нема авиони, ама оди од врата до врата. И идеите ги маскира во локуми и наполитанки.
    Би било убаво и ветеринарите да ја прошират акцијата. Да фрлат вакцини против беснило и по штабовите на партиите. Да може вакцината да дејствува до 5 јуни.
    Денеска во Скопје авионите ќе прскаат против комарци. Не е лошо Коце Трајановски да пушти дупла доза за време на некој митинг. Да ги предозира кандидатите за пратеници.
    Оти комарците ни ја цицаат крвта секое лето. А политичарите веќе 20 години. .

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира