КАНДИДАТСКИ ПЕНКАЛЦА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:56:"Штоеподоброод"Скопскопиво"?

    1. Меѓу двата изборни круга, минатата недела, почна да се гради патот Титов Велес – Прилеп, преку Бабуна. Пред првиот изборен круг свечено започнаа рабо­ти­те на пругата кон Бугарија. Некако во исто време ја пуштија и третата лен­та на преминот Деве Баир. Тука некаде се провлече и отворањето на хируршки­от Урген­тен центар на Медицинскиот факултет во Скопје. А за чудото невидено, како под Вардар се поставуваат 120 метри гасовод, за што се собраа толку сеирџии и се изнагледавме долги ТВ прилози, небаре го пробиваме тунелот под Ла Манш, а не поставуваме цевки за гасовод во близина на една скопска населба, ич муабет да не правиме.
    Не сакам да бидам злобен, ама, можеби, би можело да се направи пониш­тување на изборите во повеќе изборни единици. И тоа по неколкупати, прво првиот, па потоа вториот круг. Како решиле да ја вработуваат градежната оператива токму во екот на изборните активности, не ќе беше лошо да започнеа уште некое проектче. Еве, на пример, следната недела нека почнат да ја реконстру­ира­ат пистата на скопскиот аеродром. Ако даде господ да има повеќе приговори на регуларноста на изборите, можеби ќе има преповторувања и во наредните три-четири недели. За тоа време може да се организира едно свечено поставување темел­ник на хидроцентралата “Чебрен”. За овие избори – толку. Пругата за повр­зу­вање со Албанија ќе ја оставиме за следните избори. Редовни, или вонредни – да сме здрави и живи, ќе видиме.

    2. Повеќенаменскиот карактер на запалките што партиите ревносно ги делеа како пропаганден материјал дојде до полн израз помеѓу двата изборни круга. Меѓу другото и за палење свеќи. Велат, за судбината на Македонија. Аман немој, само што не пуштив солза. Или, за да се осветли македонската пролет. Мислам, јасна ми е симболиката, ама некако ме враќа назад. Ако сме дошле до таму да си ја осветлуваме демократската иднина со светлина од свеќи, тешко нам. Искрено, пове­ќе ќе ја разберев симболиката, ако веќе осветлувањето на македонската пролет беше направено со десетици рефлектори и силни неонски светла. Барем да се видиме меѓу себе и да знаеме каде одиме. Освен тоа, како им падна на ум иде­ја­та со свеќите на луѓето што до завчера и палењето свеќа на гробот на некој близок го сметаа за идеолошки грев?

    3. Оние што одат на сигурно, во паузата меѓу двата круга ја открија компара­тив­на­та предност на пенкалцата пред свеќите. Пенкалцето продолжува да функ­цио­нира колку и да дуваш во него. Затоа, а можеби и не сакајќи да си играат со оган, измислија пропаганден материјал со отпечатени имиња на кандида­ти­те за пратеници врз обични, пластични хемиски пенкалца. Всушност, тоа и не е лоша идеја. Ако си нарачаш пенкалце со своето име, барем си сигурен дека никој нема да ти го украде.
    Арно ама, кога се работи за пенкалцата со имињата на кандидатите за пра­теници, тоа има веќе многу подлабоко и посуштинско значење. Еве, на пример, пенкалцето може да се носи во левиот џеб од кошулата. И тогаш можеш да речеш дека “тој и тој” или”таа и таа” – кандидат за пратеник во таа и таа изборна еди­ница под реден број тој и тој ми е многу близок до срцето, или “на срце ми лежи”… Ако кандидатот не го цениш премногу, можеш со пенкалцето да си ги чепкаш ушите. Ако станува збор за некоја сексуално атрактивна личност, можеш неа, пардон пенкал­це­то, да го галиш со раката. Може и да го подаруваш, да оди од човек на човек. Пенкалцето некои го наденуваат зад уво. Па ако претераат со носење, ќе речат: “Ме заболе уво за…”

    4. Во предизборната кампања прво имавме црвени беретки, потоа една вечер се замешаа и сини шлемови, а деновиве добивме и црвени кмери. Едно гревче, веро­јат­но ништо не му беше јасно, ни каде се наоѓа ни за која партија настапува, за себе изјави дека бил претставник на црвените кмери! Да бидам искрен, останав збунет и цело време очекував кога ли ќе се појави Пол Пот лично!? Бидејќи него го немаше и никако не доаѓаше, му одбив на неинформираност.

    5. Додека новинарите упорно ги чекаа резултатите од првиот круг и се нер­вираа со Државната комисија чии членови на сите прашања најдобро би одговориле “Не знам, јас не сум од тука”, неколку километри накај запад во ис­тиот град се случуваше вистински настан, кој за разлика од изборите создаде убава атмо­сфера и донесе изненадувања.
    Како по традиција и овој пат еден од спонзорите на фестивалот беше Минис­тер­ство­то за внатрешни работи. Минатите години, при претставување на спон­зорите, обично најголем аплауз собираше скопската пиварница. Оваа година, вистински овации доживеа споменувањето на МВР.
    Ако “скопското пиво” е најдоброто од Македонија, значи ли тоа дека македон­ска­та полиција е подобра од најдобрите?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари