КАБУЛ БРИСЕЛ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:264:"БарокнатаадминистративназграданаСкопскиотводоводод10милиониеврасовршеноќеодговаранаводоводнатамрежакојаеодвреметонабарокот.

    1 Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во корист на Македонија во процесот против грчкото вето за членство во НАТО во 2008 година покажа дека правда има. Дури и за малите. Дури и за сиромашните.
    Но изјавите на Грција и на генералниот секретар на НАТО Расмусен дека пресудата нема да влијае врз одлуката Македонија да остане надвор од НАТО, се додека не го реши спорот за името, покажува дека правда и политика не е исто.
    За да има правдата сила, треба да бидеш добар политичар. А како што во Македонија во последниве дваесет години се практикува политиката, се повеќе сум убеден дека правдата, и кога е на наша страна, нема да има сила. Груевски, веројатно, ќе извлече политичка корист дома од пресудата во Хаг. Но се плашам дека и самиот допрва ќе ги почувствува последиците на дилетантизацијата и партизацијата на дипломатијата и јавните служби кои треба да ја изработат политичката корист за земјата надвор. Сега и тој ќе види колку делењето на наши и ваши може да се покаже штетно, ако и оваа историска правна победа нема да има кој да ја претвори и во политичка победа. Надвор.
    Уште не е се загубено. Има еден куп дипломати од кариера и експерти што чмаат по министерствата и систематски се шиканирани, или од нашите или од вашите. Груевски само треба да ги извади од нафталин. Оти сите тие имаат во своите именици барем по еден важен телефон за да може да го свртат надвор и да изработат некакво фајде од пресудата.
    Оти досега, фајде од пресудата има само Грција. И изгубениот процес успеаја да го свртат во своја корист.
    И НАТО и ЕУ пак се фини со Грција. И со нас се фини. Ама само кога сме во Авганистан. За Европа не сме доволно фини. Во Кабул може. Ама во Брисел не може.

    2 Во Хаг ја победивме Грција. А во Скопје Грција нас не победи. Тие во Брисел работеа во документите на ЕУ да не се споменува македонскиот јазик. А Владата предлага мирување на катедрите за македонски јазик и за книжевност во Македонија.
    Настрана што уште од почетокот на деведесеттите години на минатиот век секоја наша власт укинуваше еден по еден лекторат по македонски јазик на странските универзитети.
    Каде се интелектуалците, пејачите, наставниците, студентите, глумците што праќаа протестни писма до Брисел за бришење на македонскиот јазик? Зошто сега истите тие не пратат протестни писма до Владата? Па и дрвја садеа во знак на одбрана на македонскиот јазик. Што не садат сега пред Владата?
    До Владата е потешко да напишеш писмо отколку до Брисел. Оти во Брисел може и некој ќе го прочита. А тука, ако го прочита, или ќе се прави ненадлежен или ќе те обвини дека си од вашите, против нашите.

    3 Премиерот Никола Груевски фрли лопата за нова административна зграда на Скопското јавно претпријатие за водовод и канализација. Зградата ќе биде во барокен стил. И ќе чини 10 милиони евра.
    За 20 години независна Македонија толку пари нема вложена државата во изградба на водоводна мрежа низ цела земја. И порано и сега низ Македонија водоводи се градат со американски, холандски, норвешки, со швајцарски донации.
    Цели градови во лето остануваат без вода. А тие ќе спукаат 10 милиони евра за зграда за државни службеници. Ама барокна ќе биде. Ќе си одговара со водоводната инфраструктура. Таа е навистина од барокното време.

    4 Тоа што Владата тајно подготвува некаков закон за медиуми, според кој весник ќе може да прави само тој кому регулаторно тело ќе му одобри регистрација, и тоа што потврди ќе се издаваат и за Интернет портали, е уште еден обид да се донесе закон со кој, под оправдание дека ќе се регулира медиумскиот бизнис, всушност, ќе се ограничи слободата на говорот.
    Јас сум апсолутно против тој закон. Еве и зошто:

    Во членот 16 од Уставот на Република Македонија пишува:

    Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
    Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
    Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
    Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
    Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
    Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
    Цензурата е забранета.

    А во член 8 од Уставот пишува:

    “Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането”.

    Што сакаат повеќе од ова? Или сакаат уште еден закон кој секоја Влада ќе си го применува селективно, само кога нејзе ќе иж притреба.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира