ХУМАНИТАРЕН ТУРИЗАМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:53:"НАТОимако­неч­норе­ше­ние

    1. Ту­ро­пе­ра­то­ри­те од Ви­со­ки­от ко­ме­са­ри­јат за бе­гал­ци има­ат пра­во ко­га се ста­пи­су­ва­ат што во бе­гал­ски­те кам­по­ви низ Ма­ке­до­ни­ја не­ма те­ни­ски иг­ра­лиш­та. Ту­рис­тич­ка­та се­зо­на на ху­ма­ни­тар­ци­те фа­ќа за­лет, а ние по на­ви­ка ту­рис­ти­те ги пре­че­ку­ва­ме не­под­гот­ве­ни. Ма­ке­до­ни­ја е прес­тиж­но мес­то за ху­ма­ни­та­рен ту­ри­зам. Не­ма кој не би са­кал да дој­де, да ги по­се­ти кам­по­ви­те за бе­гал­ци. Си­те са­ка­ат да се по­фа­лат де­ка ги ви­де­ле кам­по­ви­те на ко­сов­ски­те бе­гал­ци. До­а­ѓа­ат од це­ли­от свет, се сли­ка­ат, сни­ма­ат со ка­ме­ри, раз­го­ва­ра­ат со до­мо­род­ци­те, иг­ра­ат фуд­бал со де­ца­та и по­тоа си одат до­ма да се по­фа­лат кол­ку се ху­ма­ни.
    За по­доб­ра ор­га­ни­за­ци­ја на ху­ма­ни­тар­ни­от ту­ри­зам, Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да ја ­нај­ми гос­по­ѓа­та Са­да­ко Ога­та. Таа ќе ни ра­бо­ти ка­ко ту­рис­тич­ки во­дич. На­мес­то да ѝ се лу­ти­ме што се ја­ву­ва­ла да ур­ги­ра си­те бе­гал­ци да ни ос­та­нат ту­ка, тре­ба да го ис­ко­рис­ти­ме неј­зи­но­то ис­ку­ство. Таа мис­ли на на­ши­от ту­ри­зам. Што ќе се слу­чи, ако бе­гал­ци­те одат во За­пад­на Ев­ро­па или во САД. Ху­ма­ни­тар­ци­те ќе мо­ра­ат да ос­та­нат во сво­и­те зем­ји и та­му ќе тре­ба да го ис­пи­ту­ва­ат ква­ли­те­тот на мас­ти­ло­то на пе­ча­ти­те со кои ги обе­ле­жу­ва­ат, топ­ли­на­та на во­да­та во ба­зе­ни­те, или цврс­ти­на­та на поч­ва­та на те­нис­ки­те те­ре­ни.
    За­тоа, не ги пуш­та­ме бе­гал­ци­те да си одат. Ќе раз­ви­ва­ме ху­ма­ни­та­рен ту­ри­зам. Ќе об­ја­ву­ва­ме рек­ла­ми по стран­ски­те вес­ни­ци. “Са­ка­те аван­ту­ра и не­из­вес­ност? – По­ве­ле­те во Бла­це, тоа е вис­тин­ско мес­то за вас!” Или, “За не­мир­ни­те ду­хо­ви кои ужи­ва­ат во но­ќен жи­вот и тур­ка­ни­ци, ва­ши­от из­бор е Стен­ко­вец!”. “За ро­ман­тич­ни ду­ши кои са­ка­ат ти­вок и ми­рен од­мор – Браз­да”. А Ра­ду­ша ќе се рек­ла­ми­ра за оние кои са­ка­ат лук­суз и ком­фор.

    2. Зош­то НАТО пр­во нé ос­та­ви да гре­ши­ме во трет­ма­нот на бе­гал­ци­те, а ду­ри по­тоа по­ка­жа ка­ко тре­ба да се ре­ша­ва нив­ни­от проб­лем. Нé пос­ра­мо­ти­ја пред све­тот со сли­ки­те од Бла­це, за џа­бе. Тие го ре­ша­ва­ат проб­ле­мот уш­те пред бе­гал­ци­те да се по­ја­ват на гра­ни­ца. Две бом­би во ко­ло­на­та и – за­вр­ше­на ра­бо­та.
    А ние ту­ка ги мал­тре­ти­ра­ме лу­ѓе­то. Те мо­ра­ло си­те да се еви­ден­ти­ра­ат, те не­ма­ле па­со­ши, а има­ле мо­бил­ни те­ле­фо­ни, те по­ли­ци­ја­та бру­тал­но ги те­па­ла, те уми­ра­ле, те се по­ра­ѓа­ле… Крај­но не­ху­ма­но. И ком­пли­ци­ра­но.
    НАТО не ги ком­пли­ци­ра ра­бо­ти­те. Тие ни­ту ги ма­чат, ни­ту ги мал­тре­ти­ра­ат бе­гал­ци­те. А бо­га­ми, не ги ни еви­ден­ти­ра­ат. Тие има­ат ху­ма­ни ме­то­ди. НАТО има ко­неч­но ре­ше­ние за проб­ле­мот.

    3. Би­деј­ќи во Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе има 140 ил­ја­ди Ал­бан­ци од Ко­со­во, и би­деј­ќи тие се мал­тре­ти­ра­ни, не­кој ќе мо­ра да ги бра­ни. За­тоа, со­се­ма ле­ги­тим­на е пот­ре­ба­та ко­сов­ски­те Ал­бан­ци во Ма­ке­до­ни­ја да ги бра­ни ОВК. И за­тоа не тре­ба да се ди­га па­ни­ка око­лу пра­ша­ње­то да­ли во Ма­ке­до­ни­ја има ОВК. Мо­ра да има.
    Ако ОВК пук­не со две пуш­ки, не­кој ќе мо­ра да им вра­ти. Ако им вра­ти – ОВК ќе му се по­жа­ли на НАТО де­ка Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја се мал­тре­ти­ра­ни. Ху­ма­ни­тар­ни­те ту­рис­ти ќе збо­ру­ва­ат за чо­ве­ко­ви пра­ва. Ќе пук­нат уш­те две пуш­ки и не­кој ќе прог­ла­си Или­ри­да. Тоа не тре­ба да нé заг­ри­жу­ва, би­деј­ќи ал­бан­ски­от пре­ми­ер Пан­де­ли Мај­ко ве­ли де­ка го­ле­ма Ал­ба­ни­ја е про­цес што те­че. Сé те­че, сé се ме­ну­ва, па и гра­ни­ци­те. И пос­ле до­а­ѓа­ат бу­гар­ски­те тен­ко­ви бо­јо­са­ни со ма­ке­дон­ска бо­ја да го соп­рат про­це­сот што те­че. Ху­ма­ни­тар­ни­те ту­рис­ти го ди­га­ат гла­сот во од­бра­на на две­те пуш­ки. И до­а­ѓа НАТО со сво­и­те ави­о­ни.

    4. Ние сме ве­ќе под­гот­ве­ни за бом­бар­ди­ра­ње. И о­на­ка, од жал за Ср­би­ја, во знак на со­ли­дар­ност и ние би при­ми­ле не­кол­ку “то­ма­хав­ки”. Не ги но­си­ме џа­бе ме­ти­те што на прес-кон­фе­рен­ци­ја ги де­ли ју­гос­ло­вен­ски­от ам­ба­са­дор.
    Нај­доб­ро е со тие ме­ти да се од­бе­ле­жат фаб­ри­ки­те на на­ши­те со­ци­ја­лис­тич­ки сто­панс­тве­ни­ци. Ако ве­ќе НАТО тре­ба да нé бом­бар­ди­ра, то­гаш пр­во не­ка ја срам­ни со зем­ја Сто­пан­ска­та ко­мо­ра и не­ка ги из­би­ра фаб­ри­ки­те на ди­рек­то­ри­те што, от­ка­ко се оса­мос­то­ив­ме пла­чат за­ед­но со Ду­шан Пет­рев­ски за “ком­пле­мен­тар­ни­те” ко­ле­ги од Ср­би­ја. Ка­ко са­мо на­ше­то сто­пан­ство бе­ше вр­за­но со срп­ско­то, а хр­ват­ско­то и сло­ве­неч­ко­то не бе­ше? Или, на на­ши­те ди­рек­то­ри, за раз­ли­ка од хр­ват­ски­те и сло­ве­неч­ки­те, и по де­сет го­ди­ни са­мос­тој­ност нај­мно­гу им од­го­ва­раа де­лов­ни­те вр­ски со “пе­че­ни пра­си­ќи” во Вра­ње и во Лес­ко­вац.
    Си­ро­маш­ки­те ма­ке­дон­ски сто­панс­тве­ни­ци. Пла­чеа за вре­ме на сан­кци­и­те, пла­чат и се­га, ама не се от­ка­жу­ва­ат од “пра­си­ќи”. Са­мо со бом­бар­ди­ра­ње, НАТО мо­же да ги спа­си ус­пеш­ни­те ма­ке­дон­ски ди­рек­то­ри од 10-го­диш­ни­те ма­ки во са­мос­тој­на Ма­ке­до­ни­ја.
    Сме­шен е стра­вот де­ка Ми­ло­ше­виќ, за од­маз­да, ќе ја бом­бар­ди­рал Ма­ке­до­ни­ја. По­пр­вин, оп­рав­ду­ва­ње за бом­бар­ди­ра­ње ќе про­нај­де НАТО, без да се ва­ди на греш­ки на пи­ло­ти­те. Би­деј­ќи ма­ке­дон­ско­то сто­пан­ство би­ло ком­пле­ман­тар­но со она на Ми­ло­ше­виќ,  НАТО не­ма ни да ја ви­ди раз­ли­ка­та. Не­ма да от­ста­пи од ге­не­рал­на­та ори­ен­та­ци­ја да го униш­ту­ва срп­ско­то сто­пан­ство.

    5. На­мес­то ма­ке­дон­ски­те свеш­те­ни­ци да се мо­лат за спас на пра­вос­лав­ни­те бра­ќа во Ср­би­ја, не­ка се по­мо­лат ба­рем ед­наш Срп­ска­та пра­вос­лав­на црк­ва да ѝ ја приз­нае ав­то­ке­фал­нос­та на Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на црк­ва.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира