ГРАНАПЧЕ СУПЕРМАРКЕТЧЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:66:"ВосекојоднивсекриепоеденЉубчо

    1 Кога Љубчо како премиер ја договори со Грците продажбата на рафинеријата Окта со непосредна спогодба, Владо Бучковски беше портпарол на СДСМ. Бучко тогаш многу збореше.
    Кога Бранко како премиер ја договори со Коч цената за локацијата на Рамстор, Бучковски немаше ништо против. Не збореше ништо.
    Што би рекол портпаролот Бучковски ако сега Љубчо е премиер и ако тој, наместо него, со непосредна спогодба, договара локации за бензински пумпи со Лукоил, продава земјиште за супермаркети на “Туш” и мали хидроцентрали со Словенците?
    Во секој од нив се крие по еден Љубчо.

    2 Што се случува кога продажбата на земјиште за супермаркети не е договорено во четири очи, туку оди на јавна лицитација? Бучковски се вџашува. И јавно се извинува.
    После таков срам си оди во кабинетот и им се јавува на странците да им порача: “Дојдете да вложите во Македонија!”
    Уште една локација во центарот на градот ќе се пополни со супермаркет. На лицитацијата победи Веро, откако другите две компании беа исклучени од игра. Нив не им кажале дека треба да имаат банкарски гаранции.
    Вџашениот премиер за скандалозната лицитација рече дека “ќе се испитаат сите околности и ако се виновни високи службеници во Министерството за транспорт и врски, ќе бидат прераспределени на друго место”.
    А што ако бил замешан министерот за транспорт Мехази? Или, како и во случајот со Буџаку виновни ќе бидат некои службеници. Министрите потпишуваат тоа што ќе му дадат.
    Буџаку се правдаше дека не го продал земјиштето на плоштадот во Скопје за бадијала во непосредна спогодба направена во пицерија во Тетово. Рече дека не јадел пици.
    А Мехази, јаде ли гиро?

    3 Бучко на почетокот од мандатот се фалеше дека ќе ги укине дискрецисните права на министрите за да нема злоупотреби. За да ја намали корупцијата дури и им ја зголеми платата. Арно ама, министрите мораат да си имаат свои дуќанчиња. Како што им растат апетитите гранапчињата стануваат супермаркети. Секој сака да си има свој супермаркет.
    Скопје до сега беше познат како град на солидарноста. Отсега за главниот град на Македонија ќе викаме: “Скопје – град на супермаркетите”.

    4 Никој не ја контролира водата што се продава по супермаркетите. Па затоа директорот на Заводот за здравствена заштита ни порачува: “Внимавајте каква вода купувате!”. Некои не биле испитани, а за некои со сигурност знаеле дека не чинат, ама пак се продаваат.
    А директорката на Дирекцијата за безбедност на храна вели дека водата не се контролира често. “Минералната вода не спаѓа во голем ризик, бидејќи не се пие секојдневно”, вели таа.
    И што да правиме сега ние. Да не пиеме вода секојдневно? Да се префрлиме на виски. Или, да си вградиме дома лабораторија, оти овие што ги плаќаме да ни се грижат за здравјето, ни рекоа дека џабе ги плаќаме.
    Еве како ќе внимаваме што купуваме. Кога ќе одиме во супермаркет ќе си носиме пипети и епрувети. Па ќе си ги отвараме капачињата за да земеме мостри. И ќе си ги испитуваме во домашната лабораторија.

    5 Каква жртва е Бранко за Македонија. Замислете, од Украина, наместо да си дојде дома, тој мораше да оди на концерт на Бијело дугме.
    Ете зошто им требало новото авионче. За да може да го остави некаде по пат. И другиот ден да се се врати по него за да го земе.
    Со Бранко во Украина беше и Илинка. Ама, таа не отишла на концертот. Зошто? Затоа што на костимчето имала бело копче. А Илинка не трпи конкуренција во нејзина близина.

    6 Еден пратеник Албанец за време на расправата за употребата на знамињата на малцинствата им рече на опозиционерите: “Што мислите вие, албанкото знаме на конкурс ли се избира?”
    Не. Само македонско знаме се избира на конкурс.
    И после вакво понижување се јавува Кондарко за да те доотепа. Тој го брани знамето на Република Албанија. Па уште ни вели дека и Американците го развеале американското знаме на Месечината, па тоа не значи дека ја окупирале. Па чие знаме да носат? Албанско!?
    Кондарко ја надмина политичката фаза на клонарко. Кондарко созреа во бисерко.
    Албанците воопшто не треба да се борат за употребата на знамето на Албанија во Македонија. Си го имаат Кондарко.

    7 Стевче се пофали дека ја намалил невработеноста. Во заводот за вработување има 20 илјади луѓе помалку. Задоцниле со пријавување и ги избришале.

    8 Мислев да пишувам за пирамидата на Никола Поповски, ама си реков, ај следниот број. Таа ќе биде актуелна до следните избори.
    Фараоните побрзо ги граделе пирамидите, отколку Никола што треба да ја урне.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира