ЌЕНЕФ ТОАЛЕТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:213:"Ованеегрешка.Овасестаритекстовиодколумната"Сакамдакажам".Секојасличностсоактуелнитенастаниенамерна.

    Ова не е грешка. Ова се стари текстови од колумната “Сакам да кажам”. Секоја сличност со актуелните настани е намерна.
    Зошто објавувам веќе прочитани текстови?
    1. Затоа што извесно време ќе бидам на одмор.
    2. За да ве потсетам дека 16 години во Македонија се случуваат истите настани, со истите луѓе и со истите компликации. Додека регионот оди напред, Македонија оди назад.
    Дај боже во меѓувреме да се случи нешто различно, или барем поубаво од ова што ни се случуваше до сега.
    До гледање до јули.

    30 октомври 1999
    Слушајќи ги претседателските кандидати како се фалат дека ќе нî одведат во Европската унија, се потсетив на еден неодамнешен разговор со познатиот македонски дипломат Иван Тошевски, кој се мајтапеше со мене, убедувајќи ме дека во Европската унија нема да не примат, сî додека имаме валкани јавни тоалети.
    деновиве, заедно со проповедите на проевропски ориентираните кандидати оди и рекламата на Информативниот центар на ЕУ дека “Нашата иднина е во Европа”. Кога ги гледам сите размислувања на познатите фаци кои се појавуваат на спотот, си помислувам колку би било на место режисерот да го искористи и мислењето на господинот Тошевски. Имено, тој ми рече дека нема да влеземе во Европа, сî додека во Владата не се формира министерство за ќеневи.
    Иако предлогот ми изгледаше смешен, сосема се согласив со почитуваниот амбасадор. Зошто кога зборуваме за Европа, постојано ја врзуваме со некои апстрактни поими. Небаре тие што живеат таму не се конкретни луѓе. Само што квалитетот на живеење им е со повисоки стандарди. А ние треба да ги усвоиме тие стандарди. Не за некој да ни рече: “Е сега сте добри, можете во Европа”, туку само заради себе.
    Македонија е позбната по тоа што има најквалитетни клозети во Европа. Клозетите, на божем луксузните хоели во Скопје и во Охрид се повалкани од кој било тоалет на провинциска железничка станица некаде во Европа. Клозетите на културните институции, театрите, кината, на домовите на културата се културно несредени. Погледнете ги клозетите на вашите работни места, во училиштата, на факултетите… Посебна авантура е ако имаш нужда да влезеш во клозет на аеродромите, железничките и на автобуските станици. Без заштитна маска и високи гумени чизми не вреди да се ризикува со таков експеримент.
    Затоа, на Македонија í е потребно едно министерство за ќеневи. И тоа со сите нишани. Со министер или министерка, со кабинет, со инспекција која ќе оди на терен, со казнена политика, со семинари од советодавен и образовен карактер, студиски патувања во странство…
    Асоцирањето со Европската унија е макотрпен процес кој треба да мине низ неколку фази. Во првата фаза ни е потребно едно болно прочистување. Со чиста солна киселина во ударни дози. Чистењето треба да биде толку темелно што од солната киселина ќе нî печат очите и ќе плачеме. Тежок е патот до Европа. Потоа доаѓа втората фаза на едукација и европски семинари на кои ќе се учат институциите – пуштање вода од казанчето и миење раце. Дури во третата фаза доаѓаат мирисливите сапунчиња и луксузните спрејови за освежување на воздухот. Само се плашам дека дотогаш сите околу нас ќе влезат во Европската унија.
    Ова треба да функционира заедно со други работи. исто како фрлање ѓубре од балкон, плукање на улица и секнење на носот, фрлање догорчиња од прозорец, тресење на пепелниците со ноншалантно отварање на вратата на автомобилот…
    За сето ова Европејците плаќаат казни. И пак им завидуваме дека живеат во демократски држави. Зар имаат поголема свест од нас. Не верувам. Свеста на граѓаните е правопропорционална со висината на казните. Колку повисоки казни, толку поголема свест.
    А ние се занесуваме дека ќе напишеме молба за преим во ЕУ и ќе нî примат зашто имаме голема желба. Си замислуваме дека треба само да нî примат во ЕУ, и сî одеднаш преку ноќ ќе стане по нивни стандарди. И дека утрото ќе се разбудиме во Европа сî ќе ни биде европско.
    Е, за жал, не ќе е така. Изгледа, ќе треба прво самите да направиме сî да ни биде европско, а потоа, можеби, и ќе не примат во ЕУ. Зашто, ние сме тие што одиме во валканите клозети, ние ги газиме улиците полни со ѓубре, нашите деца играат на скршени нишалки на игралишта што личат на буниште. Ние сме тие што живееме во оваа држава, а не Европејците.
    Тажна е приказната за за ќеневите. Од каде ни е идејата дека Европа ќе дојде кај нас, за да ни ги исчисти, па да не прими. Се плашам дека ќе мора самите да си ги исчистиме валканиците за да заличиме на нив. Ако веќе сакаме ќеневот да го викаме – тоалет.
    За наше добро.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира