ЈО, МЕН!

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:151:"Најсилнотооружјезазаштитанамакедонскиотнационаленинтересе-презервативот

    1. “Јо, мен!”, му се обрати на чист американски јазик Ворен Кристофер на нашиот Владо Поповски, соопштувајќи му ја радосната вест: “Ти испраќам триста мои, мен!”. Овој пак, за да ја задржи стилската рамнотежа во разговорот меѓу два рамноправни партнера, учтиво му одговори: “О, хепи деј!” На тој начин заврши надмудрувањето меѓу двете држави дали некој прв ќе понуди или пак прв ќе побара трупи за заштита во Македонија.
    Американците ќе дојдат многу брзо. Деновите до нивното пристигнување ги користат за дополнителна обука. Според билатералниот договор меѓу Република Македонија и Бившата индијанска територија Америка, во моментот кога ќе почнат да излегуваат од транспортните авиони, стапнувајќи со цврст чекор на македонскиот асфалт на пистата на аеродромот “Скопје”, Американците ќе мораат да ја запеат химната “Тудеј овер Мацедониа…” Во моментов во некоја од базите на БИТА (Бивша индијанска… итн.) специјалисти, инструктори од Маке­донија ги учат Американците да ја пеат нашата химна, ама на американски јазик.
    Мотото под кое тие ќе се истоварат во Македонија е: “Штитејќи ја Македо­нија, се штитиме себе си”. Тоа затоа што на Бил Клинтон му се причинило дека во Македонија може да се загрозат виталните интереси на САД. Јо! Арно ама, како што ни е Македонија и онака мултикултурна, мултилингвална, мултиет­ничка, мултисексуална, мултивитаминска и мулти…, Одборот за заштита на македонскиот национален интерес, пред доаѓањето на Американците, подготвува широка кампања за задолжителна употреба на презервативи, во којашто, ако добиеме некој бескаматен кредит, можеби и ќе успееме да произве­деме прв македонски кондом. Активистите на Одборот, уште на аеродромот, на Амери­канците ќе им делат пропаганден материјал, сé со цел да се предупредат Амери­канците со своите сексуални активности да не оставаат траги од својот, додуша привремен, престој. Во него, наместо американското мото: “Штитејќи ја Македо­нија, се штитите себеси!”, ќе се најде превртената македонска верзија: “Штитејќи се себеси, ја штитите Македонија”. Така, во нашата мирољубива држава, која тоа ќе остане и покрај странските сили, најсилното оружје за заштита на македон­скиот национален интерес ќе биде – презервативот.

    2. Немојте случајно да ви текне за македонскиот национален интерес да му зборувате на бугарскиот премиер Љубен Беров. Веднаш ќе ве прогласи за непри­јатели. Како што ѝ објасни многу пластично на новинарката на Македон­ското радио, која на прес-конференцијата при неговата посета на Скопје се дрзна да му го постави прашањето, дали во разговорите со Бранко Црвенковски станало збор за положбата на македонското национално малцинство во Бугарија. Него­виот одговор беше дека поставувањето на такво прашање тој го смета за непри­јателски однос.
    Среќа што ние не го сфативме како непријателски однос барањето на некои наши бугарски колеги да не се користи преведувач, бидејќи сме се разбирале. А и однесувањето на портпаролот на бугарскиот премиер (инаку една типично балканска појава, со вратоврска на откопчана кошула и изобилство пот по дебелото лице), кој ни држеше лекции што е тоа демократија, можеше да се сфа­ти баш пријателско. Само малку ме разочара самиот Беров, кога рече дека стоковиот кредит од 20 милиони долари се одлага, додека за тоа не се произнел Министер­скиот совет.
    И покрај инсистирањето, не успеав да дознаам на кого ли во Македонија му текнало да се согласува на кредит од Бугарија. Дај боже никогаш да не го добиеме! Какво искуство имаме со Бугарите, кредитот не само што ќе ни го качат на глава, туку и ќе им го претплатиме. Не сме белким толку за никаде, па Бугарите да ни да­ваат кредит во вид на неквалитетна стока.

    3. Некојси дваесет и деветгодишен Французин станал нов рекордер во дис­циплината “плукање семки од цреши”. На годинашниот натпревар, некаде во југозападна Франција, човекот успеал да плукне семка од цреша далеку 9,75 метри.
    Ете што ти е нормална држава. Граѓаните вишокот енергија од плунковите жлезди го исфрлаат на вакви значајни манифестации. Ние пак, што сé уште ја правиме државата, плунката ја користиме рационално. За да трае подолго. Барем, додека траат маратонските седници во Собранието.

    4. Претседателот Киро Глигоров пред неколку дена беше во посета на Уни­вер­зитетот “Св. Кирил и Методиј”. На универзитетските професори им збору­ваше повеќе од два училишни часа. По завршувањето на неговото излагање беа предвидени прашања. Меѓутоа, професорите, како послушни студенти на кои сé им е јасно, не поставија ниту едно прашање, а предавањето го поздравија со аплауз.
    Какви ли ни се тие универзитетски работници, кои во време кога се зборува за американски војници, за преговори со Грција, за промена на име, на знаме, и за уште безброј интересни работи, не можеа да смислат ниту едно, ама барем едно прашање за претседателот? Зарем ниту еден професор не се заинтересира за повеќе детали околу некој проблем? Зарем ништо, ама баш ништо не им остана нејасно?
    Следниот пат нека ги пратат студентите да седнат на нивните места. Тие барем знаат да се извадат кога ќе погрешат. Со: “Не ми беше јасно, професоре”. Иако професорот повеќе ги сака тие на кои сé им е јасно.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира