ИЗБРАНА ХУНТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:177:"Големпропуствозаконотнанароднитеизбраници-заборавијадапредвидатиалејанапратениците

    1 Бранко нема да го оспори безобразниот закон за привилегии на пратениците. Не сакал да го крши Уставот. Добро. Нека го потпише. И следниот ден нека го даде на Уставен суд.
    Ако им го оспори Уставниот суд, пратениците нека направат и трет предлог. Глупаво е да си ги решат само пензиите и трошоците за умирачка. Оти сега заборавиле на уште една привилегија. Да им се обезбеди алеја на претениците на гробиштата

    2 Секаде во светот хунтата е клика што на сила доаѓа на власт.
    А ние, овие пратеници сме си ги избрале на парламентарни избори. Кои губитници сме ние кога на избори сами си бираме хунта.

    3 Радмила Шеќеринска не мора да носи екскурзии во Брисел за да ја раскаже успешната приказна за Македонија. Следниот пат нека организира автобуска тура до Деве Баир на границата со Бугарија.
    Стотици невработени од Крива Паланка и околината секој ден наутро пеш ја минуваат границата и од таа страна ги чекаат автобусите со шверцерите од Турција. Таму, на паркинг им подземаат по една-две торби и пеш им ги пренесуваат преку граница. Во Македонија им ги предаваат торбите и за таа услуга добиваат 10 евра. Торбарите, во последно време се намножија па им падна и цената. Сега пешачат преку границата за 7-8 евра дневно.
    Прво ни велеа дека патот до ЕУ и НАТО оди преку Охрид. Затоа и го направивме Охридскиот договор.
    Потоа ни велеа дека патот до ЕУ и НАТО оди преку Кондово. Затоа и не го изгласавме референдумот против новата територијална поделба.
    Се срамат да ни кажат дека вистинскиот пат до ЕУ и НАТО оди преку Деве Баир.

    4 Во екскурзиите на патот до ЕУ, Бучко немаше среќа да го види Лондон. За да се види со Тони Блер мораше да оди на партиска конференција во Брајтон.
    Сега амбасадорот на Македонија во Велика Британија \орѓи Спасов мора да биде туристички водич. Да го качи Бучко на лондонски автобус на два ката и разгледувајќи го градот да му покаже една од туристичките атракции – резиденцијата на британскиот премиер, на Даунинг стрит 10. За да може Бучко да види каде Блер обично ги прима премиерите на другите држави.

    5 Додека Бучко беше во Брајтон, тука беше јавено дека Велика Британија е стратешки партнер на Македонија.
    И САД им се стратешки партнер.
    И Кина им е стратешки партнер.
    А и Русија им е стратешки партнер.
    Сите им се стратешки партнери. Само ние не сме им. Македонија им е тактичка грешка.

    6 За влез во ЕУ и НАТО клучни се реформите во судството. А и мери Младеновска и Бучковски рекоа дека реформите во судството одат супер.
    И навистина е така. Еве почнаа и судијките да ги тепаат на судење.
    Сега ќе имало истрага да видат дали има докази дека судијката во Челопек била нападната. Ај баш да видиме дали ќе ги најдат тие што ги прикажаа и на телевизија. Оти заедно со нив, во пакет треба да одиме во ЕУ.
    Кај смее Албанец да се апси, особено кога го крши законот?

    7 Претлатата за телевизија нема да се плаќа преку сметка за струја. Ќе ни се вратат инкасаторите. Имало некој нов закон. Сите ќе мораат да плаќаат. Осободени од плаќање ќе бидат само оние кај кои е утврдено слепило до 90 отсто.
    Значи и матно да гледаш, МТВ мора да ја платиш. Дури и телевизорот да не го догледуваш, инкасаторот ќе мора да го видиш.

    8 Директорот на Клиничкиот центар Андреја Арсовски рече дека штрајкот е лошо организиран.
    За да биде штрајкот како што и треба на Владата, требаше да биде организиран од Ванчо Муратовски.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира