ДУШКО И ЛИЛЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:162:"ЗадасезголемимеѓународниотугледнаМакедонија,ќесеукинатситеамбасадорскиместа

    1 Прво од Европската комисија во Брисел, демек, ја искараа Владата дека имала застој во реформите, ама сепак била за ЕУ.
    Потоа во Скопје премиерот беше изненаден колку поволен бил извештајот на Европската комисија, па дури си помисли и дека го пофалиле оти е на вистинскиот европски пат.
    А и тие во Брисел и ние во Скопје многу добро знаеме дека и со реформи и без реформи нема почеток на преговори со ЕУ додека не се реши спорот за името со Грција.
    Добро, верува ли воопшто некој во таа приказна во ситуација во која се наоѓа Грција денеска? Зарем во ЕУ веруваат дека Грција сака да го реши проблемот со нас? Какви преговори, какви Обединети нации, каков Метју Нимиц, какви предлози… Тие немаат бензин со денови, цела држава им е во хаос, некоја терористичка организација им убива новинари, а нам во Вашингтон и во Брисел ни велат да преговараме со нив за да влеземе во ЕУ. Оти не сакале увезени проблеми во Унијата. Во која ЕУ? Во истата каде што е и Грција и во која секој ден штрајкуваат разни групи оти требало да се усогласат со европското законодавство. Истото она кон кое треба да се усогласиме и ние. А Грција досега не морала. Оти тие се внатре, а ние сме надвор.
    Кој е лудиот, а кој е блесавиот во оваа наша смешна приказна за Македонија на патот кон ЕУ.

    2 Настрана што сум уверен дека дури и да се реши проблемот со Грција и да почнеме преговори за ЕУ, уште на првата станица ќе не пречека братска Бугарија. Уште сега се подготвуваат со приказната за непотпишувањето на некојси договор за пријателство и соработка. Каков што немаат потпишано други држави во ЕУ. Ама со соништата за Сан Стефано и цар Борис кои се уште се живи во европска Бугарија, којзнае уште колку Спаски Митреви ќе станат херои и пречки за влез на Македонија во ЕУ. Не се радувајте многу ако го решиме проблемот со Грците. Допрва ние со Бугарите ќе видиме што значи да се исполнуваат европски стандарди.

    3 Затоа министерот за надворешни работи Антонио Милошоски му завидува на Исланд. Тие ќе почнат преговори за членство во ЕУ оти ги немале Грците како комшии. Кога ние би биле Исланд, и ние би добиле датум за преговори.
    А зошто да се споредуваме со Исланд? Не би имале проблем ни со Грците ни со Бугарите кога би биле и Северна Дакота. Башка што веќе ќе си бевме во НАТО. Така што немаше да ни требаат преговори за ЕУ.

    4 Можам и да му поверувам на премиерот кога вели дека тој нема врска со отпуштањето новинари од Канал 5. Ама покрај демантот, очекував и нешто друго. Прво, да се изјави дека тој силно верува дека основа на секоја демократија е независното новинарство. И второ, да вети дека ќе се бори да создаде амбиент за развој на независно новинарство.
    Ама, не го стори тоа.
    Затоа што газдите на две телевизии се коалициони партнери на власта. И затоа што и самиот знае дека ниту Ѕинго ниту Стојменов ги држи до себе затоа што му се идеолошки блиски. Туку затоа што му требаат нивните телевизии. Исто како што и Ѕинго и Стојменов некогаш беа Бранкови. Не затоа што беа идеолошки блиски со СДСМ. Туку затоа што телевизиите му требаа на Бранко.
    Така што, Никола, сега прифати ја одговорноста и за отпуштањето на последната тура новинари. И престани да глумиш конфликт со Велија. Оти тој минатиот викенд бил на ручек со Бранко, ама зарем заборави дека пред неполна година беше на мекици кај тебе за раѓањето на твојата втора ќерка? Три и пиол години Велија со неговите весници ти го дигаше рејтингот. Сега решил да ти го спушти. Веројатно затоа што на Бранко му го ветува истото што ти го ветуваше и тебе пред четири години. И немој да се занесуваш дека ако почнеш да паѓаш, и другите нема да те напуштат. Ѕинго секогаш бил во добитна комбинација.
    Така што, Никола, тоа што си посеал, тоа ќе си жнееш.

    5 Фала ти, Велија, што се пофали дека ти си му кажал на Бранко како треба да изгледа идниот премиер. За да знам да не гласам за него.

    6 Очаен сум кога гледам во која држава живееме. Види ни го политичкото опкружување. Видете кого треба да симнеме и кого треба да донесеме на власт.
    Едните го апсат млекарот Душко, а другите го бранат. Едните ја напаѓаат стечајката Лиле оти го блокирала сообраќајот во Скопје, а другите ја поддржуваат. Идеолошката битка меѓу ВМРОДПМНЕ и СДСМ се сведе на Душко и Лиле.
    И врв на креативност им се отпечатени маици. Овие од СДСМ отпечатиле маички со ликот на Душко и натписот “Јас сум Душко, уапсете ме”. Исто како што и ВМРОДПМНЕ го испрати министерот Милошоски да се бори против визите во Брисел со маичка “Виза, не!”
    СДСМовците во Трново носеа кошули, па само нив ги слекоа за да им се видат маичките. Замислете да требаше во таа улога да биде Бранко. Ќе требаше среде јули со капут да се појави. Па кога ќе го соблече капутот, да се појави костум “Јас сум Заев, уапсете ме”. Па под костумот да се појави џемпер, “Јас сум октоподот, уловете ме”. Па под џемперот да има кошула “Јас сум министерот во тренерки, фатете ме”. Па под кошулата да има маичка “Успешна приватизација пофалете ме”. Така што соблекувајќи едно по едно парче облека, како симбол за криминалот, ќе стаса и до гаќите. На кои ќе се појави сиромашкиот Душко.

    7 Новиот амбасадор во НАТО ќе се бори против промена на името на државата. Неговите некогашни соученици се сеќаваат дека гимназија завршил како Димитар Треневски. Го викале Митко. Па после си го сменил името во Мартин.
    Македонија е на пат да го зголеми својот меѓународен углед. Поради немање пари, неколку амбасади ќе останат без амбасадори. За уште повеќе да се зголеми меѓународниот углед, најдобро е да се укинат сите амбасади. А за да станеме ептен почитуван меѓународен фактор, нека се укине и МНР.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира