КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:82:"КајштозапреЉубчо,Бранкотребадапродолжи

    1. Бранко многу го критикуваше Љубчо кога овој ја промовираше идејата за поделба на Македонија. СДСМ цело време ја раскажуваше приказната за Доста и Тачи и договорот дека ВМРО-ДПМНЕ не е заинтересирана за се што се случува од Групчин натаму.
    Владата на СДСМ и ДУИ не ја дели Македонија по етнички принцип. Ја дели по етнички општини. Црквите кај нас, џамиите кај вас.
    Министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски рече дека тие воделе сметка за историските, културните и еколошките критериуми на одредени места. Особено е важен еколошкиот аспект на националните паркови. Гештаковски вели дека Арачиново исполнува одредени услови од овој аспект, додека Вевчани не исполнува голем дел од овие услови. Во Арачиново има команданти, а во Вевчани фестивали. Затоа Вевчани е ставен како алтернатива. А Арачиново од еколошки аспект се третира како национален парк. Таму живеат загрозени видови. Тие се заштитени со закон.
    Гештаковски рече дека во поделбата на општините имала влијание и политиката, оти ова е коалициона влада. За да опстане коалицијата Зајас го споија со Кичево и Велешта со Струга. А Арачиново ќе си остане општина. Така што ги изгубивме Струга и Кичево. А не ги добивме Арачиново и Липково. Тоа што Љубчо и Доста не го завршија со Џафери и Тачи, ќе го докрајчат Бранко и Ахмети. Во конечната поделба на Македонија Вевчани ќе биде колатерална штета.

    2. Војниците што се вратија од Ирак дадоа изјава: Фала богу што се вративме живи”. Биваше ли така пред Батлер да се зборува. Биваше ли така Бучкота да го изрезилат пред шефот. Тој ги испрати војниците да му донесат слобода на Ирак, да му вдахнат демократија на напатениот ирачки народ, да го спасат од Садама, кога тие оп, баш пред Американецот се пофалија: “Целта е постигната. Никој не загина!”
    Ги подбраа сите наоколу, од Американци, преку Италијанци, Шпанци и Јапонци, ама молчи, ние куртуливме. Со каков ли оптимизам Бучко ја испрати втората група македонски војници? Со каков ли елан работниците од Македонија сега ќе тргнат во изградба на Ирак?

    3. Можеби Ирачаните ќе ни простат. Можеби се сеќаваат на деновите на неврзаните, кога бевме иста банда и кога Тито им ги градеше воените бази.
    Сега во Македонија има ново неврзано движење. Ѕинго, Циле и Павле од “Третиот пат” се претставуваат како Тито, Насер и Нехру. “Третиот пат” е отворен за соработка и со други помали партии од центарот. Така што на брионската тројка од неврзаните можат да им се приклучат и Нкрумах и Сухарто. Сега се чека и Доста да го регистрира своето движење за евроатлантски интеграции во партија и да стане лидерка. На Тито, Насер и Нехру, убаво би им прилегала и Сиримаво Банданараике.
    Ѕинго, Циле и Павле ќе го водат “Третиот пат” со колективно претседателство. Циле има искуство како тоа изгледа од последното претседателство на СФРЈ. Тогаш по телефон гласаше да излезат тенковите на улиците на Белград.
    Можеме да бидеме спокојни. Тенковите ќе ги стопат, плоштад немаме, а и Циле е тука, па не мора да гласа по телефон.

    4. Владата ќе ги продава атрактивните градежни локации. Тие главно ќе се продаваат на лицитација, иако Владата го задржува правото некои од нив да ги продаде со непосредно спогодување.
    Една атрактивна локација во центарот на Скопје веќе му е продадена на турскиот бизнисмен Коч. Без лицитација. Веројатно со непосредно спогодување.
    Ако Бранко можел со Коч да се договори во четири очи, зошто тогаш Љубчо не би можел да склучи зделка со ОКТА, исто тако во четири очи.
    Баш ме интересира што мисли за оваа работа истражната судијка од “Транспарентност”, госпоѓата Слаѓана Тасева. Да не и се вртат во умот некакви провизии. Тоа со Љубчо било на штета на државата. А ова со Бранко би требало да е од корист?

    5. Илинка доби порака од Европската унија дека владата треба да работи на реформите, наместо да мисли кога ќе ја поднесе апликацијата за членство.
    Бранко ни рече дека владата има две солуции. Едната е да поднесеме апликација и да не ни ја примат. А втората е да поднесеме и таа да стои во фиока. И – што?
    Ние за инает ќе поднесеме апликација. Колку да си имаме тема за разговор.
    До февруари ќе се занимаваме со оваа приказна. А после ќе се вратиме на старата. Ние се отепавме од работа, ама ете Европа не не сака. Јас учам, ама учителката ме мрази.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира