ЌЕ РЕФОРМА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:195:"НиколаГруевскибаралподдршкаодАнгелаМеркел.Дагоодложисветскотопрвенствовофудбалзапоизборите

    1 Министерот за здравство Владо Димов вели дека жали што се сфатило дека целта е да се избегне собраниска расправа по интеепелација за неговата работа со ставање на точката на крајот на дневниот ред на собраниската седница. Намето да жали можел да помогне да не се сфати така. Требало само да се појави на седница.
    Ама тој бил презафатен со подготовките за прослава на Денот на здравството. “Ваквите толкувања се обид за свртување на вниманието од реформите кои ги правиме и кои се од заеднички интерес”, рече Димов.
    Димов е човек – реформа. И тој води сметка за заедничкиот интерес. Затоа од сите два компјутерски томографа не работи ниту еден. Затоа за снимање на мамограф жените чекаат најмалку три месеци. Затоа во шок собите на Државна нема калиум хлорид, па за 100 денари може да им запре срцето на оперираните. Затоа паѓаат тавани врз пациенти и им се кршат ребра во амбулантните возила… Затоа не секогаш има цитостатици за децата болни од рак. Ако тоа злобниците не сакаат да го сфатат како реформа, тогаш Димов има уште за фалење. Реформа е и тоа што наместо на петти секој месец, сега лековите за со рецепт во државните аптеки доаѓаат околу десетти и турканиците од редиците не завршуваат во аптеките, туку има опашки и на улица.
    Што бил толку зафатен Димов дента кога требаше да се расправа за неговата интерпелација? Се подготвувал за денот на здравството. Требаше да се покаже на неколку места. И да раскаже што ќе направи.
    Оти секоја негова реченица почнува со “Ќе”. Ќе купиме амбулантни возила, ќе воведеме електронски рецепти, ќе применуваме стратегија за здравството, ќе лечиме по медицина базирана на докази, ќе донесеме нова позитивна листа и таа ќе има најдобри лекови. Неговата реформа започнува со “Ќе” и таму и завршува. Во идно неопределено време. Димов не е човек – реформа како што се претставува. Тој е човек – ќе реформа.

    2 Пратеничката Наташа Биковска за да се префрли на работа од Берово во Скопје и да осигура место и за мажот и му измисли алиби на министерот Димов.
    А што е пак идејата за пратенички мандат. Да ќариш што можеш повеќе додека ти се може. Не знаеш дали гласачите ќе бидат толку глупави за пак да те изберат. Освен ако не мораат да те гласаат затоа што како женско мора да си квота на избирачкта листа.

    3 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше во Германија и на Ангела Меркел и подари вино. Барал поддршка од неа. Кога веќе не може да го натера Бучко да не ги држи изборите среде лето, тогаш барем Меркел да го одложи светското првенство во фудбал.

    4 Портпаролот на СДСМ Н.К. завчера ја критикуваше С.Т од А.К. дека скандалозно се прогласила за ненадлежна за имотната состојба на мајката на Н.Г. од ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа СДСМ ќе бара разрешување на С.Т. која меѓу другото зема државна плата дури од три места.
    Кој ја постави С.Т. за директорка на Полициската академија? СДСМ, или ВМРО-ДПМНЕ. С.Т стана директорка на П.А. во времето кога министер за внатрешни работи беше Х.К. Тој не беше член на СДСМ, ама беше поставен како доверлива личност на тогашниот премиер Б.Ц. Сега В.Б, кој го наследи Б.Ц. и на премиерското место и на лидерската позиција во СДСМ не ја признава С.Т. за свој кадар. Напротив. Тој и за неа и за М.М. од истата А.К. вели дека работат како по налог на ВМРО-ДПМНЕ и Н.Г.
    Море оставете не еднаш да живееме на раат и гонете се сите во П.М.

    5 Бранко рече дека за границата со Косово ќе се разговара со Белград.
    Бучко рече дека ќе се разговара со Приштина.
    Имаме среќа што ни Бучко ни Бранко не се некој фактор што ќе разговара за границата. Таа ќе ни ја црта некој друг.

    6 Советниците на Скопје не дале согласност да се зголемат казните за забрането паркирање. Тоа ќе било преголем удар за џебот на граѓаните. Скопјани ќе можат и натаму непречено да паркираат по тротоари, по споменици, во тревници и на места резервирани за инвалиди.
    Зошто со казните да се удира врз џебот на возачите? Нека се удира директно врз пешаците.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира