ГЛУВЦИ И ДЕЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:79:"Ми­ло­ше­виќќепо­ба­раазилвоКра­то­во

    1. Зош­то бе­гал­ци­те поч­наа та­ка ма­сов­но да си за­ми­ну­ва­ат. Да ни ос­та­неа, ќе ни бе­ше по­ар­но. Ем ќе ја­дев­ме ев­ти­ни пи­пер­ки и пат­ли­џа­ни, ем Со­лун не­ма­ше да би­де цен­тар за ре­конс­трук­ци­ја на ре­ги­о­нот, ем ќе ни ше­таа раз­ни филм­ски ѕвез­ди, ем ќе си се ра­ду­вав­ме ко­га ќе ни се заб­ла­го­да­ру­ваа свет­ски­те др­жав­ни­ци…
    Се­пак, со оде­ње­то на бе­гал­ци­те, нај­мно­гу за­гу­би­ја кри­ми­нал­ци­те. По­ли­ци­ја­та бе­ше за­фа­те­на со кам­по­ви­те и со про­срп­ски­те ми­тин­зи, па не­ма­ше вре­ме да бр­ка кри­ми­нал­ци. За­тоа, оваа не­де­ла, за да го на­домести из­гу­бе­но­то, не­ма вре­ме да пос­тиг­не со ап­се­ња­та низ др­жа­ва­та.
    Из­гле­да де­ка во СДСМ оде­ле на кус курс, што тре­ба да ка­жат и ка­ко да се од­не­су­ва­ат во слу­чај на кри­вич­на при­ја­ва или прит­вор. Си­те од ред има­ат под­гот­ве­на из­ја­ва и од­нап­ред зна­ат де­ка станува збор за ре­ван­ши­зам и за мон­ти­ран по­ли­тич­ки про­цес.
    Мо­же ли во оваа др­жа­ва не­кој да се уап­си, а тоа да не би­де ре­ван­ши­зам? Има ли ту­ка нор­мал­ни крад­ци, или си­те се пар­ти­ски ак­ти­вис­ти?

    2. Ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ние Не­над Нов­ков­ски, уки­ну­ва­ње­то на ек­спе­ри­мен­тал­на­та нас­та­ва го об­јас­ни струч­но. Тој е фи­зи­чар и знае де­ка ек­спе­ри­мен­тот мо­же да се пре­ки­не во мо­мен­тот ко­га ќе се оце­ни де­ка ста­ну­ва опа­сен за тие што учес­тву­ва­ат во не­го. Би­деј­ќи ми­нис­те­рот оце­нил де­ка ек­спе­ри­мен­тот е опа­сен за уче­ни­ци­те, им ја пре­ки­на нас­та­ва­та.
    Ос­нов­но­то об­раз­ло­же­ние на фи­зи­ча­рот Нов­ков­ски за уки­ну­ва­ње­то на ек­спе­ри­мен­тот е де­ка де­ца­та што ќе за­вр­шат по оваа прог­ра­ма, не­ма да мо­жат да се со­о­чат со ре­ал­нос­та. А ре­ал­нос­та е су­ро­ва: за ми­нис­тер за об­ра­зо­ва­ние да го имаш Нов­ков­ски. За со­о­чу­ва­ње со так­ва ре­ал­ност, ни обич­на шко­ла не по­ма­га.
    Ту­ку, сре­ќа, глув­ци и де­ца и на­та­му ќе се ра­ѓа­ат. Ќе има уш­те ек­спе­ри­мен­ти.

    3. Во чие име Ѕин­го оти­де на пок­ло­не­ние кај Ми­ло­ше­виќ? Не слуш­нав де­ка не­кој од др­жа­ва­та се ја­ви да ка­же де­ка не му дал ман­дат на Ѕин­го да збо­ру­ва во име­то на ма­ке­дон­ско­то сто­пан­ство, ка­ко што мо­же­ше да се раз­бе­ре од со­оп­ште­ни­е­то про­чи­та­но на не­го­ва­та те­ле­ви­зи­ја. И ка­де се цр­ков­ни­те ве­ли­ко­дос­тој­ни­ци да ре­а­ги­ра­ат. Тие ли му да­ле за­да­ча на Ѕин­го да ба­ра од Ми­ло­ше­виќ приз­на­ва­ње на ав­то­ке­фал­нос­та на МПЦ, во ис­то вре­ме ко­га не­го­ва­та црк­ва са­ка да го ури­ва.
    Ми­ло­ше­виќ е, де­фи­ни­тив­но, за жа­ле­ње. Штом еден Бош­ко Тр­пев­ски од Си­тел мо­же да вле­зе кај не­го во ка­би­нет и да го сли­ка­ат за др­жав­на те­ле­ви­зи­ја, зна­чи чо­ве­кот по­ве­ќе ни­кој не го еса­пи. Са­мо Ѕин­го се нај­де един­ствен ју­нак во све­тот кој ќе го спа­су­ва срп­ски­от дик­та­тор.
    Ех, да мо­жат да се вра­тат вре­ми­ња­та на шле­пе­ри­те, цис­тер­ни­те и Ѕин­го­во­то гра­нич­но пре­мин­че пред очи­те на УНПРЕДЕП што го кон­тро­ли­ра­ше ем­бар­го­то спре­ма СРЈ. И ни­кој да не те чеп­ка со кри­вич­ни при­ја­ви, ич да не се се­ки­раш и да об­ви­ну­ваш де­ка ти мес­тат по­ли­тич­ки про­цес. Ама овие ре­ван­шис­ти­те се неб­ла­го­дар­ни. Тој ѝ мис­ли доб­ро на др­жа­ва­та, оти­де прв да му се пок­ло­ни на во­е­ни­от злос­тор­ник са­мо за доб­ро­то на “Си­лекс” и за не­го­во доб­ро, а тие му под­гот­ву­ва­ле кри­вич­ни при­ја­ви. На­мес­то тоа, ќе мо­ра Ѕин­го да му по­ну­ди на Ми­ло­ше­виќ азил во Кра­то­во. Ка­ко по­пат­на ста­ни­ца. Пред да за­ми­нат за­ед­но за Ки­на.

    4. Пок­рај Ѕин­го, пос­лед­на шан­са за спас на Ми­ло­ше­виќ ќе би­де нај­а­ве­ни­от опо­зи­ци­о­нен блок “Спас за Ма­ке­до­ни­ја”. СДСМ има на­ме­ра да со­ра­бо­ту­ва со “спа­си­те­ли­те”, из­ја­ви сек­ре­та­рот на пар­ти­ја­та Ѓор­ѓи Спа­сов.
    Друш­тво­то е ин­те­рес­но и мно­гу реп­ре­зен­та­тив­но: Дра­ги­ша Ми­ле­тиќ, Стра­шо Ан­ге­лов­ски, ко­му­нис­ти­те, пен­зи­о­не­ри­те… Та­ка што, ако ме­ѓу спа­си­те­ли­те вле­зе и Ѕин­го, на СДСМ де­фи­ни­тив­но му не­ма спас.

    5. Се­га се пуш­та­ат проб­ни ба­ло­ни де­ка Ки­ро Гли­го­ров пов­тор­но ќе се кан­ди­ди­ра за прет­се­да­тел. Не­ка не се за­фр­ка­ва­ат, ра­бо­та­ва е се­ри­оз­на. Ка­ков што си е Ки­ро, мо­же да му тек­не на­вис­ти­на да се кан­ди­ди­ра.
    Сто­јан Ан­дов ќе се кан­ди­ди­рал, са­мо ако влас­та обез­бе­де­ла фер ус­ло­ви и де­мок­рат­ски ам­би­ент. На ко­ја власт мис­ли Ан­дов? На оваа во ко­ја се­ди и ми­нис­тер од не­го­ва­та пар­ти­ја, или че­ка не­ко­ја дру­га.
    А Бран­ко Цр­вен­ков­ски, ве­лат, под­гот­ву­вал не­кое го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње со име­то на кан­ди­да­тот на СДСМ за прет­се­да­тел. Нај­го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње ќе би­де ако го под­др­жи за­ед­нич­ки­от кан­ди­дат на ВМРО-ДПМНЕ и ДА.

    6. Гр­ци­ја до­би око­лу 33 ми­ли­о­ни до­ла­ри на­до­мест за­тоа што си­ли­те на НАТО ми­ну­ва­ле по неј­зи­ни­те па­тиш­та на пат за Ма­ке­до­ни­ја. Гр­ци­ја е член­ка на НАТО.
    Ма­ке­до­ни­ја досе­га не до­би­ла на­до­мест за ко­рис­те­ње­то на па­тиш­та­та и за ста­ци­о­ни­ра­ње­то на на­ша­та те­ри­то­ри­ја. Ма­ке­до­ни­ја не е член­ка на НАТО.
    Ете зош­то са­ка­ме да би­де­ме член­ка на НАТО. Ка­ко пар­тне­ри за мир, да­ва­ме без па­ри. Ако сме во НАТО, ќе ни пла­тат.
    Гр­ци­те му ги от­во­ри­ја очи­те на ми­нис­те­рот Кљу­сев, па и тој по­ба­ра па­ри. Ќе ни пла­тат ко­га ќе ста­не­ме член­ка на НАТО. Ако не ста­не­ме, тоа ќе би­де “че­сен по­раз”, ка­ко што би ре­кол ми­нис­те­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти Алек­сан­дар Ди­мит­ров. Ако не до­би­е­ме па­ри, ќе би­де­ме “мо­рал­но ош­те­те­ни”, ќе ре­че ми­нис­те­рот за од­бра­на Кљу­сев. Мо­ра­ло та­ка да би­де.

    7. Све­ти Кли­мент Ох­рид­ски до­а­ѓа на мес­то­то на Ки­ро Гли­го­ров за пок­ро­ви­тел на “Ох­рид­ско ле­то”. Сé уш­те не е ре­ше­но да­ли св. На­ум ќе би­де до­ма­ќин на по­е­ти­те од “Струш­ки­те ве­че­ри”.
    Доб­ро е што ба­рем Ох­рид­ски­от ма­ра­тон ос­та­на под пок­ро­ви­тел­ство на прет­се­да­те­лот на др­жа­ва­та. Ба­рем ма­ра­то­не­цот да го ис­тр­ча по­чес­ни­от круг.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира