ЕВРОПСКИ ЈАЗИК

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:130:"Освентоаштонемалековииштоевалкано,седругонаклиникитеесупер

    1 Не можам да го гледам премиерот Никола Груевски колку е загрижен од новите предлози на Метју Нимиц и не се ни труди да глуми смиреност. А од Бранко ми е страв оти се плашам дека наместо да гледа да помогне, ќе гледа да и го смести на Владата за да покаже колку се неспособни.
    Мене за Грција баш ми е гајле. Баш ми е гајле и дека Дора Бакојани за преговорите ќе се спрема како за на Олимпијада. Баш ми е гајле и што Константин Караманлис пак се заканува со вето за кое и самиот знае дека не смее да го даде.
    Ама многу ме загрижува дека нашиве за да се покажат кој е попаметен и помоќен, пак ќе се испокараат меѓу себе. Оти мислат дека така најмногу ќе и наштетат на Грција.

    2 Додека нашите политичари се караат и ние треба да дадеме свој придонес како да и наштетиме на Грција. За инает, следниот пат кога ќе одиме во Солун на шопинг, наместо 500, ќе им дадеме 600 евра. Море какви 600! 700 ако треба! Па и царина ќе платиме. Името нема цена.

    3 Да резимираме. Новиот документ на Нимиц има предлози кои до сега биле одбивани од двете страни скоро петнаесет години. Напорот на посредникот е во тоа што сите предлози ги склопил во еден. Сега чека да види со што ќе се согласиме.
    Со Грција ќе бидеме конструктивни. Ќе се согласиме дека:
    а) до сега сите овие предлози се одбивани.
    б) има простор пак да бидат одбиени.
    Тоа мора да се признае е добра рамка за продолжување на преговорите.
    Ова е европскиот јазик кој ние треба да го користиме за преговорите. Така секогаш ќе бидеме добри и кооперативни.
    Ако ви изгледа смешно и нелогично, ќе ви ја цитирам изјавата на претседавачот на ЕУ по повод отцепувањето на Косово од Србија:
    “Европската унија е обединета за Косово, иако нејзините земји членки ќе можат слободно да решаваат самите, дали да ја признаат независноста. ЕУ уште еднаш го преживеа овој тест на единството и усвоивме заклучоци, имаме заедничка позиција”, изјави министерот за надворешни работи на Словенија Димитриј Рупел во својство на претседавач на ЕУ.
    Ај сега ова да го преведеме на македонски, а да биде разбирливо и на грчки:
    Македонија и Грција се единствени за решението за името, иако и двете земји ќе можат слободно да решат како ќе се ословуваат меѓу себе. Добрососедството уште еднаш го преживеа овој тест на единство и усвоивме заклучоци, имаме заедничка позиција”.
    Ете така се зборува во ЕУ. Црното е бело, затоа што ти се може. Постигнавме единство – се договоривме секој да прави што си сака. И нема вето.

    4 Многу загрижениот премиер завчера изјави: “Ние многу го сакаме НАТО”.
    Да. И НАТО не сака нас. Ама има еден проблем. Ако Алијансата не тера да мислиме дека сериозно ќе си дозволи вето од Грција поради глупост, тогаш НАТО има проблем. Не знам зошто толку премиерот е загрижен. Дека некој ќе стави вето во НАТО? Па ние уште не сме во НАТО за да им го береме гајлето.

    5 Средношколците протестираат против матурата. Не дозволуваат ниту да им се предава, а не сакаат ниту да учат.
    Тоа е уште една оригинална придобивка на македонската транзиција. Ученици протестираат против учење.
    Така протестирајќи отидоа и до грчката амбасада. Фрлија неколку камења и викаа нешто против Бакојани.
    Како никој не се сети да ги праша кој е главен град на Грција. Да видиме дали биле на тој час, или и тогаш протестирале.

    6 Додека ние го береме гајлето на Грција, САД и на НАТО, за ветото што ним им се заканува, никој не забележа дека инфлацијата во јануари стигна до 8,7 насто. Тое е речиси три пати повеќе од планираната.
    Не слушнавме дека НАТО се загрижи за тоа, како ние што сме загрижени за НАТО.

    7 Ако си болен, земи си го министерот Имер Селмани под рака, викни камери и тргни да се лечиш.
    Завчера една пациентка болна од рак му плачела на министерот за здравство дека од 15 јануари не може да добие цитостатик. Друга пациентка со мултиплекс склероза 20 дена не може да го најде лекот.
    Ама министерот е оптимист. Вели: “Поголем дел од пациентите се задоволни од услугите на клиниките. Ако имало некои проблеми ќе бидат решени”.
    Селмани зборува со европски јазик. Се обидува црното да го прикаже за бело. Политиката на министерот е “Не умри магаре до зелена трева”. Освен тоа што нема лекови и што е валкано, се друго на клиниките е супер.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира