ЈАКА ФИНТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:133:"МакедонцитебигласалезаМакедонија,аманемаопцијазагласање-против

    1 Премиерот Владо Бучковски и лидерот на ДПА Арбен Џафери се сретнаа на половина пат меѓу Скопје и Тетово. Таму има бензинска пумпа. На пумпа се разговара за нафта.
    Следниот состанок може да им биде пред некоја трафика. Да разговараат за цигари.
    Логично би било третиот пат да се најдат во Боговиње. Разговорите за следните избори да ги завршат во некој бордел.
    Има нафта, има цигари, има увозни танчерки. Значи – има и добра основа за коалиција. За оружје не треба да се разговара. Тоа е под контрола на ДУИ.
    За разлика од Бучковски, Груевски не мораше да бара партнер по патиштата. Џафери му дојде на гости во Скопје. Зошто? Затоа што можеби тој има да понуди нешто што Бучко веќе му го има ветено на ДУИ.

    2 Спикерот на Собранието Љупчо Јордановски беше на промоција на книга за политички маркетинг. На една телевизија му побараа изјава и тој рече: “Дојдов да видам на кои финти паднале граѓаните”.
    И виде.
    Финтата на Киро беше: “Не ме оставајте сам!”
    Финтата на Бранко беше: “Во секое семејство по еден вработен!”
    Финатата на Љубчо беше: “Домаќински и одговорно!”
    Финтата на Андов беше: “Либерална знае!”
    Тоа се истите јаки финти како и најновата приказна на СДСМ за професионализација на дипломатијата. Со таа финта и Јордановски ќе стане амбасадор во Вашингтон.

    3 Не знам зошто активистите што се противан на продажбата на ЕСМ не го блокираат Бучко, туку не блокираат сите нас. Па не го продаваме ние ЕСМ. Бучко го продава. И што е најстрашно – не гледам дека Бучковски не може да се движи. За разлика од нас, што се нервираме во блокираните автомобили и градски автобуси, тој стига насекаде.
    Како отпорот против продажбата на ЕСМ за една недела стана отпор на секој против секого?
    Како што поминува времето блокадите стануваат предмет на меѓупартиски пресметки. Им дадовме убава тема за политички маркетинг. Кога партиите ќе ја земат темата во свои раце, нема да биде прашањето дали да се продава ЕСМ, туку кој да го продава. А ние немаме ништо од тоа освен што ќе поскапе струјата.
    Во меѓувреме, не дај боже некој да умре заради блокираните сообраќајници низ кои тешко се пробиваат амбулантните возила. Или пак, не дај боже да избие пожар во центарот на Скопје. Цистерните не можат да се доближат до зградите и во редовна ситуација, а не пак со блокирани улици.
    И што ни останува? Да стоиме со автомобилите во место со саати и да трошиме повеќе бензин додека моторите работат напразно. Што повеќе бензин ќе потрошиме, толку повеќе акцизи ќе платиме за буџетот на Никола Поповски.
    Како и да ја свртиш, против себе си работиме.

    4 Портпаролот на СДСМ Никола Кондарко рече дека тие во партијата откриле дека протестите се организирани од ВМРО-ДПМНЕ според регистарските таблички. СДСМ ги знае сопствениците на автомобилите од барикадите.
    Ние во ВЕСТ во неколку наврати се обидувавме да ги дознаеме сопствениците на автомобилите што се паркираат на паркингот за инвалиди пред Собранието. Во МВР ни одговараа дека не можат да ни ги кажат, оти ја штителе приватноста на граѓаните.
    Не сме знаеле дека требало на Кондарко да му се јавиме. Ќе му ги кажеме регистарските таблички, а тој ќе ги бара имињата.
    Кога е СДСМ во прашање за МВР не важи заштита на приватност. Оти се знае. Штом СДСМ бара нешто, тоа мора да е за општонародно добро.
    Тие и приватно кога крадат, тоа го прават за доброто на сите нас.

    5 За да имаме фер и демократски избори некои партии од албанскиот блок прво побараа странците да ги контролираат изборите. Затоа што се плашат од насилства меѓу себе.
    Потоа побараа странски набљудувачи во партиските штабови. Сега бараат странците да ги прислушкуваат партиите за време на изборите.
    Со години и Македонците и Албанците се заложници на нивните мегаломански идеи за грабање територија. На овие избори пак ќе им бидеме заложници. Овој пат затоа што се неспособни да си го поделат пленот.
    Тие знаат да функционираат само како протекторат. Странците да ги гледаат и да ги слушаат. И да ги чуваат како размазени деца оти многу биле битни за стабилноста на регионот.

    6 За изборот на македонска песна за Евровизија одбрани се неколку пејачи. Јас уште сега најотворени навивам за дуетот Есма Реџепова -Адријан Гаџа. Есма е е ромска кралица, плус меѓународна ѕвезда, а Гаџа е Албанец. Тоа е добитна комбинација за Македонија на фестивал во Европа.
    На Евровизија се гласа телефонски. Не смее да се гласа за својата земја. Македонците во дијаспората штедат за телефон. А за Есма и Гаџа ќе вртат Ромите и Албанците што живеат низ Европа.
    Додуша има и Македонците што би гласале за Македонија. Ама на Евровизија нема опција за гласање – против.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира