КИМ БРАНКО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:182:"НевинителуѓеодКондовогопоздравуваатБучкоимугочеститаатизборотсозвуцитенановатахимна

    1. Завчера се изгубив во времето. Сум дремнал пред телевизор и кога отворив очи не можев да се освестам. Која година сме сега. Да не се вративме во 1980 година, кога умираше Тито и плачевме. Или, сепак сме во поново време. Во 1989 година.
    Гледам и не верувам. Овој конгрес во 2 часот по полноќ сум го гледал некаде. Тоа беше чинам 14 Конгрес на СКЈ. Милошевиќ ги избрка Словенците, Хрватите сами си заминаа, Гошев прв пат се истакна како решителен – не знаеше што да прави, а Циле ја изговори историската реченица со “непринципиелната коалиција”.
    Не било 14 Конгрес на СКЈ. Ова бил вонреден конгрес на СДСМ. Ама бил – историски. СДСМ избираше лидер што не е Бранко. Затоа државната телевизија имаше два линка од “Александар палас” и директни вклучувања во програмата. МТВ немаше линкови пред три недели за следење на референдумот, ама за конгресот на Партијата беше максимално мобилна. Може го пуштале и на сателит. Кој гледал?

    2. Најголем впечаток ми остави говорот на другарот Никола Ќурчиев кој со интонација на гласот и поза како да е Бранко се прости од Драгиот Лидер.
    “Клучното прашање на овој форум сега е како и на кој начин најдобро да му изразиме почит на нашиот досегашен лидер”, истакна генералниот секретар на Партијата и заклучи: “Да останеме достојни на единството, солидарноста, мудроста, другарството, харизмата и големината што тој ги оживотвори во нашата политичка идеја, со која најчесто и победувавме”.
    Каде ли најде толку убави зборови другарот Коле? Дали ги читал стенограмите од ЦК СКМ, избраните дела на Кардељ, или говорот на Денг Ксиаопинг кога умре Мао Це Тунг?
    Ни едното, ни другото ни третото. СДСМ е современа демократска партија со социјална ориентација во пазарно ориентирано општество па и генералниот секретар го прилагодил говорот на новото време. “На 11 мај годинава, кога му ја честитавме новата функција и официјално го испративме од партијата му порачавме – како што сме ние спокојни за државата, бараме и тој да биде спокоен за тоа што ни го остава нам – партијата”, истакна другарот Ќурчиев.
    Што е партијата? Приватна фирма на Бранко од која тој си заминал и оставил аманет да му ја водат профитабилно? Е па, нека биде спокоен. Штом Бузле бил во Штабот на Бучко, Бранко може да биде спокоен кога му е фирмата во прашање. Бизнисот ќе врви.

    3. Пред некој ден стигна вест од Северна Кореја дека таму постепено почнале да се вадат портретите на Ким Ил Сунг од ѕидовите. Кај нас допрва ќе се закачуваат портретите на Бранко. И по Ким – Бранко.

    4. Идниот премиер Владо Бучковски вчера рече дека “еден од најгорливите приоритети на новата влада ќе биде да го реши проблемот со Кондово”.
    Додека цела држава се занимаваше со конгресот на СДСМ, полицијата чекаше политичка одлука за да ги уапси наоружаните банди во селото. Зошто Бучко би се грижел за Кондово? Нели бандитите таму биле само за референдумот и сега си заминале. Зарем и тие мислеле дека македонскиот народ ќе го изгласа референдумот и подготвени чекаа на бусија?
    Власта ќе ги фати на кондиција. Ќе чекаат да видат колку можат да издржат. За нас се знае. Ние уште многу можеме да издржиме. На првата закана си седиме дома и си ја чуваме кондицијата.
    Со кого ли Бучко ќе го решава Кондово? Со Али Ахмети, кој на телевизиска емисија кажа дека споменикот за балистите кај Блаце е обележје во чест на невини луѓе? За оние балисти кои беа единствените домашни фашисти што правеа зулуми врз невините Албанци и Македонци?
    Невините луѓе од Кондово, со истрели од калашникови, со звуците на новата химна испраќаат поздрави и честитки за Бучко за лидерското место и премиерската функција. Утре ќе го слават и државното знаме. 28 ноември е ден на албанското знаме. А македонската држава плаќа и за тоа.

    5. Стевче Јакимовски ни објасни. Тоа што државата му овозможила на “Макпетрол” од скапата нафта купена без тендер со пари од народот да заработи 4 милиони евра било екстра профит. Тоа не било корупција.
    И навистина не е корупција. Бидејќи тие 4 милиони евра се наши пари, тоа е – кражба.
    Ете му задача на Стевче за идната недела. Нека објасни дали и кражбата според речникот на оваа власт е – екстра профит.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира