ФИНИ ГОСТИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:105:"ИмалиместозаКироГлигороввореконструиранатавласт?

    1. Ќе има реконструкција на Владата. Сигурно! Само не е јасно зошто премиерот Бранко Црвенковски, во понеделникот ги собра сите министри на редовната седница да си расправаат за тековни работи. Да не беше тоа проштално видување? Не изгледаше така. По она соопштение на СДСМ, според кое на Црвенковски му се препорачува да направи темелни реконструкции на Владата, верував дека сé е веќе решено и премиерот во понеделникот ќе излезе  со нов список на министри. Особено што  работата се крчка веќе од поодамна.
    Владата си заседаваше, еве помина веќе цела работна недела, шпекулациите кој ќе си оди и кој на чие место ќе дојде се засилија, претпоставките дали Сојузот за Македонија ќе се раструри или ќе остане станаа главна тема за муабетење, премиерот веќе започнал некои консултации… Интересно, како никој не се сети што ќе му прават на претседателот Киро Глигоров?
    Како ќе се вклучи во рекомпонирањето на власта човекот што на чело на победничката коалиција на изборите освои повеќе гласови отколку сите пратеници заедно, што настапија под заедничкото име “Сојуз за Македонија”? Белким ќе му најдат некое место. Колку да ги потсетува на оние грандиозни изборни митинзи, кога го шетаа низ целата држава за да им ветува на граѓаните на Македонија во нивно име сигурна иднина и заеднички дом. Ако веќе самите не можат да сфатат дека кога трите партии не би излегле со заеднички кандидат, можеби и распре­делбата на пратеничките места не ќе беше таква да им обезбеди сигурна власт. Граѓаните паметат каква беше атмосферата на изборите. “За кого гласаше?” “За Киро!” “Не те прашувам за претседател, туку за Собрание”. “Па, да де, за Киро!”.
    Претседателот ќе остане претседател и да се растури  Сојузот за Македонија. Владата ќе функционира и без некој дел од Сојузот за Македонија. Ќе остане само чувството дека тука некој некого измамил.

    2. Пред два дена на гости ни престојуваше г-ѓа Елизабет Рен. Една фина дама со благородно лице, живо заинтересирана за состојбата на  човечките права во Македонија. Како по обичај, гостинката беше пречекана со сите нишани. Ја примија сите, од претседателот на државата, па до неколку министри во Владата.
    Ние мислевме дека Елизабет Рен е Финка. Арно ама, таа била Швеѓанка од Финска. Таа мала тајна ни ја откри на конференцијата  за печат кога ни одржа час по фино однесување кон националните малцинства, посочувајќи го примерот на шведското малцинство во Финска.
    Госпоѓа Рен изгледа заборави дека е претставник на меѓународна органи­зација. На прес-конференцијата се однесуваше како да е претставник на Финска. Па ни раскажуваше за фински стандарди. Да ѝ текнеше дека во Македонија не е испратена од Финска, туку од меѓународно тело, можеби ќе зборуваше за меѓународни стандарди.
    Претседателот Глигоров бил многу фин со дамата од Финска. Разбирајќи ја нејзината загриженост за човековите права, ѝ предложил да го прошири својот интерес и на други земји на Балканот. На пример, кај нашите соседи. Да направи споредбена анализа на финските стандарди во Албанија, Србија, Бугарија, Грција и кај нас. Да види како таму живеат Швеѓаните. И да ги спореди нивните права со правата на Швеѓаните во Македонија.
    Што на Балканот нема Швеѓани? Нема врска, и така ова не е Скандинавија. Важно, идејата е – фина.

    3. Добро, онаа остра претседателка на изборната комисија во 114-ката, мисли ли да помине на следниот реизбор на судии!?
    Малку ѝ беше по втор пат да ја одбива жалбата на кандидатот на владејачката коалиција Васил Дрвошанов, па уште го построи цел Врховен суд велејќи му дека постапува незаконски!
    Баш ме интересира како ќе се разреши спорот меѓу опасната госпоѓа судијка Мирјана Иванова-Бојаџиевска и Врховниот суд на Македонија. Не знаеш што е поинтересно. Ново одмерување на силите меѓу Дрвошанов и Амди Бајрам во скопското Дебар Маало или лекцијата што еден општински судија им ја одржи на судиите од врховното судско тело, во пакет со дискусиите за независното судство, што неминовно ќе произлезат.
    Госпоѓата Бојаџиевска, пред по втор пат да го одбие приговорот на Дрво­шанов, се консултирала со Обвинителството, со свои колеги судии, а побарала и дополни­телни појаснувања од Врховниот суд. Со кого ли Врховниот суд ќе се консултира доколку Дрвошанов по втор пат поднесе жалба?

    4. Кога на почетокот на неделава се отвори фрката со меѓусебното призна­вање со СР Југославија, покрај многуте информации од разни страни дознавме дека Белград се обидел да се испазари  околу признавањето на Македонија со барање поволни услови за користење на солунското пристаниште.
    Ние можеме и натаму да пишуваме графити по ѕидовите дека Солун е наш. Милошевиќ не пишува, ама веќе си го побара пристаништето. И сега, чиј е Солун?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира