ДВЕ БАНДИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:180:"Освенштосерециклираглупостазаимето,воМакедонијавопоследниве20годиниништонесеслучува

    1 Професорот Ѓорѓи Марјановиќ кој е еден од првоборците за политички плуразлизам во Македонија пред дваесет години како лидер на Лигата за демократија често пати викаше дека “секој народ има власт каква што заслужува”. Истото важи и за опозицијата. Секој народ има опозиција каква што заслучива. Отли, нели, опозицијата се бори да стане власт.
    Колку сме ние очаен народ. Кој да го смени Груевски? Гледам некои партии му се придружиле на Бранко. Се собрале сите во седиштето на СДСМ и решиле дека “условите за враќање во Собранието што ги постави СДСМ стануваат услови чиешто исполнување го бара целиот опозициски фронт”. Лидерот на Нова алтернатива Ѓорѓи Оровачанец изјави дека “во сличај премиерот Груевски да распиШе предвремени избори без испол;нивање на барањата на СДСМ, опизоцискиот фронт ќе го бојкотира соочувањето со граѓаните”.
    Кој опозициски фронт? кое соочување со граѓаните? Сигурно цели партии сосе членство ги собрало во десетина коли. И така цел опозициски фронт во колона стигна до Бихаќка. Од каде што повеќето и заминаа пред неколку години.
    Ај оние од СДСМ некако и можам да ги разберам. По дефиниција го обожаваат Бранко и не смеат многу да се истакнуваат. Ако некој се истакне ќе му излезе и видео како се заканува дека ќе јаде и живи луѓе. Или ќе си брка меѓународна кариера во Киргистан и Казахстан.
    Ама што прават оние другите од “здружената опозиција” Зошто се отцепуваа од СДСМ? За пак да го обожаваат Бранко? Зарем никој од нив не си рече: “Јас сум во најдобри години, ме бидува, јас сакам да бидам премиер! Ќе седнам, ќе напиШам програма и ќе го искористам нискиот рејтинг на Бранко и лошите резултати на Никола за јас да ги победам. Има 50 отсто неопределени гласачи. шансите ми се одлични. Па ни во Уставот не пишува дека на власт мора да бидат ВМР)-ДПМНЕ или СДСМ.”

    2 Туку мене ова ми личи дека нивните кафеански муабети се точни. Супер е да си пратеник во опозиција. Имаш пратеничка плата, одиш подоцна на работа, ќе ти падне некоја комисија, некој службен пат на Бали и за ништо не се одговорен.
    Зошто инаку би се лепеле за Бранко? Ако изгубат на избори да бидат повисоко на листите за да влезат во Парламент. А ако им се згреши проценката и ако победат амбицијата им завршува да се исценкаат за министерско место, вториот во партијата да стане некој државен секретар и евентуално некој роднина да наместат за директор на учлиште. Или ако ептен им се посреќи ќе добијат и некој директор на комунално претпријатие.
    Е толку од нив. Тие освен за себе, ни за партијата што ја направиле не се грижат. А ние будалите чекаме баш тие да не спасат.

    3 Како почнаа да редат шатори пред Владата, ако дојдат сите на кои им должи Велија, џабе ја ширеа Илинденска. Којзнае до каде ќе стасаат. Ги молам доверителите да го прескокнат барем паркингот пред Зоолошката градина. Ако ние сме решиле да се труеме со глупости, отстајте ги барем децата да се радуваат.

    4 На телевизија одат некои реклами за легализацијата на дивоградбите, во кои еден глас вика: “На нас што живееме во дивоградби многу ни е тежок животот. Несигурноста е голема, капиталот ни е врзан, не можеш својот објект ни да го продаде:ш ни да го оставиш на потомство.”
    Демек, од вчера па натаму се ќ се реси и тие што се злопателе ќе им биде супер оти ќе се легализираат за едно евро квадрат.
    Ај за тие што граделе од нужда оти 40 години чекале државата или да донесе план, или да ги урне домовите не ми е криво. На крајот на краиштата морале некаде да живеат. Ама зарем да ги жалиме тие што со децении свесно и најгрубо граделе на диво и тоа дури и во национални паркови и парк шуми, додека други за истото се отепале плајајќи такси, придонеси и даноци. И затоа сто ги жалиме, да им олесниме и да им го простиме криминалот.
    Слушнав една смешна приказна на оваа тема од Њујорк. Двајца Македонци, угледни професори се карале во ходник на работа околу македонските работи и легализацијата на дивоградбите. Ептен се развикале, и дошол шефот, Американец, научник од прва класа. Овие му рекле: “Ај ти кажи сто мислиш за оваа работа, треба или не треба да се легализираат дивоградбите? Овој им вика: “Чекај, да појасниме, значи тие лугје свесно и со намера граделе без дозвола?” Да, му рекле овие двајцава. На опа шефов само се свртил и си отиссол. Демек, “Што ми го губите времето со беспредметни дискусии?”

    5 Стварно, зошто си го губиме времето со беспредметни дискусии? Веројатнмо затоа што во Македонија ние не ни имаме предметна дискусија. Стапката на сиромаштија е 30 отсто, стапката на невработеност е 30 отсто, а божем тие што работат за 200 евра месечно не се сиромашни.
    Освен што се рециклира глупоста за името, во Македонија во последниве 20 години ништо не се случува. Две банди се караат, а ние будно ги следиме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира