КАЛАШНИКОВ, КАЛАШНИКОВ…

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:70:"Одмалатраума-напреговоривоЊујорк

    1. Случајот Кондово е психички проблем. Бандитите бараат амнестија за нивните другари што се во затвор. Правеле зулуми оти биле истрауматизирани од војната. Паднале во депресија па зеле пушки и морале да крадат. Па сега повторно треба да се ослободат.
    И некои од лавовите беа фатени со оружје. И тие трпеа трауми од војната. Ама ни Бучковски, ни Никола Груевски не отидоа да преговараат со нив. Изгледа биле помалку истрауматизирани од учките. Затоа завршија во затвор.
    Заменикот министер за внатрешни работи Хазби Лика во Кондово не видел вооружени лица. Имало неколку, ама тие биле “заведени млади луѓе што носеле оружје”.
    Што прави МВР кога ќе види луѓе со оружје? Ги апси? Зависи од луѓето. Ако се Албанци ги праќа на психотерапија.
    Затоа и не треба од Кондово да се прави проблем. Што би рекол заменикот министер:”Случајот ќе се решава на повисоко ниво”.
    На кое повисоко ниво? Ако СДСМ продолжи вака успешно да се пазари со Али Ахмети, изгледа ќе се решава на највисоко ниво. Во Обединетите нации. Фали уште Кофи Анан да именува посредник во преговорите. Или, не дај боже уште едни мировни сили. Затоа трауматизираните бандити покрај амнестија и вработување барале и дипломатски пасоши. Да може да патуваат на преговори.
    Ете што ти е судбина. Од мала траума – на преговори во Њујорк.

    2. Претседателот Бранко Црвенковски ја искара владата во оставка дека не си ја врши работата кога Кондово е во прашање. Пред референдумот се било како што треба, ама ете за еден месец од субјективни и објективни причини ситуацијата се сменила и шефот на државата, иако вети, не можел да оди во скопското село.
    Тој порача дека тоа што владата е во оставка не значи дека Али Ахмети и Мендух Тачи можат да ги заменат институциите на државата што не преземаат ништо за Кондово.
    Бранко не бил институција. Бранко е претседател.

    3. Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов најавува гламурозен дочек на Новата година на Плоштадот Македонија. Сега кога главниот град е побогат и за Кондово и Сарај и кога благодарејќи на нивниот придонес кон урбаното живеење забрзано чекориме кон ЕУ, Скопје заслужило да има новогодишен дочек како секоја европска метропола.
    Пенов треба да оди во Кондово за да види како таму функционира градскиот живот. Да види да не им треба на трауматизираните бандити некоја палма на плоштадот, или да не треба да се поплочи нешто, па да ургира за некој павер елемент. Да не ризикуваме на патот кон ЕУ Кондово да оди без павер елементи. Башка да не дозволиме трауматизираните дополнително да се фатат за пушка за Пенов да им отвори некој дуќан.
    Пенов нема потреба да оди во Кондово. Кондовчани ќе дојдат во центарот на Скопје заедно да играме валцер за Нова година. Пушките ќе им ги чува градоначалничката на Центар Виолата Аларова , а Горан Бреговиќ ќе го пее хитот “Калашников, калашников…”

    4. Буш вчера му пратил писмо на Бранко и му пишал: Очекувам да работам со вас во мојот втор мандат за да го направиме светот побезбеден и подобар”.
    Лесно му е на Бранко да го прави светот побезбеден со сојузник како Америка. Ама ај нека го направи Скопје побезбедно со сојузник како Ахмети.

    5. Директорот на ЕСМ Панде Лазаров изјави дека најдобра наплата на сметките за струја имало во Кичево, а најлоша во Валандово и Струмица.
    Панде не ги спомена ни Тетово, ни Арачиново, ни Липковски, а богами ни Кондово. Што е работата. Дали ЕСМ таму веќе не оди ни да собира пари, или тоа не е веќе дел од Македонија.
    Кичево ја брани честа на Западна македонија. Ќе плаќа уште четири години.

    6. Заменикот за образование Тале Герамитчиовски оценил дека струшките средношколци – Македонци преотестираат зашто биле незадоволни од резултатите на референдумот.
    Може биле фрустрирани, ама не видовме дека зеле калашникови во раце.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира