ИСТОРИСКА ДИСТАНЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:295:"Зоштонекојбисемалтретиралдафалсификувамакедонскипасошидаостанезаробенликвоуспешнатаприказна,когапоевтиномуедасикупибугарскодржавјанство

    1 Министерот за финансии Никола Поповски се пожали дека реформите што сме ги правеле во одбраната се џабе потрошени пари. Тој рече дека дека Владата имала погрешна проценка оти идната година ќе добиеме покана за членство во НАТО, и неосновано од него било побарано да го дуплира буџетот за војската. Го зафркнале.
    Да сме знеле дека нема да не примат во НАТО немаше да ги правиме реформите во одбраната. Сега, кога знаеме и дека нема да не примат ни во ЕУ, Никола нека не дава пари ни за реформи во судството, здравството и јавната администрација. Не мора да се трошат пари ни во борбата против организираниот криминал и корупција. Оти реформите им требаат во ЕУ, не ни требаат нас.
    Ехее, колку пари Никола ќе заштеди ако не прави реформи. Ќе ни ја зацврсти лидерската позиција.
    Којзнае колку Никола им е лут Бучко, Рада и Илинка оти многу шетаат за да лобираат за Македонија. Колку пари потрошија за да ја раскажуваат успешната приказна за реформите? Приказната може е успешна, ама парите се неуспешно потрошени. Оти – реформи нема.
    Никола мисли дека парите се за чување. Може да се трошат само за спроведување на Рамковниот договор, оти само за тоа има меѓународно одобрение.

    2 Стевче Јакимовски пред неколку дена рече: ” Конечно дојде време за разговор со раселените”. Конечно!? По четири години!?
    Чекаа историска дистанца за да прозборат и за Македонците.
    Откако направија двојазична држава, откако ги поделија општините по национален принцип, откако го официјализираа албанското знаме, сега конечно дојде време и Македонците да видат некое фајде од рамковниот договор. Ако може барем да си се вратат дома од кај што беа избркани.
    Се што беше обврска од Рамковниот договор кон Албанците, државата Македонија си го исполни. За крај остана обврската кон Македонците.

    3 Со историска дистанца, по три години покренато е обвинетие против убиецот на матурантот од Тетово Ванчо Јосифовски, кој си играше кошарка пред куќата, една година по завршувањето на војната.
    Ама не можат да го најдат убиецот оти живее во далечниот Порој на неколку километри од Тетово. Тој е недостапен за органите на прогонот. А недостапен е оти полицијата не пристапува кон тоа село.

    4 Пред 8-9 години Димитар Бузлевски, кој беше потпретседател во една од владите на Бранко се пофали дека Македонија е на одлично 7 место. Кога новинарите го прашаа колку земји биле на списокот, тој рече: “седум”.
    Сега сме лидери. Само што уште никој не ни дефинирал на што сме и кого водиме.
    Бугарија и Романија веќе не ги зборуваме, оти уште на времето Бранко ни се закануваше дека ако не гласаме за СДСМ ќе станеме како нив. Хрватска која по нас потпиша договор за асоцијација и стабилизација со ЕУ, наскоро ќе ги почне преговорите. Во странски инвестиции, далеку пред нас се и Србија и Босна и Албанија.
    И на што сме ние лидери во регионот. Колку сме напреднале од легендарната изјава на Бузлевски. Од седум земји веќе не сме седми. Први сме. Ама одзади.
    Ние сме лидери на губитниците. Само што нема многу губитници на списокот во регионот. Ние ќе останеме единствените. Ќе молиме да не гледат во пакет со Косово.

    5 Првата класа питомци што се школуваа и завршија по НАТО стандарди немаат работа. Офицерите од успешната приказна за Македонија ќе ги дошколуваат оти за нив нема место. Местата за офицери по стандардите на НАТО се зафатени со офицерите по стандардите на ЈНА. И по рамковен со по некој офицер по стандарди на УЧК.

    6. Агрон Буџаку ќе биде директор на Центарот за управување со кризи. Тој има искуство со кризи. Во 2001 година ги правеше, а во 2005 ќе ги управува.
    Замислете сега оној командант од Липково кој во меѓувреме стана министер за земјоделие повторно да посака да ги затвори вентилите. Буџаку ќе мора да управува со кризата во Куманово.
    Како? Ќе ја реши кризата со непосредна спогодба во четири очи.

    7 Велат дека и новите пасоши ќе биле лесни за фалсификување.
    Не знам зошто некој би се малтретирал да фалсификува македонски пасош и да остане вечно заробен лик во успешната приказна. Поевтино ќе му биде да си купи бугарски државјанство.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира