ЕКСПЕРТСКИ ЕКСПЕРИМЕНТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:117:"СтевоЦрвенковскипакќеизјавидеканепреговарамеподблокада

    1. Почнаа солзи да ми капат над судбината на Грција. Сиромашката. Пак се нашла изолирана во Советот на Европа. Да знае уште што ја чека кога за две-три години Судот на правдата ќе ја осуди поради ембаргото, ќе се самоубие од очај, така изолирана.
    И оваа одлука на Судот, да не ѝ наложи привремено да го подигне ембаргото кон нас, ѝ доаѓа како антидепресивно средство. Да ѝ го подигне духот. Така барем го сфатив соопштението на нашето Министерство за односи со странство што ни ја протолкува одлуката на Европскиот суд.
    Цел ден од цела Европа пристигнуваа реакции на одлуката на Судот. Сите очекувавме реакција и на нашето Министерство. А тоа – подобро ич да не реагира­ше. Не ми беше јасно дали тоа луѓето од нашето Министерство со соопштението се обидуваа да нé утешат нас. Или пак самите си се тешеа. Само Папандреу остана неутешен. Изјави дека ако не му стоел на глава македонскиот нерешен проблем, Грција ќе била главна на Балканот. Сега е главна во Европа.

    2. А и ние сме нашле во кого да се крстиме. Во Европа! Тие не можат да си ги решат своите проблеми па ни ги решаваат нашите. Ете, сега не можат да се до­го­ворат кој да го замени Жак Делор.
    Па тие не можат да се договорот ни каков нов експеримент ќе применат во случајот со Македонија. Па постојано нé ставаат на различни третмани. Како на болен на кого му испитуваат која терапија најмногу ќе му одговара. Па лечат едно, а разболуваат друго. И накрај – операцијата успешна, пациентот мртов.
    Оваа одлука на судот конечно нé убеди дека тие се сериозно загрижени за нашето здравје. Ама, Комисијата не поднесла задоволувачка документација дека ембаргото кон Македонија ѝ нанесува ненадоместливи штети на Европската унија. Што да правиме кога судот ги штити само интересите на посилните? Зошто инаку би се нарекувал – Суд на правдата?

    3. Грчките средства за информирање јавија дека Сајрус Венс ги повикал претставниците на Грција и Македонија на 14 јули повторно да отпатуваат во Њујорк.
    Министерот Стево Црвенковски сигурно пак ќе изјави дека Македонија не преговара додека не се подигне грчката блокада.

    4. Во меѓувреме ние ќе продолжиме да им се поклонуваме на сите странци што ќе ни се претставуваат како експерти. И ќе учествуваме во нивните експертименти.
    Ете, последниот експеримент со пописот се покажа успешен. Официјална Тирана изразила задоволство што Владата на Македонија ги прифатила условите за да можат и Албанците да излезат на попис. Што е многу важна работа. Ретко се случува една држава да изразува задоволство за она што се случува во друга држава. Конечно успеавме да ги задоволиме и Албанците. Важно е сите да бидат задоволени.
    Барем да соберевме пари од правење ќеифови на секој што ќе ни побара. Ама не сме професионалци. Наивни сме, па веруваме во љубов.

    5. Владејачката партија ја започна својата предизборна кампања. Пред некоја вечер премиерот Црвенковски и целата партиска свита на СДСМ, во МНТ во Скопје се појавија на трибината “Македонија денес и утре”. Доказ повеќе дека започна предизборната кампања беше извештајот на третиот ТВ дневник на МТВ, со тонски парчиња од говорот на Црвенковски.
    Слушнавме дека сега со македонскиот пасош можеме да патуваме насекаде низ светот и дека сите граници со него ни се отворени. Особено кога се патува со авион­чиња­та на Владата. Се гледа дека премиерот нема застанато во ред за виза пред некоја од амбасадите на земјите што ни го признаваат пасошот, и тоа во Белград, или во Софија. Како премиер нема почувствувано какво понижување треба да истрпи обичен граѓанин, па макар одел и во една Словачка (додека нејзините граѓани на пат за одмор во Грција визите ги добиваат на граница, а не некаде на пример во македонска­та амбасада во Бон).
    А и што ќе ни е да патуваме кога и дома ни е убаво со ваква влада. Премиерот рече дека “сé што прави СДСМ е бериќетно”, па затоа и таа вечер, кога се одржу­ваше трибината, во Скопје заврнало пороен дожд.
    Другиот ден СДСМ немаше трибина. Во Скопје се вратија пеколните жеш­тини. Што фајде од дождот кога ако продолжи вака, пак ќе имаме суша. А за сушата ќе биде виновна опозицијата. Кога таа држи трибини, не врне дожд.

    6. Прво Парламентот изгласа намалување на царината на возилата без со­гласност на Владата. Сега Владата си донесе одлука да ја зголеми царината, зашто буџетот го правела врз основа на таа царинска стапка.
    Така се пополнуваат дупки во буџетот. А дупките што ги направија милион­ски­те (во марки) неплатени даноци белким ќе ги пополни некоја хумани­тар­на сума од некоја држава-донатор. Додуша, тие се малку пари за да се закрпат дупките, ама доволно за големи фалби, дека, ете, многу нé ценат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира