ЈАВНА ДОЈАВА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:183:"Колкуидаеискренанамератанапремиеротданигоразубавиживотот,сепаксосилаубавинанебидува

    1. Министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека издавањето на задолжницата, наместо од Нова година, се одлага до април в година. Тоа Владата го одлучила затоа што бизнис заедницата побарала повеќе време за да се доуреди начинот на нејзино издавање.
    Ете, не болело. Никој не се пофали дека победил, никој не се пожали дека изгубил. Значи Владата можела и да послуша и не морала баш секогаш да истера по свое кога за нешто вреди да се размисли уште неколку месеци. И гледам никому не му падна круна од главата.
    Зошто тогаш упорно се брза и за државниот испит и за хонорарците? Зошто и за нив да не се послушаат и бизнис заедницата, и студентите, и синдикатите, за да се даде уште малку време да се доуреди начинот како тоа ќе функционира? Колку до вчера, Владата објавуваше дека од плаќањето придонеси ќе бидат ослободени политичарите, државните функционери, спортистите… Од вчера велат дека ќе бидат ослободени само пензионерите. Кој ќе плаќа сега? Како ќе се пријавуваат придонесите? Кој ќе ги пријавува? Работодавачот или хонорарецот? Кој ќе оди по шалтери? Каде ќе се пријавува? Кога ќе се пријавува? Месечно, годишно…? Ќе треба ли “мој термин” за пријавување? На колку шалтери ќе се пријавува? Како ќе се докажува дека си пријавил? Ќе може ли сето тоа да се заврши со пријавување на Интернет? Ќе имаат ли капацитет тие шалтери за да ги примат сите хонорарци или човек ќе мора да се земе неплатен работен ден за да стигне на ред да се пријави? Има ли доволно обучени кадри што ќе ги обработуваат тие податоци?
    На десет дена пред да стапи законот во сила, и пред хонорарците и пред работодавачите стојат најмалку десетина прашања на кои Владата нема дадено одговор. А најоптимистичка проценка е дека се засегнати 120.000 луѓе.
    Зошто брзаат? Имаат време уште најмалку три години да ги спроведат реформите. Пред Нова година, пред Божик или пред Велигден, исто им е. Ослободи ги луѓето пред празници да се радуваат, наместо да излегуваат на улици. Тие што не мора да му го вратат К-15 на газдата, нека си ги трошат парите со среќа. И онака Владата има мнозинство во Собранието сама да си изгласа сe што ќе посака. Кај што поминале осум години од почетокот на преродбата, нека поминат уште неколку месеци. Не е пораз ако донесувањето на сериозни реформи го одложиш за некое време затоа што и тука, како и кај задолжницата, има уште за “доуредување”.
    Јас не се сомневам дека Груевски има добри намери кога ги носи своите одлуки. Ама неговиот лидерски капацитет нема да биде засегнат ако некогаш послуша и друго мислење. Оти кога излегуваат луѓе на улица да се бунат, значи дека имаат нешто да му кажат. И колку и да е искрена неговата намера да ни го разубави животот, сепак со сила убавина не бидува.

    2. Впрочем, ако сакаше Владата толку да ги заштити хонорарците, основа за тоа има и во сегашните закони. Закони има, ама нема власт што е заинтересирана неселективно да ги спроведува. Па едно К-15, што власта наложи да го исплаќаат само приватни фирми, направи цели циркуси со злоупотреби и манипулации, дури и во компании блиски до власта, а сега нe убедуваат дека ќе ги натерале сите газди да ги примат хонорарците на работа.
    Владата сака да си ги наполни фондовите. Газдите не сакаат да имаат поголеми трошоци. И – кој ќе плати?
    Стварно сакам тоа да им успее. Ама не на сметка на работниците. Без разлика дали се редовно вработените или се хонорарци. Оти кога ќе дојде први во месецот – толку се парите.

    3. Претседателот Ѓорге Иванов на годишното обраќање во Собранието, на кое не присуствуваа пратениците на СДСМ и на ДУИ, рече: “На оние што денеска не се тука, сакам да им порачам дека политичкиот дијалог не е израз на слабост туку на политичка зрелост”.
    Е па добро. Малку демагогија, особено кога доаѓа од Иванов, никому не пречи. Иако тоа за дијалогот не важи само за отсутните.
    Макар што, претседателот не мора да се жали ако нема доволно слушатели за неговите мудри пораки. Нека оди кај студентите што протестираат против државниот испит. Тие сигурно би сакале да слушнат што има да им каже нивниот професор.
    Пред неколку дена, кога претседателот Иванов беше во МАНУ за некое советување за претприемачко учење до 2020 година, избега од камерите кога новинарите го прашаа да каже нешто за државниот испит. Рече дека “сега тоа не е тема”.
    Темата ќе стане актуелна кога Иванов ќе треба да го потпише законот што до сега го одбија 23 факултети, вклучувајќи го и неговиот Правен факултет во Скопје.
    Е Ѓоле, Ѓоле… Еднаш бевте професор. А сега сте само претседател.

    4. Којзнае што го учеле министерот за образование Абдилаќим Адеми на тоа комуњарскиот факултет во Тирана, кога како дипломиран инженер металург не знае во ТВ-интервју да одговори што е Менделеев систем и што е петрологија. И ај сега оди на екстерно тестирање. _ се оправда на новинарката дека пред да се полага државен испит, за кој министерот се залага пожестоко дури и од заменикот Спиро Ристески, ќе се повторува материјалот. Значи Адеми е зрел за повторување. Прв падна на државниот испит.
    Два дена пред да падне на испит, министерот Адеми избега од студентите и си држеше некаква јавна расправа. Ама, наместо на Педагошкиот факултет, како што беше најавено, пола саат пред почетокот, расправата ја премести во неговото министерство. И пак имаше спремно оправдание за бегање од часови. Имале “јавна дојава” дека студентите спремале упад на факултетот.
    Молам? Студентите ќе упаднеле на факултет!? А каде да упаднат? И како може да упаднат некаде каде што веќе студираат? На апсурдот крај му нема.

    5. Приврзаници на две крила на ДУИ пред неколку дена се степале во Струга. Се мавале со мобилки по глава.
    Ова ќе да е интелектуалното крило на ДУИ. За разлика од оние во Кондово што се пукаа со пиштоли и калашникови. Во Струга членовите на ДУИ политиката ја практикуваат на поакадемски начин. Од калашникови свртеа на мобилни, што значи од дела прејдоа на зборови.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира