ГЛАСАМ ПРОТИВ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:210:"Друцастолкунеубедувадеканесака,такаштовеќепочнадаверувадекакогаГрцијаќенигоначука,немаданеболи

    1 Видовте како се степаа во Штип. Митинг на СДСМ и контрамитинг на ВМРО-ДПМНЕ. Стечајци што се сметаат за жртва на ВМРО-ДПМНЕ и контра жртви на транзицијата на СДСМ. Наставници избркани од ВМРО-ДПМНЕ контра наставници избркани од СДСМ.
    Речиси 20 години во Македонија се е црно бело. Или си за едниот, или си за другиот. Или си за Груевски, или си за Бранко. И ако сакаш да кажеш нешто свое тогаш си или против едниот, или против другиот. Нема самостојно размислување. Нема место за некој што има што да каже, настапува од патриотски причини, ама е индивидуа надвор од партиските клики. Мора да биде или “наш”, или “нивен”.
    Оние што не се партиски војници во Македонија немаат избор. Мораат да се одлучат дали се за помалото, или поголемото зло. Така што изборите се сведуваат на “гласам против”, наместо “гласам за”.
    И бидејќи во принцип во Македонија се гласа против, време е за партија што ќе се вика “Против сите”.
    Според последните истражувања, дури четириесет отсто од гласачите се или неопределени, или не знаат за кого би гласале. Колкумина од тие четириесет отсто уште чекаат Бранко да се повлече од политиката? Колкумина од тие четириесет отсто се разочарани оти еве веќе минува четврта година од преродбата на Груевски, а гледаат дека тој веќе нема што да понуди?
    Сакам на ливчето да ми се даде можност да не гласам за никого. Ама тоа да не ми го бројат како неважечко ливче. Затоа ми треба ливче со име на партија “Против сите”. Така што кога ќе го заокружам бројчето мојот глас ќе биде легитимен.
    Да се разбереме. “Против сите” нема да се бори за власт. Ќе се бори да им покаже и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ дека ни е доста од нивниот црнобел свет. “Против сите” не е некаква трета опција, трет пат, не е ни некаква алтернатива, оти се виде како завршуваа сите тие трети опции и алтернативи. Тоа ќе биде партија, ама без партиска програма. Односно, програмата ќе се спакува во две реченици: Имам право да мислам со своја глава. И сакам да го искористам тоа право.

    2 И нека престанат веќе да лицитираат кој е поголема жртва на транзицијата, Сите сме жртви на транзицијата. Па, дваесет години сме во транзиција. Тоа мала жртва ли е? И дваесет години не се најде власт што ќе ја заврши транзицијата.
    Кога прв пат ги гласавме, Груевски и ВМРО не ги биравме за да градат цркви и споменици. Ги биравме затоа што им поверувавме дека се млади технократи и дека можат да завршат работа. Конечно да стават точка на транзицијата.
    Ама, ако изградиш црква и споменик побрзо може да се пофалиш. А за да завршиш работа, треба да знаеш како да ја завршиш. Џабе им е што се фаќаат за работа, кога не ги бива.

    3 “Ако Албанците се повлечат и на Македонците им остават сами да ја водат државата, тогаш се претпоставува резултатот”, изјави Имер Селмани. И така ги уништи шансите повторно Албанец да може да добие и македонски гласови.

    4 Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, сопственик на синџир супермаркети, си отворил нов сумермаркет без сообраќајна дозвола. И вика дека тој уредно поднел доклументи, ама не можел да ја дочека дозволата оти имал голем притисок од вработените. И губел многу пари, па решил да го пушти објектот без дозвола.
    Што ќе му е на Тодоровиќ дозвола? Градоначалник е, што ќе му е закон? Тој сами си е закон.
    А и нема кој да го казни оти едниот инспектор се разболел, а другиот е недостапен. Сиромашките инспектори. Сигурно се премориле казнувајќи ги обичните луѓе што не се градоначалници и лојални партиски послушници. Па иако губат пари со години, уредно чекаат да ја добијат дозволата за да почнат да работат.
    И после се чудиме зошто немаме странски инвестиции. Затоа што имаме локални кабадахии.

    5 Од пуста конспирација Владата пак им го остави мегафонот на Грците. Па тоа што Грците го сакаат и кај нас се слуша многу повеќе од тоа што ние го сакаме. Ако воопшто има план што сакаме.
    Може патриотиве од ВМРО-ДПМНЕ колку сакаат да ги обвинуваат медиумите дека се предавнички, ама тоа не ги амнестира од одговорност што ниту еднаш јавно премиерот не кажа: “Ова е наш став, ќе преговараме, ама имаме и план Б, следно ќе биде ова…”
    Вака, Друцас излезе главен фраер кој каде што ќе стигне убедува дека Грција многу не сака. Затоа и си мисли дека кога ќе ни го начукаат нема да не боли. А ние сиромашките пак му веруваме. Дека нема да не боли.

    6 Нормално дека Грција не сака. Кого да сака? Цела Европа им се налути и не сака да им дава пари, а ние секоја сабота и празник им даваме по една мала финансиска инјекција. Ете, веќе излеговме и од рецесија, па со душа ги чекаме јули и август уште повеќе да им помогнеме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира