ХАРИ ДЕХАРИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:96:"Бранко,запалигосветлотодавидимеколкуниеубаво

    1. Во Македонија има интервентен увоз на микроскопи. Бидејќи станува збор за национален интерес нема да има тендер, туку микроскопите ќе бидат набавени со непосредно договарање. Не скокајте веднаш. Немојте да мислите дека некој пак ќе земе провизија. Микроскопите се за наше добро. За да ги видиме резултатите од едногодишното владеење на Бранко и Ахмети.

    2. Премиерот не сака да излегува на дуел со лидерот на опозицијата затоа што оваа година не била изборна година. Минатата година не сакаше да излегува на дуел затоа што било изборна година. И в година нема да излезе затоа што пак ќе има избори.
    За да излезе од анонимноста, Бранко се појави само на МТВ. Таму се пожали дека новинарите само знаеле да критикуваат, а не нуделе решенија. Новинарите на владата треба да и даваат идеи. А Бранко ќе ги реализира со неговите министри. Со Илија Филиповски, на пример. Или, со Славко Петров. Тие му се министри за свежи идеи.
    Премиерот е во право дека по една година е многу рано за да уживаме во благодетите на неговата власт. До 2006 година има да се изнауживаме. Нас ни е многу убаво, само што тоа не го гледаме. А зошто не гледаме? Затоа што во мрак не се гледа. Бранко, запали го светлото да видиме колку ни е убаво.

    3. Министерот за внатрешни работи рече дека не постои македонска, албанска, влашка полиција, туку постои едно македонско министерство за внатрешни работи. Така што не е страшно ако Ахмети му се налути на Бранко, овој да го смени Хари. Оти заменик на Хари е Фатмир Дехари. Така што, ако не е Хари, останува Дехари.
    За Дехари ќе остане малку работа оти во последно време се намножија командантите на ОНА на кои им следува амнестија. Прво беа само 60 команданти, сега станале 120. Зошто едноставно не се распише временски неограничена општа амнестија која ќе важи само за албански команданти. Бидејќи кај борците за човекови права понизок чин од командант – нема.
    Не е убаво едно така романтично име, како Бреза да заврши во затвор. Замислете – “Бреза вене во Идризово”. Или, Џејми Шеј наместо на Косово, завршил во Шутка.

    4. Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов го прави плоштадот Македонија со камен од Босна. Тој објасни дека босанскиот камен е поцрврст од македонскиот и дека таква тврда подлога ќе може да издржи сообраќај на воени возила.
    Ете каква идејна конфузија може да настане во умот на еден либералдемократ кој ја посетил Кина. Пенов го видел Тиенанмен. Дали на скопскиот плоштад ќе се прават паради, или тенкови ќе газат ако има демонстрации.
    Никој не знае како ќе изгледа плоштадот. Дури ни архитектите на победничките проекти, оти ќе се градело по комбинација од сите наградени и откупени проекти, вкупно едно пет-шест. Визуелна презентација на идниот изглед на плоштадот ќе се прави откако ќе биде направен.
    Знаете зошто Пенов не сака сега да прави визуелна презентација на плошадот? Затоа, што ако реконструкцијата трае толку долго како онаа на Камениот мост, видеоматеријалот ќе го гледаат нашите потомци.

    5. Сега и Бучко ќе мора да ја менува концепцијата за влез во НАТО. Наместо со оклопни транспортери и авијација, како што најави, ќе мора да ги задржи тенковите. За да има Пенов што да вози на плоштадот.

    6. Средношколците веќе трета недела се на улица. Директорите немаат гајле. Родителите тераат правда преку децата. Министерот за образование од странство порачува дека не се чувствува одговорен за хаосот на почетокот на учебната година.
    Тинејџерите на кои им врие крвта, особено кога се испуштени од дома и од училиште, можат да направат големи белји, оставени на улица.
    Важно кафеаните затвораат рано.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира