ДВА ЧАСА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:110:"ГаздаВелијастанабенчмаркзавлезвоЕУ,аВладатагослави

    1 Добивме препорака за преговори. Добро. И додека спонтано бацувавме европски знамиња пред Владата, европските бирократи на најевропски начин ни соопштија: Решение на спорот за името не е услов за влез во ЕУ, но ако сакате да влезете во ЕУ ќе мора да го решите.
    И сега ми раскажуваат дека баш ова е златен момент за решавање на спорот за името со Грција. И дека многу им е важно да го решиме тој проблем. За наше добро. Не за друго.
    Не го зборуваат тоа тие оти многу н сакаат и дека многу им е гајле за нашата иднина. Го зборуваат оти сакаат ние да им го решиме нивниот проблем. Зашто откако од солидарност со својата членка дозволија билатерален спор да стане причина за блокада за евроинтеграција, тоа сега им се мултиплицира во различни појави. Стигна дури и до Чешка, која поради одземените имоти на Германците протерани по Втората светска војна одбива да го ратификува Лисабонскиот договор од кој зависи иднината на ЕУ. Допрва Грција им откри што ја чека ЕУ во проширувањето кога ќе се фатат Хрватска и Црна Гора, Босна со Србија, а Србија со сите.
    Дојде редот Македонија да ја спасува иднината на ЕУ. Ама што бараме ние од ЕУ? Нема белким вечно да славиме дека сме добиле препорака, а да не побараме датум. Посебно што патем ќе мора да го смениме името.

    2 На прославата по повод препораката прашав еден дипломат од земја на ЕУ колку навистина Македонија и Грција се блиску до решение. И потенцирав: Дали само Македонија е блиску, или и Грција е толку блиску? Тој ми одговори: Многу блиску. Изненаден од толку директниот одговор продолжив да инсистирам: Колку е тоа многу блиску? И добив одговор: Два часа нормално возење од Скопје до Солун. Да нема визи и граница можеби уште поблиску.

    3 Затоа и ме изненади најновата кампања со штркот дека ќе сме се врателе дома. Во Европа. Па нас никој не н истерал од Европа. Ние сме цело време таму. На два часа нормално возење. Да нема визи и граница можеби уште поблиску.

    4 Кога сме веќе до Европа да споменам и една константа во извештајот на Европската комисија. Веќе во три извештаи по ред една од клучните забелешки е дека во Македонија има нелојална конкуренција и незаконска концентрација на печатени и електронски медиуми.
    Во следниот извештај сигурно и по име ќе го споменат главниот двигател на нелојалната конкуренција и медиумската концентрација Газда Велија. Можам да замислам колку е важен Газда Велија што стана бенчмарк. Сите ќе знаат дека бизнисмените од типот на Велија се пречка за влез во ЕУ. А Владата е одговорна што не само што не ја трга таа пречка, туку е ујдисана со него. За мало медиумско внимание вицепремиерот Зоки Ставрески изигрува портпарол на емисијата “Фармер” и на телевизија јаде од алвата на Газда Велија.

    5 Кога министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска бранејќи се при интерпелацијата во Собранието им порача на СДСМовците дека само Бранко Црвенковски жив и здрав го заврши претседателскиот мандат, ми отпадна вилицата.
    Истиот ден беше објавено истражувањето на ИРИ за рејтингот на политичарите. Па ми стана јасно зошто ВМРОвците екстра се погрижиле Бранко да им биде добар. Оти да не беше тој, можеби и СДСМ ќе беше посилен, па ќе земеа некој процент од рејтингот на Груевски. Ако ништо друго некој од неопределените ќе се превртеше кон лево. Оти истражувањето на ИРИ покажа дека над 40 отсто или не би гласале за никого, или се неопределени.
    Бранко ги кочи неопределените да се изјаснат. Да беше кој било друг, дури и да не понудеше решенија за Македонија можеби неопределените ќе речеа: “Дај да му дадеме шанса”. Сега на кого да му дадат шанса?
    На некој што до сега прокоцкал многу шанси, а сега ми нуди решенија за Македонија со покачување на персоналниот данок за побогатите.
    Убав е тој концепт за правична социјалдемократија. Функционира во Норвешка и Шведска. И Бранко имаше многу шанси тоа да го направи. Ама не го направи.
    Се гледа дека нема контакт со реалноста. Оти кај нас целата заработувачка ја пријавуваат само тие што работат во компании што работат легално. Што решение нуди сега? Тие што ги кријат платите и така ја пљачкосуваат државата треба да живеат на грбот на тие што легално си плаќаат данок. Тие што и до сега легално плаќале отсега нека плаќаат уште повеќе, а на овие другиве уште и да им го олесниме грабежот.
    Со тоа што не ја брани петокраката од грбот како симбол на борба за слобода, а не како идеолошки симбол, Бранко ќе ги изгуби и традиционалните гласачи на СДСМ борците и нивните фамилии.
    Затоа не е чудо што ВМРОвците на Фејсбук покренаа иницијатива да се донесе закон за заштита на СДСМ. За да се спаси од изумирање. Додека СДСМ го има Бранко, Груевски не треба да се плаши за својот рејтинг.

    6 Албанија ги побара моштите на Мајка Тереза од Индија.
    Имаат среќа Индијците што Албанците од Албанија ја бараат Мајка Тереза. Да ја бараа Албанците од Македонија, тоа ќе станеше меѓународен проблем што ќе се решаваше под покровителство на Америка и Англија. Оти, додека трае примирјето со Македонците, Албанците во Македонија имаат време да тренираат во кампови за да се изборат за моштите на Мајка Тереза. Па ќе мораше Питер Фејт да ги извлекува борците од Калкута со климатизирани рикши.
    Се надевам дека оваа идеја нема да влезе во ревидираното издание на Македонската енциклопедија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира