ИМАМ ИДЕЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:221:"ПретседателотипремиеротќепокажатвистинскапочитзаТоше,амаизаситенас,акоинаИлиндензаеднодојдатвоКрушево

    1 Смртта на Тоше е ненадоместлива загуба за неговото семејство, но и за сите нас и за милиони фанови низ светот. Ама не можам да се се согласам со Весна Петрушевска која на одарот рече дека “умре надежта за Македонија”.
    Не е точно дека умре надежта. Напротив. Надеж има, и тоа баш поради големината на делото на Тоше и неговиот личен пример.
    Доста ми е од самосожалување. Тоше со 26 години покажа дека можеш да си од сиромашно семејство, да си од затантено место како Крушево и од периферија како Македонија, а сепак да постигнеш светски успех и, што е најважно од сѐ со личен пример да покажеш добрина и хуманост. Ако со смртта на Тоше умреа добрината и хуманоста, тогаш Тоше џабе живеел. Ако ни е полесно да се самосожалуваме отколку да се инспирираме од неговата уметност, добрина и хуманост, тогаш и не сме заслужиле да излеземе од оваа забит и да му бидеме рамни на светот.
    Во моменти кога ќе те фати очај и кога ќе се препуштиш на традиционалната приказна за страдна Македонија на која сите ѝ мислат лошо и цел свет ѝ подготвува заговор, сети се на Тоше. Ако секој од нас, наместо да жали што го нема Тоше и да плаче над сопствената судбина, го следи неговиот пример за добрина и хуманост и даде сѐ од себе за тоа што го бива, Македонија нема да биде ни јадна ни страдна, а и најголемиот заговор на светот нема да ја засегне.

    2 Еве, на пример, можеби баш смртта на Тоше ги освести и Претседателот и премиерот. Замислете, не се скараа кој прв ќе се појави на Плоштадот во Скопје, кој ќе оди во Крушево, кој прв ќе даде изјава… Портпаролите молчеа и за прв пат изгледаа паметно.
    Вистинската почит за Тоше, ама и за сите нас Претседателот и премиерот ќе ја покажат кога в година на 2 август заедно ќе дојдат во Крушево. Затоа што уште од времето на Киро и Љубчо не се случило Претседателот и премиерот на Македонија да се најдат на исто место на Илинден.

    3 Владата денешниот ден го прогласи за Ден на идеи. Премиерот и министрите ќе седат на платото пред Владата и ќе примаат идеи од граѓаните.
    Имам идеја за Груевски. Му останаа уште три години мандат. Уште има време да ги собере околу себе сите што вредат, а не сите што го слушаат.

    4 Анкетната комисија за испитување на тепачката во Собранието прилега на ситуациите кога во градинка ќе се испотепавме и воспитувачката нѐ распрашуваше: А ти што му направи? А тој што ти направи? А кој те повлече за коса? А ти прв ли почна? А кој прв почна?
    Во испитувањето воспитувачката Стојан Андов го испрашуваше палавкото Ружди Матоши. “Учителке, овој ДУИ ме буткаше, ми се кривеше и ме викаше Ружица”.
    Ај што го буткале и што му правеле фаци, ама за командант од таков маштап како Матоши најнавредливо било што го нарекле со женско име.
    Во која песна повеќе се препознава? Во онаа загорската “Рожица сем била, Рожица веч не бум”? Или во “Ружо, Рушка запет сам ко пушка”

    5 Владата и опозицијата решија да подлегнат на притисокот од меѓународната заедница и пак воведоа политички дијалог. Еве, вчера имаше лидерска средба.
    Страшна работа. Тоа е голем придонес кон светската демократија и уште еден чекор на Македонија кон ЕУ и НАТО.
    Само што кај нас средбата се смета за успешна ако сите четворица лидери се согласат да дојдат. А ако стварно дојдат, тогаш средбата е ептен успешна.
    Тоа што и вчера не успеале да се договорат за ништо не е битно. И Африка има повисоки стандарди за ефикасност. А не сака да влезе ни во ЕУ ни во НАТО.

    6 Цела земја два дена речиси ништо не работеше од шок по трагедијата на Тоше. Не работеше ни Собранието. Па ни комисијата што ја испитува тепачката.
    Како за беља, тие два дена требало да сведочи баш Мендух Тачи. Лидерот на ДПА, кој е познат по јапонска ефикасност, швајцарска прецизност и француски шлиф, се налути оти имал друга работа и ја откачи комисијата за сите времиња.
    Тачи мисли дека е многу битен. Ама покажа колку е ситен.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира