ДВА ШОФЕРА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:62:"Ниенемамецунами.Сиимамевлада.

    1 Избегната е првата жртва на пеколниот јуриш на македонската дипломатија. Бугарите се спасија од кадровската политика на владејачката коалиција. Софиските весници напишаа: “Македонија ни праќа албански терорист за амбасадор”. Глупости. Тие не не знаат дека кај нас терористите се амнестирани.
    Несудениот македонски амбасадор во Софија Џевад Адеми е на црната листа на САД. Замислувајте ситуација како амбасадорот Адеми се појавува на прием на американскиот амбасадор во Софија по повод Денот на независноста на САД 4 јули. Американски амбасадор во Бугарија е Џејмс Пердју. Тоа е истиот оној Пердју што беше во Македонија во 2001 година. Беше олеснувач во преговорите за Рамковниот договор. Им олеснуваше на терористите од УЧК да станат политичари на ДУИ.
    Така Али Ахмети им враќа на Американците. Пердју беше олеснувач за ДУИ. ДУИ сега му отежнува на Пердју.

    2 Занесена во јуришот Илинка не видела дека кандидатот за амбасадор во Софија бил на црната листа на САД. Го обвини коалициониот партнер ДУИ дека не бил сериозен со кадрите. Се закани дека ако ДУИ не даде друг кандидат, тоа место ќе му припаднело на “друга политичка структура”.
    За професионализам не станува збор. Ако не е политичар од ДУИ, тогаш СДСМ ќе си најде неуспешен политичар од своите редови. Иако, рака на срце, тешко дека некој може да и конкурира на биографијата на Адеми. Човекот има долгогодишна меѓународна пракса. Бил 12 години во затвор, и тоа од Пожаревац до Идризово.
    Илинка ни објасни и дека постапката за именување амбасадор во Софија не била завршена. Требало да се добие агреман од Бугарија. Адеми како кадар поминал во МНР, поминал и во Влада и сега ни раскажуваат приказни. Да не објавеа медиумите, ќе поминеше и кај Бранко.
    Не е важно што ќе се брукаме надвор. Најважно е прво дома да си обезбедиме мир со коалициониот партнер.

    3 За да направи професионална дипломатија Илинка во МНР ќе оформи ново одделение. Ќе има матична служба. Таму да вработи ептен учен човек. Некој што знае ем да чита, ем да пребарува на Интернет.
    Замислете, како што направи грешка и даде кандидат за амбасадор што е на црна листа на САД, некоја “партиска структура” да и предложи за амбасадор умрен човек. Иако, некој и мртов би ја вршел подобро работата од овие што ги испраќа живи и здрави.

    4 И Али Ахмети не знаел за црниот список на САД. Можеби затоа што списокот е на англиски јазик. Освен тоа, на Али оваа работа му нема логика. Половина од министрите и пратениците му се на списокот. Американците не ги пуштаат да влезат во САД, а ние ги пуштаме во Влада. Така што, ако некој е на списокот на МВР, зошто да не биде и на списокот на МНР.
    Лидерот на ДУИ нема гајле со заканата на Илинка дека место Адеми, амбасадорското место во Софија ќе биде понудена на “друга политичка структура”. Ќе најде Али друг кандидат за амбасадор. Белким имаат некој што не им е на списокот.

    5 Новиот министер за економија Фатмир Бесими вели дека нема телохранител. Човекот што изгледа така бил вториот шофер.
    Колку му е тешко на министерот Бесими. Цело време се вози па мора да има два шофера. За да ги одмара.
    Вози првиот шофер, вози, вози, вози, па одмара… Седнува вториот шофер, вози, вози, вози, па се менува со одморениот шофер.
    Знаете вие колку е далеку од Министерството за економија до Влада? Од Карпош дури до Центар. Цели 3 километри. Едниот шофер вози по Рузвелтова, а вториот вози по Илинденска. Се менуваат на крстосницата кај Зоолошката градина.
    Министерот Бесими е светски човек. Млад, ама многу школуван. Има еден шофер за правецот: север – југ, а втор за правецот: исток – запад. Дијагонално оди пеш. И така ќе не вози до Европа.
    А Никола Поповски собира акцизи за возилата. Ја намалува државната администрација. Штеди за да може министрите да имаат по два шофера.

    6 Претседателот Бранко Црвенковски не вртел паричка за Василица оти бил претседател на мултиконфесионална Македонија.
    Сега станува појасно и зошто не даваат да ги видиме одговорите на прашањата на ЕУ. Затоа што сме мултиконфесионални. Кога ќе видат што одговориле, Македонците ќе се крстат. Што ќе прават Албанците? Не оди да си ја удираат главата од земја.

    8 Вечерва пак ќе има концерт на Плоштад. Ќе се собираме за помош на настраданите од цунами. Бидете внимателни да не добиете лесна повреда па да ве примат на Скопските клиники.
    Ние немаме цунами. Ние си имаме влада.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира