Европа сега

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:74:"Себарабратучедзатендеротзапасошите

    1 Бугарија и официјално најави дека ќе мора да ни воведе визи. Дипломатската офанзива што ја најави министерката за надворешни работи Илинка Митрева пред неколку месеци е во полн ек. Немало да ни воведат визи веднаш, туку дури на 1 јануари 2007 година. Замислете уште две лета ќе можеме преку Бугарија да одиме за Турција.
    Ама Бугарите не попуштаат. На македонската дипломатска офанзива, тие одговараат со дипломатска контраофанзива. Одбиваат да воведат визи и се надеваат дека кај нас ќе се случи чудо, па не ќе мораат да ги воведуваат. Па уште и ни се извинуваат. Тие мислеле да фатат чекор со нас, ама отидоа подалеку.
    Се сеќавате на вицовите за “две червени”, и за времето кога првите сексуални искуства ние, капиталистите на Тито, ги купувавме со “чорапогашти”, д вки и д нки на плажите на Црното море. Тоа не е толку далечно време. Бранковата генерација сигурно се сеќава, оти таа играше мајтап со источниот сосед. А и Бранко до 1998 година секогаш кога требаше да не исплаши ни се закануваше: “Гледате, ќе станеме како Бугарија!”

    2 Каде е сега Владе Милчин со неговите невладини организации да извика: “Европа сега!”? Или, ќе почека и Албанија да влезе во Шенген зоната, па ќе направи митинг на плоштад со жените на Савка.

    3 Некои прашања, навистина не заслужуваат одговор. На пример она за новите пасоши кои се една од пречките за либерализација на визниот режим.
    Имаше еден тендер уште во времето на Љубе Бошковски. За изработка на новите пасоши и лични карти беше избран “Хјулит и пакард”. Дојде СДСМ на власт и го поништи тендерот. Истата фирма им ги направи пасошите на Бугарите.
    Љубе не е министер веќе двеипол години. Башка заглави и во Хаг, така што извесно е дека мали му се шансите тој да им се замеша во овој бизнис.
    После Љубе дојде Хари. И тој спремаше некаков тендер за пасошите.
    Сега е Џанго. Тој вели дека нема пари за нова опрема. Ако направи тендер, нема време да го реализира. Оти, в година имаме нови избори. Ќе дојде некој друг, па ќе му го поништи тендерот. Нови избори, нови тендери.
    Портпаролот на Владата Сашо Чолаковски потврди дека за новите пасоши нема пари. Тендерот ќе се распишел кога ќе се соберат парите од продажбата на Градскиот трговски центар!!!?
    Знаев јас. Мора некој друг да е виновен за тоа што Европа не ни ги укинува визите. Владата никогаш не е виновна. Кога следниот пат ќе застанете во ред за виза немојте да ги псуете Бранко, Бучко, или Илинка. Псујте ги дуќанџиите. Молете ги пред време да ги уплаќаат ратите за дуќаните во ГТЦ.
    Ако Градскиот трговски центар е клучниот проблем за либерализација на визниот режим, има уште поефикасен начин за собирање пари за новите пасоши. Да го осигураме ГТЦ и да го запалиме. Така парите ќе ги добиеме одеднаш.

    4 А зошто да чекаме ГТЦ да изгори? Нели кога вадиме пасош ние си го купуваме. И даваме пари на државата зошто ни го изработила.
    Не е проблемот во парите. Не е проблемот ни во тендерот. Се бара братучед што ќе го потпише договорот со тој што ќе ги прави пасошите.

    5 Цената на Електростопанство на Македонија ја знаеле само премиерот Бучковски и министерот за економија Бесими. Тајната ја чува двоецот Би – Би. Тоа ти е нешто како Брижит Бардо, ама малку не е толку секси.
    Ние ќе ја дознаеме цената на ЕСМ подоцна. Кога ќе ни тропнат на врата сметките за струја.

    6 Премиерот очекувал од јавниот обвинител Прчевски брзо да ги процесуира пријавите против оние што правеле белји за време на изборите. Демек, ако меѓународната види дека сме ги казниле тие што се виновни за лошите избори, ќе сме имале шанси да влеземе во НАТО и ЕУ.
    Ако е до Прчевки, не ни помислувајте на НАТО. Оти човекот има сериозен предизвик. Сака да стане Ставре Џиков. Ама не е свесен дека веќе го надминал.

    7 Директорот на Кардиологија Борче Петревски може да биде мирен. Кедев нема да влегува во сала, оти нема да му ги троши стентовите. Нему му забранија да оперира оти не го прашал директорот дали да употреби поскап стент, а директорот не одговори од каде му се приватните стентови на рафтовите за кои и Фондот за здравство не знае како се нашле таму.
    Кедев го нарушил куќниот ред на Клиниката. Не го почитувал основното правило: Купи си стент, ако не сакаш да умреш.

    8 Вчера претседателот на државата Бранко Црвенковски беше на погреб на Папата во Рим.
    Кога тој не е тука, него го заменува претседателот на Собранието. Арно ама Љупчо Јордановски бил на пат во Тајланд.
    Така што вчера шеф на државата беше потпретседателот на Собранието. Врховниот командант Г зим Острени.
    Ете, зошто поглаварот на МПЦ г.г. Стефан не отишол на погреб во Рим. Оти сега Господ ја чува Македонија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира