ФИГУРАЕ ВЕНЕРИС

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:186:"АдмиралотБоциновтребадавнимавакогапретседателотнаРепубликатаприсуствуванаженскипрослави

    1. Разбудените еротски чувства кај пратениците во Собранието на Маке­донија, по опстојната анализа на позата претставена на плакатот за претста­ва­та “Еванге­лие по Јуда”, станува предизвик од првостепено национално значење за Владата и нејзините сексуални предиспозиции. “Чудо невидено!”, изјави еден од револтираните верници пред струмичкиот театар, коментирајќи го она што го видел на плакатот, веројатно не можејќи во моментот да се сети какви сé  дејанија се вршат врз граѓанството на младата девствена држава.
    Користејќи го своето скромно искуство, Владата реши во јавноста да се појави со прво македонско издание на “Фигурае венерис – 100 пози во боја”, под наслов: “Сигурен секс – Внимавај така да останам невина”. Користејќи го ексклузивното право да објавиме дел од книгата, ве потсетуваме на граѓанските позиции во кои најмногу уживавте:
    – поза – летна шема, прва варијанта, наречена “На задњем седишту мога стокеца”, применета во ек на годишните одмори кога нафтата неразјаснето се губеше кон север;
    – поза – летна шема, втора варијанта, наречена “Влијание од к’м исток”, кога Владата го откри источниот коридор;
    – поза “Интерпланетарна екстаза”, базирана на симпатиите во светот што секојдневно ги собираме во незапирливиот процес на меѓународно признавање и прием во ООН под нашето единствено сексуално име;
    – поза “Љубов без интерес”, ексхибиционистички погодна за шалтерите во банките, каде што се исплатуваат девизни заштеди и особено девизни камати;
    – поза “Жолта дуња, зелен бор, имам дечко од УНПРОФОР”,
    – поза “Удри ме, удри, твојот  пендрек така нежно боли”, носи предности зашто може да се практикува на улица (Куклиш, Радовиш, Бит-пазар, \орче Петров…).
    По сé ова, навистина зачудува како пратениците дигнаа толку џева од позата на плакатот од театарската претстава, а досега молчеа. Сигурно им било многу убаво.

    2. Под мотото “Што ни е нас гајле, ние чекаме признавање”, празникот на жената 8 Март беше свечено и работно прославен. Со песни и ора низ Македо­нија. Дури и денот на жалост, по повод авионската несреќа што се случи минатиот петок, беше одложен за вторник, да не се наруши понеделничката забава.
    Освен промоцијата на еден клуб за жени лекувани од рак, не слушнавме дека тој ден жените од Македонија посветија повеќе внимание на своите проблеми. Дали навистина ниту една не се сети да го дигне гласот против силу­вањата што секојдневно ги носи војната во близина, речиси во нашето соседство? Дали навистина кај нас нема услови да се организира некој богат добротворен бал? Дали не можеше да се проговори против злоупотребата на децата? Зарем се заборави на оние продажби на домашни ракотворби и месени работи од кои се собираа добротворни прилози за децата без родители, за бегалците…
    Зарем на нашите жени им е толку лошо, што мораат да го чекаат 8 март како единствен ден кога ќе се “издуваат”?

    3. Жените на Скопје на своето собрание во Домот на АРМ, пред десетина дена, го поканија и претседателот на Републиката Киро Глигоров. Него го при­дружуваше тогашниот началник на Генералштабот на армијата генерал-потполковник Митре Арсовски. Вечерта од Кабинетот на претседателот прис­тигна соопштение за указот со кој тој го разрешува и пензионира господинот Арсовски од високата воена функција.
    Нов началник на Генералштабот е адмиралот Драгољуб Боцинов. Значи –  морепловец. А морепловците имаат една стара изрека: “Жена на брод – несреќа”! Тоа му е добро предупредување да не го придружува Претседателот кога ќе оди да посетува жени. Може да заврши како неговиот претходник.

    4. Милошевиќ повторно сака да го зафркне светот, па преку неговата експозитура во Босна, Радован Караџиќ, предлага и за оние делови во Босна и Херцеговина кои по “ослободувањето” останаа несигурни, да се примени Венсо­виот план со розови зони, како во Хрватска. Просто кажано, тоа што освоиле, освоиле. За тоа што уште не успеале да го освојат да ги ангажираат Обединетите нации да го освојат наместо нив.
    Таков преседан, кога напаѓачите се наградени со заштита, се случи во Кра­ина. Затоа, кога Хрватска реши да си ги поврати своите територии, беше прогласена за агресор. А вистинскиот агресор го штитат сини шлемови.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира