ФЕРКИ МАКЕДОНИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:259:"ЗакојаМакедонијасезборувавокампањата"ЈассумМакедонија?"Таавокојапартиитеиалчнитебизнисинтересисеаждерштонигијадедецата?

    1 Ферки Демировски е успешна приказна за Македонија. До пред само две недели Владата се фалеше дека ќе го постави за економски промотор на Македонија во Турција. Портпаролот Ивица Боцевски велеше дека Ферки ќе чука од врата до врата и ќе собира инвестиции затоа што знае турски јазик. Аферим, алал да му е, машала.
    Тамам Ферки тргна да го освојува Стамбол и околината, излезе првата афера дека промоторот измамил некој британски бизнисмен што сакал да инвестира во Гевгелија, му зел капар од 13 илјади евра и ги поделил парите со сопственичката на земјиштето.
    Но, тоа не е сѐ. Излезе дека промоторот на Македонија во Турција немал завршено ни факултет.
    Потпретседателот на Владата Зоран Ставрески по сето тоа изјави дека бил направен превид. ” Луѓе сме, грешиме”, рече Ставрески.
    Како не згрешија за некој што е ем чесен, ем високообразован за да го вработат? Колку млади конкурирале за работа во Агенцијата за странски инвестиции и биле одбиени?
    Ферки доаѓа од кабинетот на министерот Глигор Ташковиќ. Откако го отпуштија од Агенцијата, Ташковиќ со задоволство го прими назад. Тој вели: “Демировски и до сега извонредно си ја вршеше работата. Работното место на Демировски им дава надеж и на други Роми кои сакаат на Македонија да ѝ служат одговорно и етички”.
    Што е одговорно и етичко во однесувањето на Ферки? Тој ли е пример за кого било, па и за Ромите? Лажел дека има завршено факултет, а за крадење уште не е докажано. Проверил ли некој дали воопшто е Ром?

    2 Ферки може да биде заштитно лице на двете големи државни кампањи “Македонија без корупција” и “Знаењето е сила, знаењето е моќ”. Пушти го Ферки нека тропа од врата до врата и нека се претставува како учен Ром со партиска книшка кој може да биде пример за сите како се успева во Македонија.
    Оти, знаењето е сила и знаењето е моќ, ама партијата има поголема сила и поголема моќ. Уште и ако се вклопиш во некоја квота на Рамковниот, ете ти апсолутна моќ.
    Новата кампања ќе оди под мотото: “Учи, ама ако сакаш вработување зачлени се во партија”.

    3 Во рамките на идеолошкото расчистување со историјата, ќе се менува и симболот на работниците. Српот и чеканот ќе се заменат со сладолед и гулаб. Ако не лижеш, можеш да леташ.

    4 Швајцарија повлече милион евра донација за проект за Националниот парк “Пелистер” затоа што Владата го сменила директорот кој бил обучен за менаџирање на проектот. Швајцарците ја изгубиле довербата оти новиот управен одбор носел одлуки што не се во согласност со договорот за соработка. Во швајцарската амбасада велат: “На македонска институција ѝ доверивме да работи со пари од швајцарски даночни обврзници”.
    Исто како што по секое менување на власта се менуваат од чистачки и инкасанти на патарини до пожарникари, полицајци и директори на центри за управување со кризи, им дошло ред и на директорите на националните паркови. Откако дошле на власт виделе дека таму има многу пари и си рекле, дај да ги земеме.
    Со таа разлика што швајцарските државни службеници се грижат како се трошат парите на граѓаните од кои земаат плата. А нашиве мислат дека тие ни даваат плата за да живееме. И треба да сме им благодарни и кога нѐ крадат.

    5 Се подготвува нова владина кампања. Истиот ден кога премиерот Груевски најави дека ќе се потрошат 400.000 евра од Буџетот за кампања за подигање на свеста на граѓаните, со работен наслов “Јас сум Македонија”, се потресов оти дознав дека за едно двегодишно дете во Скопје кое боледува од леукемија нема цитостатик каков што му препишала лекарката. Не само што го нема на рецепт, туку го нема ни да се купи.
    Ја “злоупотребив службената положба и овластување” како новинар. Како главен и одговорен уредник “несовесно работев во службата” вртејќи повеќе телефони да го најдеме лекот, дури и да мора да се плати, колку и да чини.
    Што ќе ни е кампања за преглед против кариес, кога е укинат бесплатниот заболекар?
    За која Македонија се зборува во кампањата “Јас сум Македонија?” Таа во која нема цитостатици дури ни за двегодишни деца? Таа во која партиите и алчните бизнис интереси се аждер што ни го јаде поколението?
    Што ќе ми е некој да ме убедува дека јас сум Македонија. Па сум! Сум останал тука, тука ми живеат децата, чесно и успешно работам и плаќам данок. И Владата сега, место да си ја заврши својата работа, сака да ме убеди дека јас не сум доволно свесен за Македонија, па ќе ме освестува со кампања. И тоа со мои пари.

    6 Премиерот конечно ја почна долгонајавуваната дипломатска офанзива. Беше на самитот на ЕУ и Африка во Лисабон. Војува на два фронта. Ако ЕУ нѐ отпишува, барем Африка да нѐ запише. Галиба, африканските стандарди ги задоволуваме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира